Ти појма немаш. Ако Исус Христос е Син Божји, тогаш Исус Христос е Бог еднаков и ист со Бог Отец. Тогаш Бог Отец и единородниот Син се едно, не се двојца, туку едно, и заедно со Светиот Дух ја претставуват Пресвета Троица.
Дали ова го веруват Јеховите сведоци?
И ако веруваат во ова, тогаш и целата наука на Исус Христос ќе ја исполнуваат, и ќе бидат сведоци на Исус Христос.
Филип му рече: Покажи ни го Отецот. Исус му одговори: Зарем се уште не си ме познал Филипе. Кој ме видем мене го видел и Отецот. Јас и Отецот сме едно.
Јеховите сведоци не се христијани и не го проповедат распнатиот и воскреснатиот Христос и неговбата наука. Тоа што го цитираш е убаво спакувана лага.
За твоја информација, јас со Јеховите сведоци имам работа повеќе од 15 години, и многу добро знам како работат, што прават во нивнага „дворана“ и кои им се методите и целите. Најгрозното е што некои луѓе се убедени во правилноста на нивната наука која е тотално убиствена по душата на човекот, и за сметка на своето членство, одредени јехови сведоци располагат со неверовбатно богатство.
--- надополнето: Nov 9, 2011 3:46 PM ---
Глупост до глупост. Зарем конзумирањето алкохол, или пушењето цигари те оддалечува или приближува до Бога.
Колку ли само празноверие.