Апатијата на младата генерација

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Значи немодерните феминисти се океј, модерните не чинат? Така разбрав.
Според мене 1ви бран се ок, единствена замерка е што не се внесени во драфтот за војска.

Од 2ри бран навака, све ретардација. Движењето што почна за еднаквост, сега сака supremacy на женското.
 
Според мене 1ви бран се ок, единствена замерка е што не се внесени во драфтот за војска.

Од 2ри бран навака, све ретардација. Движењето што почна за еднаквост, сега сака supremacy на женското.
Со воениов рок сте пресмешни ама ок.

И онака со дронови е веќе војувањето.
 
Најдоброто нешто со што придонесоа зумериве за подобро утре е фактот дека тангата и хеланките не се наменети само за курви, лесни женски и странкињи според општото мислење на бумерите и голем дел на миленијалците туку тоа можат да го носат сите.
Особено за афирмацијата на танга купачите на плажа и на базен како многу кежуал парче облека. Господ да ги благослови.
Со самата афирмација на ваквата облека многу полесно го победуваат срамот од кој/а што ќе речеле.
 
Со воениов рок сте пресмешни ама ок.

И онака со дронови е веќе војувањето.
Со оглед на случките во Украина, ова воопшто не им е смешно на мажите.

Ок, значи може да се стави задолжителна регрутација во војска како мажите, еднаквост нели. Или ако не сакаат задолжителна регрутација онда може да им се одземе право на глас.
 
Кој е бенефитот децата да умрат буквално, без ниеден родител во воено сценарио, само зошто некои мажи не можат да направат разлика меѓу правна еднаквост и физичка еднаквост?
Смешни сте зошто зборувате од инат.
 
Кој е бенефитот децата да умрат буквално, без ниеден родител во воено сценарио, само зошто некои мажи не можат да направат разлика меѓу правна еднаквост и физичка еднаквост?
За физичка еднаквост обрасците се кај Дедо Боже.

За правна еднаквост, последен пат кога проверив, закон за одбрана е тој што дефинира што ќе се случи кога има војна. Значи правна еднаквост е муабетот тука. Ако се во брак, може само еден да се земи во војска. Ако кандидатите не се во брак, исклучок за вдовици, исто како со мажите задолжително на фронт.

Може така? Пробувам да те разберам, пошто ти ја бараш еднаквоста.
 
Ke umre i forumov so vakvi sobna temperatura moderatori. Neume da razbere shala i brishe samo. Kaj gi be naogate.
 
Со оглед на случките во Украина, ова воопшто не им е смешно на мажите.

Ок, значи може да се стави задолжителна регрутација во војска како мажите, еднаквост нели. Или ако не сакаат задолжителна регрутација онда може да им се одземе право на глас.
Можеш да објасниш на кој начин служењето војска ќе ја подобри личноста како подобар човек?

Југославија сс растури баш од тие генерации кои служеа војска и од 24 месеца 23 месеца трпеа изживување од старешини и метеа со метли писти. Гаѓањето со муниција му беше скапо на комуњарите и затоа макс еден месец, само ради реда.
 
Дисциплина, одговорност, физичка и ментална стабилност, фунционирање во тим, животна насока итн. Кажи ако те интересира нешто подетално.

Југославија се растури поради многу причини и недоволен политички капитал. Војската многу мал фактор од тоа.
 
За физичка еднаквост обрасците се кај Дедо Боже.

За правна еднаквост, последен пат кога проверив, закон за одбрана е тој што дефинира што ќе се случи кога има војна. Значи правна еднаквост е муабетот тука. Ако се во брак, може само еден да се земи во војска. Ако кандидатите не се во брак, исклучок за вдовици, исто како со мажите задолжително на фронт.

Може така? Пробувам да те разберам, пошто ти ја бараш еднаквоста.
Па обратете се вие, вие сте градени за борба. Затоа генералите ве бараат вас.

Во хипотетичко сценарио, ти и другарка ти сте пратени во војна, тебе ти ја разнесуваат ногата. Како планираш твојата другарка да те спаси и да те извлече брзо и ефикасно?

Ама и покрај физичката слабост, ќе има доста жени волонтери, зошто жените сега имаат слобода за тоа. Порано ги гореле на клада како Јованка Орлеанка.
 
Па обратете се вие, вие сте градени за борба. Затоа генералите ве бараат вас.
Тој што прашува треба да оди, јас не прашував за еднаквост. Кај Свети Петре на биро се, пушти поплака.
Во хипотетичко сценарио, ти и другарка ти сте пратени во војна, тебе ти ја разнесуваат ногата. Како планираш твојата другарка да те спаси и да те извлече брзо и ефикасно?
Во хипотетичкото сценарио, +2 жртви на модерниот феминизам.
Ама и покрај физичката слабост, ќе има доста жени волонтери, зошто жените сега имаат слобода за тоа. Порано ги гореле на клада како Јованка Орлеанка.
Немој море, ќе се поткршат. Гледам колку волонтерки има Украина, а колку на шеиците му се пучат за иљадарче.

Беше запознаена дека од луѓето што ги обвиниле тие вештици за горење на клада се 70-80% жени? Сами ќе се изедите, гарант од тие 20-30% мажи што обвинувале, зад обвинението гарант е друга жена што успеала да го наговори.

Sisterhood, give me a break.
 
Држете се до темата ве молам.

Пример за да нема апатија толку. Би рекла да има повеќе настани. Може да има тематика без телефони. Или забави со тематика.

Мене не ми е нормално да седам на телефон на искачање. Освен кога сум имала дечко Ниту пак се дружам со луѓе кои го прават тоа, логично.
Но, исто имам забележано дека луѓе кои немаат за што да разговараат, не го прават тоа. Книги читање е мисловна именка, вокабулар, граматика. Се гледаат серии, и од седење на телефон се тапи мозокот. Поготово сега со АИ? Порано сме сечеле од книги, списанија, сме правеле проекти на хамер. Се собиравме кај некој дома и лепи со УФО. Сега чатџпт сѐ им прави. И јас го користам ама повеќе како асистент.

Друго, општеството.
Сите се многу себични, трули, секој можем ден црна хроника, и има вина кај постарите генерации. Ама не во кој/а што носел/а, феминизам, туку помиреноста со сѐ. Баш генерации што растеле во друго време, систем, сѐ било едно, единство. И доага период на децентрализација. Краде кој стигне. Доага 2001, итн… оваа состојба на помиреност, на ќути има и полошо/и, не допринесува за општеството баш и за младите. Ако сакате да се бориме, треба да ни дадете поддршка. Системот на партиски книшки ќе го заборавите, ќе ги учите децата на семејство, почит, основни човекови вредности, на труд, работа, чесност. Да не им бркате врски, да не дигате телефон, да не трчате секој пат кога ќе се изгорат, да не се во стаклено ѕвоно. Не може младите да се борат додека другите крадат, лажат, се местат, контролираат луѓе, повредуваат.
Не може да очекувате од младите промена, со 2% доверба во Судови. Два посто!!!

Јас лично, овде се имам расправано со особи што не верувале дека не сум партички определена. Јас имам 24 години, за мене бар, тоа не ми е јасно, и за што да се борам? За некој што би се карал со мене затоа што од партија му дале позиција да лапа муви дур ја црнчам?

Короната исто многу влијаеше, и на мене дури. Ама баш во короната научив дека не е битно искачање, кафичи, пролаз, туку ти и твоите да сте океј, да имаш со кого да кажеш како ти поминал денот. Мене тоа ме натера да посакам други работи. Ама со тоа научив и да се ставам себеси на прво место кога стварно ми треба. Бидејќи секогаш гледам за другите,
Јас сум пак многу емпатична, дури можеби и хиперсензитивна според мојата матичма. Што е исто проблем со оваа апатија. Јас многу можам да се сочувствувам со некој, да го сослушам, да пробам да го разберам. Многупати сум била и повредувана од апатични луѓе. Не само млади ( пример 16-18 години хајаја). Има апатија насекаде.
Мене тоа пример ме тера да се иселам. Во странство ќе сум сама, во милионски град, ама бар ќе знам дека стварно немам никој.
Овде сме веќе толку малку народ, а сѐ поотуѓени.

Како ќе биде понатака, не знам, ама вака работава не мириса на добро. Затоа многу и се селат.
Мене ми рекоа нешто многу паметно за мое добро: ако нешто не ти одговара, повлечи се.

:)
 
Дисциплина, одговорност, физичка и ментална стабилност, фунционирање во тим, животна насока итн. Кажи ако те интересира нешто подетално.

Југославија се растури поради многу причини и недоволен политички капитал. Војската многу мал фактор од тоа.
Доколку беше вградено во луѓето сето ова што го наброја. Немаше ни да почне војната воопшто.

Ментална стабилност не се гради во војска. Тоа или го има војничето или го нема. На фронтот секогаш од два војника, едниот ќе пука ко рамбо, додека другиот ќе се крие во дупката.

И мешаш дисциплина со страв од последици. Дисциплината е нешто доброволно а не нешто присилено!

Не ти се јасни рабоќиве бе момче.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom