Јас лично можам да кажам како 17-годишен средношколец дека неинтересот од младината е вистина. Според моето искуство, сите што излагаат на кафе не знаат што да прават муабет, ќе се гледаат очи в очи и евентуално ќе ги извадат телефоните. Иако прават муабет, најчесто е оговарање за некој друг. Ќе оговараат: оној бил во Италија, друг бил во Грција, оној девојка фатил, итн. итн. Едноставно, не знаат што да прават муабет освен за други. И тоа најчесто е поврзано со љубомора, па исто така смислуваат тактики да ваѓаат муабети и да ја нарушат репутацијата на некого. Кај младинава многу е ретко да се најде некој со емпатија и памет, никој не мисли со нивниот мозок од 2 грама. Јас имам „пријатели“, ама некој да имам што често излегувам, воопшто немам. Едноставно, не можам да се вклопам со сељачизмот што постои во мојава генерација. Сум имал и проблеми кај мојот клас поради комплекси од други.