Kajgana Song Contest #335 - Најдобрата македонска андерграунд ПОП песна

Жанрот треба да биде поп музика. Песни чијашто првична цел на тие што ги отпеале не била да се обратат само на одредена публика како што има панк, метал, транс и све даље. Изведувачи што не поминале кај пошироката публика или поминале во некој многу краток период и како светнале така и изгаснале. Така да на пример Конкоринг Лајон не спаѓа тука или Последен Удар, или што ти знам Спирит Архитект или Беседа. Тоа е македонска андергаунд сцена ама не е ПОП (како жанр).
Значи добро ако сфатив дека јас и уште некој кој беше не знам , со вонаби раперлињава не смеееме да улествуваме затоа што жанрот е ограничен на една група.

Смее вакво нешто од сивата зона ?
 
Дистинкцијата е проста, ама вие сте млади да ја напраите .
Прашањето што го дели андерграундот од комерцијалата е : Дали авторот бил емитуван на ТВ Макспот и Скај Нет и дали од таму делото прешло на музичките емисии на Сител/А1/МТВ.
Доколку останал на првите два канали и притоа е ексклузивец на Роберт Саздов кој во тие години забревтано вадеше по еден ваков хит неделно, тоа значи дека е андреграунд.
Пола од тие негови дела не се ни аплоудирани на јутуб. Тоа беа бурлески што редовно почнуваа со шепотење на името на изведувачот.
 
@Sussaro aj da ne se pram pameten ama se mislam deka ovaa gi ispolnuva site uslovi i ako e toa slucaj, odam so ovaa, taa e mojot konecen izbor.
 
Во средно се дружев и со некои хардкор металци и панкери и они викаа дека Металика е поп-рок срање :D

Инди поп пример не ми е контрадикторно, не гледам проблем. Самостојна поп музика, независна од издавачка куќа. На страна тоа, иако ти ја разбирам поентата, на какви песни мислиш и дека нема како да ги класифицираш, мене тоа андерграунд ми бодеше очи, морав да искоментирам. Неможе андерграунд поп, се коси едно со друго. Андерграунд музичарите (било да се рапери, металци или друго) не сакаат да бидат поп. Ова веројатно може да се каже пропаднат поп или така нешто.

Еве си прашав.

1753197638835.png

1753197703469.png

Значи добро ако сфатив дека јас и уште некој кој беше не знам , со вонаби раперлињава не смеееме да улествуваме затоа што жанрот е ограничен на една група.

Смее вакво нешто од сивата зона ?

Ок се развива дебата на темава, ми се допаѓа тоа. Отвораш 2 прашања тука: дали може Нови Дечки и дали може раповите.

Да почнеме со Нови Дечки.

Нови Дечки се многу добар пример за сива зона затоа што во принцип се one hit wonder. Ако не ја направеа Забава До Бесвест ситуацијата ќе беше кристално јасна и без проблем ќе можеа да учествуваат тука со сите нивни песни. Ама пошто ја направија и пошто таа песна и ден денешен се слуша, се пушта па и се ремикса по радија, кафичи и слично тоа ги заматува малце сметките. Е сега мене како ми иде логиката во случајов. Затоа што се работи за ваква аномалија, а ти избираш песна која не е Забава До Бесвест, во случајов може да се учествува со било која песна од Нови Дечки освен со Забава До Бесвест.

Е сега тука логички на горново може да се потегне прашањето: Дали може да учествуваме со песна од Тоше која нема по милион прегледи него му е од тие најбезвезните. Одговорот е не, затоа што сепак е Тоше. Популарноста на изведувачот претежнува премногу дури и ако некоја негова песна слабо поминала во јавноста. Ако си просек 3.5 учителката може да ти стави на крај 3ка или 4ка ама ако си 3.2 не може да бараш 4.

Сега за рапот.

Во Јас ја Имам Силата на Ѓоко Таневски, Били Ѕвер "рапува" во еден дел. Може таа песна да ја наречеме рап? Нормално дека не. Дали таа песна можеше да се постира во темава ако го немаше тој делот што вика андерграунд? Апсолуто. Ај сега да одиме чекор плус. Да ги земеме Слаткар и Тони Зен. Во нивните песни они не "рапуваат" само во еден дел туку во цела песна. Ќе ги ставиш во рап или во поп? Што мислиш ако на некој што цел живот слуша рап му кажеш дека Тони Зен и Слаткар се рапери што ќе ти каже? Ќе ти се исмее во фаца. Дали Тони Зен и Слаткар ќе можеа да учествуваат во темата ако не беше за андерграунд? Да. Не се поп колку Ѓоко Таневски ама повеќе се поп отколку рап. Како на оние журкине на времето White Sensation каде што доминантно мораше да бидеш облечен во бело. Е сега ако на маицата на 5 сантима имаше некое зелено лого или некој натпис немаше да те вратат, ама беше битно белата видно да доминира. Ај да одиме уште еден чекор подаље каде што ситуацијата станува стварно тешка за анализа и зоната е мегасива.

Што правиме ако некој ја стави Бонус Трака од Легијата? Од една страна песната немаше каде не ја пуштаа вклучувајќи ги и најшминкерајските круогви, од друга не е фер Легијата да ги ставиш на исто ниво со Слаткар. Дали Бонус Трака ќе можеше да учествува во темава, ако темава беше само за поп без Андергаунд. Тука ако прашаш закоравени слушачи на рап може да имаат повеќе поделени мислења за разлика од мислењата за Тони Зен кои мање-више ќе беа едногласни.

Ако одам по таа логика што би рекол раперослушач на овој Еј Сидни, повеќе мислам дека би се исмеал во фаца, така што тука претежнува попот, за "андерграунд" секако е андерграунд така што може да одиш со оваа, можеш и со Нови Дечки, одбери ти.
 
Зошто го знаеш Синди*? Не Сидни.
 
Зошто го знаеш Синди*? Не Сидни.

Прв пат го слушам. Од досегашните ставени не го знаев него, Лесен Удар, Како Мај и Кики Димитриевски што за мене е многу морам да повторам материја. Другиве ги знам. @мкд владе иако за мајтап тоа беше хитиште кое сите го знаеја и го споделуваа тогаш преку инфраред и цедиња, усбињата не беа со голем капацитет а блутутот не постоеше. Со Угро може.
 
Cekaj sega, sakas da mi kazis deka Riste od Pripor bil popopularen od Ugro, togas i sega ?
Ovoj od doma ne go znaeja deka pesna snimi, ispea ili sto i da bese toa za razlika od Ugro togas.
Jas bi odel so Riste ako ne e problem.
 
Владе и покрај то шо Ристе од Припор беше хит и е попознат од Угро, и покрај то шо од 3 работи не се согласваме за 7 и како врв на се и покрај то шо си исламољуб шо е број 1 смртен грев во моја книга нек ти биди Ристе од Припор.
 
@Sussaro

Угро има неколку хита. Тој мене ми е на граница на сива зона и хитови. Бтв и типот е рап, хип -хоп а нема ништо поп.

Ја иначе идам со Нови Дечки и пепелашка. Синди дека е рап мислам дека не е прикладен за неатпреваров затоа што бараш строго поп.
Бтв ја Синди го знам од Скај Нет телевизија каде што ги вртеа многу од овие изведувачи по редоследот што го објасни @курајбер.
 
Како не му текне на некое менаџерче да организира едно забавиште во некоја од саливе со овие песни да се собереме сите сладокусци и да се остаиме.

Иначе, порано кога ќе се запиевме по куќи пред град, неизбежна беше и оваа, да, можеби не ја дели епохата, ама тие се енергијата и вајбот, да не кажам

Били Ѕвер > Денис Екс

Почна со "Одам во градот хејтерот викаааа, кажи ми бајјјј" а заврши со "со мене носам кондом, би те направил лом" кога со патики се шеташе по охридските плажи. :D
Какви мп3 времиња....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom