Македонска ватерполо репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanurovski
  • Време на започнување Време на започнување
честито пласман ако тепаме една добро ќе биде...
 
Како што читам сме се пласирале за европско. Супер честито нека ни е сеа стварно да се покажеме таму во добро светло иако немам појма ватерполо репрезентацијата колку јака ни е зошто многу не следам тоа ама сепак наши се и со среќа.
 
:oeoeoe::oeoeoe:Честито дечки па на ЕП барем една да тепаме:oeoeoe::oeoeoe:
 
Ждрепката за ЕП на 21 мај во Загреб
Ждрепката за дефинирање на групите за ЕП во Загреб, кое ќе се одржи од 29 август до 11 септември, ќе се одржи на 21 мај во главниот град на Хрватска. Македонија е учесничка заедно со Шпанија, Турција, Грција, Романија, Русија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Унгарија, Италија, Германија.

Македонија за ова ЕП ќе се подготвува во Скопје или во Охрид, каде што би се организирал турнир на неколку национални селекции.
 
Познати противниците на Македонија за Европското ватерполо првенство


Македонската ватерполо репрезентација на Европското првенство во ватерполо во Б-групата ќе игра против селекциите на Србија, Унгарија, Русија, Германија и Грција. Вака одлучи синоќешната жребка одржана на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, на неполни сто дена пред почетокот на европскиот ватерполо шампионат.

vaterpolomk_16653.jpg
Натпреварите ќе се играат на базенот Младост крај Сава од 29 август до 11 септември, во главниот град на Хрватска. Во групата А, покрај домаќинот Хрватска ќе играат и селекциите на Црна Гора, Италија, Романија, Шпанија и Турција.
Пласман во полуфиналето на 29-тото Европско ватерполо првенство, директно обезбедува само првопласираната селекција од групите, додека преостанатите два полуфиналисти, ќе ги дадат дуелите во кои ќе се сретнат второ и третопласираните репрезентации.
Фаворити за првите две позиции во групата Б во која ќе игра и Македонија се Унгарија и Србија, репрезентации со кои мкедонските ватерполисти досега немале дуел на големите натпреварувања. Русија и Грција се добро познати противници, а беа и во групата од Светската лига во која играше Македонија. Германија и беше противник на Македонија на континенталниот шампионат во Шпанија пред две години. Настапот во Хрватска ќе биде второ учество за Македонија на европските првенства.
 
^Не игравме едаш против србите пред неколку години,на некое СП или ЕП ? Или трипам нешо ја ?
 
Победа на ватерполо селекцијата на Македонија против Турција

Во пријателски натпревар ватерполистите на Македонија синоќа на Олимпискиот базен Центар во Скопје ја победија Турција со 10:8 (2:1, 2:2, 4:1 и 2:4).
Ова беше првиот контролен натпревар за избраниците на селекторот на Македонија Стеван Нонковиќ во рамки на подготовките за Европското првенство што од 29 август до 11 септември ќе се одржи во Загреб.
По неизвесноста во првите два периода кои Македонија ги доби со 4:3, во третиот период нашите ватерполисти одиграа најдобро и тој дел им припадна со 4:1 што значеше водство од 8:4.
Во последниот дел од натпреварот Турција намали на 8:7, но немаше сили за пресврт, иако четвртата четвртина ја доби со 4:2.
Гостите од Турција веќе неколку дена се наоѓаат во Скопје, а покрај овој дуел беа одиграни и неколку натпревари од затворен тип.
Македонија и Турција ќе учествува на Европското првенство во Загреб, а во текот на следната недела во Скопје се очекува доаѓањето на репрезентациите на Србија и на Австралија.
Со учество на две репрезентации на Македонија и гостите ќе биде организиран турнир и можност за одигрување на нови контролни натпревари.
 
Колку заврши денеска натпреварот со Србија, гледам водевме 2-1 ..
 
Во Сабота е првиот меч на ЕП во Загреб против Русија! Пренос на Сител......
 
Очекувам реално од 3-5 место. Првите три места се резервирани за Црна Гора, Хрватска и Србија.
 
Во Сабота е првиот меч на ЕП во Загреб против Русија! Пренос на Сител......
И официјално мак.ватерполо репрезентација ќе стартува со натпреварите на ЕП во Загреб во Недела.Првиот натпревар го играме со Русија во 11.30 мин а пренос на овој како и на останите натпревари на МТВ 1.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom