Што би го прашале Бог?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
А ако можеш да бираш сам да дознаеш у бесконечно многу обиди и у неограничено време и да ти се дадат на тацна работите што би одбрал?

Ако има бесконечно многу обиди и неограничено време, зошто мислиш би имал повеќе поттик да некои прашања ги приоритизира избраниот за темава кога претходно со ограничено време веќе не можеше да ти даде одговор што би го прашал Бог? Како парадоксот на прашување човек под маска кој е ти е поставено прашањето - контраинтуитивно. Точно дека избраниот од старт не ти даде добар одговор а тоа повикува други постови со слични една-реченица полу-шега одговори како следна утакмица. Бесконечно многу прашања за што имаш да го прашаш Бог не е одговор и тој тоа добро го знае.

Да не буцкам ама јас би го држел повеќе одговорен да сум на твое место кога веќе влеговте во дискусија. Не е од вчера да не знае дека кога се отвара тема и се прашува нешто се дава прво личен одговор. Ако може јас уште да имам трауми веќе 15 години од кога еден лик отвори тема и одговори: “Што би направиле ако ја видете вашата мајка гола? Јас искрено би ја ебел.”, тогаш може и тој да напише што би го прашал Бог без да се курчи како насловот бил самосодржаен. Еве му едно инстант, каде беше Бог тогаш?

:mad:
Светот во кој што живееме, има еден владател, Сатана, Ѓаволот.
Овој само би го прашал дали болеше кога падна од рајот само за да скршам мраз, па кога веќе на темата, би допрашал дали му фали мраз таму доле за вискито и затоа ли е опседнат па е стално меѓу нас горе? Или измеѓу, сеедно. За топло виски и мене ми се раѓаат побуди за мачење луѓе реално, и јас би се опил од моќ.
svoevolno si resila da si veruvas vo toa sto pisi vo knigata isto kako sto bi veruvala sto pisi vo druga nekoja religiozna kniga da bese pripadnik na druga religija.
Куранот, библијата, спајдермен стрип едицијата #16 не служат како архива на историски факти. Не биди дете. Тие постојат како морални кодекси за однесување, писанија од кои нешто ти треба да научиш за да бидеш подобар човек и да придонесуваш кон подобар свет. И не само тоа, разликата е во тоа ако дојдам и ти ја пукнам муцката како што и заслужуваш - фер би било со истото да ми вратиш и ти, но бидејќи во ситуацијата си пичка и не би можел, тогаш ја имаш заштитата од општеството, право на реституција, групата да ми ја пукне мене муцката во твое име. Сигурно си чул за око за око, заб за заб? Тие правила постојат и во стариот завет на пример. Хамураби ги ставил на дванаесет камени табли. Покриваат репарација, отштета во својата прва форма. Овие правила се спроведувале како “волја” на боговите, без разлика дали истите богови постоеле во материјалниот свет или не. Подоцна Јустинијан I кој бил голем промотер на христијанството и основоположник на денешното европско цивилно право кодифицирал многу од тие религиски обичаи и норми од римскоте права од кои се дел и баш дванаесетте камени табли од погоре, ги кодифицирал во закони, закони кои ден денес се столб и дел од нашиот правен систем поради кој не можам да дојдам и ти ја распукам муцката и да се вратам на форум да си свиркам како ништо да не се случило без репарација. :свиркам: Кога живееш во едно општество ти живееш под неговите правила, тие законо се само уште една формална книга по која ти е дозволено или не некои работи и е своевиден континуитет на книгите кои ги негираш а дефакто ја имаат молдирано денешната цивилизација. За некои доволна е библијата, а за тебе и слични мора кривичен законик бидејќи некои кучиња разбираат тон а некои мора со пандуфла преку уста. Затоа не лај толку против книгите како биле само ефтина фикција. Не сакам ни да го допрам делот за тоа што ја имаш слободата да бидеш атеистот кој сите бевме на 15 и да се фалиш со слободна волја само оти не те прснале географски во друга за сега да можеш гласно да се заебаваш со вербата на некои тука, кога не е ни битно колку е силна за да се сметаат закоравени или не бидејќи ако си бил под јурисдикција на куранот рецимо сега и ти ќе го топлеше во кози сакал-неќел оти гледам се сфаќаш како многу “прагматичен” што во превод е кршење кичма или по затворско линго кучка. Не е до закоравеноста на луѓето туку е до книгата како што ти изџвака дарлин и како ја толкува и користи тој што владее со правото. Низ антрополошка призма, точно, едната книга е толкувана поагресивно буквално и се сечат глави бидејќи генот и развитокот на еден народ поради различни фактори така налага за жал, но нашата книга вика може да се покаеш и да го прифатиш Бог за вечно спасение, и е супер кул што постои секогаш како северна ѕвезда да не води бидејќи не сите демони се облечени во динамит, некои се внатрешни. Моите искачаат штом прочитам пост од тебе затоа не ми реплицирај на ова и не ме ставај во искушение да грешам душа и да те прошутирам по каде сонцето не сјае. Не е ова око за око заб за заб од некоја фиктивна книга сепак нели? Сврти го другиот образот за промена ако го имаш бидејќи со постовите звучиш како без образ. Без образ ен.
Самосодржаен е насловот..
Hi, будалче! Фалиш како добар вовед на тема.

Okay, get god on the phone. Tell him wont be long. Имам неколку прашања, и ниту едно не е зошто има рак во светот… Јас имам играно would you rather сценарија па немам проблем да замислам дека Бог постои за да прашам без да го потам дали постои, чија религија е боље, како создал светлина на првиот ден а сонцето на четврт итн итн итн. Јас во вакви ментални гимнастики сакам да одам интерспективно бидејќи @Tyler Durden вика self improvement is masturbation, now self destruction… па би го прашал како на mid year 1:1 evaluation со corpo менаџер:

1. Дали е задоволен како се развивам?
2. Каде има простор да се подобрам?
3. Дали сум на патека да сум промовиран во рајот?
Но всушност:
Дали сум добар син?
Дали сум добар сопруг?
Брат, другар?
Дали сум доволно емпатичен?
Дали имам доволно разбирање за другите?
Дали искушенијата до сега ме направиле посилен?
Дали сум себичен, љубоморен?
Горделив?
Дали доволно простувам?
Дали гаам многу лоши мисли?
Дали срцето ми е доволно отворено?
Дали ќе ми простиш за сѐ погоре бидејќи ги знам веќе одговорите но сепак често потфрлам?

И да не ми простиш е ок. Викаат не можеш да го спасиш светот додека го градеш својот.

I choose me, I’m sorry.
I choose me, I’m sorry.
I choose me, I’m sorry.
I choose me, I’m sorry.
I choose me, I’m sorry.
I choose me, I’m sorry.
I choose me, I’m sorry.
I choose me, I’m sorry.

И не ме барај, ја ќе те барам.
 
Библијата е напишана на загонетен јазик да не може секој да ја разбере… само тие со урамнотежен став за себеси ќе почнат да ги загребуваат почетните слоеви и дури тогаш ќе добијат компас со точна мапа.
 
Кој бог?
Има ги у изобилие.

Вистинскиот,вашиот?

Епа дедо боже, зшто да не пуштамо машине за празници,зшто да постимо и да се крстимо у јсп кд ке пројдемо куде Соборну?

Ама тоа се т.н. викенд верници кои на верата мислат два пати годишно може чак и три до четири. Таквите лица ја еродираат смислата на бидувањето Христијанин а тоа е следејќи го примерот Исусов а не носење златни ланци со распетие, срамно и огревовено поведение.

А тоа кој е вистински Бог останува прашање на верата, никој не може со сигурност да каже дека тој и тој Бог е едини вистински, но може да верува дека тоа е така. Освен тоа, верата во творец е можна и без припадност на религија. Пример феноменот на Fine tuned Universe упатува на можност за постоење на креатор, со карактеристики кои ние со нашиот ограничен начин на перцепција не можеме да ги појмиме.
Многумина верници грешат потценувајќи или вреѓајќи особи кои веруваат во друг Бог, тоа не е добро, во денешно време има простор за дебата и прифаќање на различностите.
 
7533 год е словенска рачуница. Не е праволсавна а најмалце општо христијанска.
Земи гуглај Перунови Веди и види што пишува за оваа година, што тогаш се десило и зошто е баш таа год избрана.
Најдругарски ти викам исто како поповите само со спротивно значење: не слушај што зборат, гледај што прават и не верувај во све слепо.

„Рачуницата„ е исклучиво православно-христијанска и ничија друга.

Протестантите се убедени дека Светов е стар 6000г., а муслиманите го бројат/мерат времето од пребегот од Мухамед од Мека во Медина.

Кај други народи секако дека постои друго мерење на времето...
 
Последно уредено:
Da se rodev tamu, morase da mi izgleda verno zosto zivotot ti zavisi od toa, zosto knigata vika ubij gi site sto ne veruvaat.
Kakva kniga, takvi lugje.

Не е тоа така едноставно. Според Стариот завет оправдани се убивања на неверници, не смееме туку така да категоризираме огромни популации, не се тие криви што се родиле каде што се родиле. А во реалноста за жал, бројките упатуваат на една непријатна вистина.
 
Spored noviot zavet ne se.
No se ako se boris da opstanes.
Ne se krivi, mozebi ne znaat podobro.
 
Ако има бесконечно многу обиди и неограничено време, зошто мислиш би имал повеќе поттик да некои прашања ги приоритизира избраниот за темава кога претходно со ограничено време веќе не можеше да ти даде одговор што би го прашал Бог? Како парадоксот на прашување човек под маска кој е ти е поставено прашањето - контраинтуитивно. Точно дека избраниот од старт не ти даде добар одговор а тоа повикува други постови со слични една-реченица полу-шега одговори како следна утакмица. Бесконечно многу прашања за што имаш да го прашаш Бог не е одговор и тој тоа добро го знае.

Да не буцкам ама јас би го држел повеќе одговорен да сум на твое место кога веќе влеговте во дискусија. Не е од вчера да не знае дека кога се отвара тема и се прашува нешто се дава прво личен одговор. Ако може јас уште да имам трауми веќе 15 години од кога еден лик отвори тема и одговори: “Што би направиле ако ја видете вашата мајка гола? Јас искрено би ја ебел.”, тогаш може и тој да напише што би го прашал Бог без да се курчи како насловот бил самосодржаен. Еве му едно инстант, каде беше Бог тогаш?
Поентата ми беше да го однесам може разговорот у друга насока....самиот живот што го живееме е на некој начин доаѓање до одговорите, барем мене ми бил таков животот, сум бил радознал, се сум сакал да знам. Ако некој ти ги даде на тацна одговорите тогаш нема поента самиот живот.
Автоматски споено мислење:

Иако умот ја има логиката како најдобра алатка истата не дава одговор на суштинските прашања. Пример, зошто Бог не може да биде совршен....совршенството ќе значи дека нема напредок,нема одење нагоре и на некој начин тоа е спротивно од животот.
 
Логиката човечка може да биде корисна само кога се разгледуваат феномените во створениов/материјалниов Свет.

За нестворените и надлогичните нешта, како што е Бог, логиката нема што да бара...

Но и тоа не е проблем, затоа што елинските мудреци, Аристотел на пример, го насетува Божјото постоење и без користење на философската логика.

Бог Е надлогичен и надприроден и за Него не важат правилата од овој свет. Он ги створи правилата (законите на природата) и Он не им подлежи на правилата.

Бог само по себе веќе е совршен и неограничен и не се стреми кон повисоки степени на совршество...не Му требаат.

Човекот е створен, ограничен и несовршен и е повикан од Бог да стане (се стреми) совршен, во мерката/границата која ја допушта човековата ограниченост.
 
„Рачуницата„ е исклучиво православно-христијанска и ничија друга.

Протестантите се убедени дека Светов е стар 6000г., а муслиманите го бројат/мерат времето од пребегот од Мухамед од Мека во Медина.

Кај други народи секако дека постои друго мерење на времето...
Не е . Од кај словените е преземена во отродоксот. И тоа само словенски. Иди прашај ги грузијцине, грцине , коптине, еременцне дали сметаат 7533 год.
 
Не е . Од кај словените е преземена во отродоксот. И тоа само словенски. Иди прашај ги грузијцине, грцине , коптине, еременцне дали сметаат 7533 год.

Грците го напуштија јулијанскиот календар уште 1923-тата и очекуваш нив да ги прашувам?

Коптите, ерменците и ним сличните се монофизити и очекуваш нив да ги прашувам?

А што велат Грузините, која е оваа година од создавањето на Светот и зашто Грузините би имале поинаков начин за сметање на времето, кога тие се држат во православното учење и верување?
 
Логиката човечка може да биде корисна само кога се разгледуваат феномените во створениов/материјалниов Свет.

За нестворените и надлогичните нешта, како што е Бог, логиката нема што да бара...

Но и тоа не е проблем, затоа што елинските мудреци, Аристотел на пример, го насетува Божјото постоење и без користење на философската логика.

Бог Е надлогичен и надприроден и за Него не важат правилата од овој свет. Он ги створи правилата (законите на природата) и Он не им подлежи на правилата.

Бог само по себе веќе е совршен и неограничен и не се стреми кон повисоки степени на совршество...не Му требаат.

Човекот е створен, ограничен и несовршен и е повикан од Бог да стане (се стреми) совршен, во мерката/границата која ја допушта човековата ограниченост.
Пошто со Бог не мож да збориме а ти си му евидентно пророк значи муабетиш у негово име, ме интересира зашто уопште создавал живот, која му е поентата на се ова, дали гледа шо се дешава овде и јаде пуканки или создал алгоритам шо ќе раководи со се ова? Шо прави бог у слободно време? Дали после смртта личност без рептилен и лимбичен мозок кои се одговорни за страсти и емоции уопште осеќа нешто?
 
Не зборувам во името Божјо, туку изнесувам Божји вистини кои ни се открени преку Црквата, Писмото и Преданието.

Еве одговори на твоите прашања:
- Бог го створил животот, почнувајќи од Ангелите, преку растенијата, животните и конечно човекот, за да може да ја сподели својата добрина со сите наведени битија.
- Бог точно знае што се „дешава„ во Светов, а Светов е ваков не ради Бог, туку ради гревот кој го сторија нашите прародители Адам и Ева. Со само еден сторен грев, растурена е почетната хармонија која Бог ја постави во целата Вселена. Тоа што го гледаш по Светов не е од Бога, туку од првиот Богоборец.
- во „слободно„ време, Бог промислува за се‘ во Светов. ообено за начините на кои човекот може да Му пријде и да се спаси. Како што гледаш, Бог Е прилично „зафатен„ со работа.
- после смртта на телото, човековата душа се одвојува од мртвото тело и е целосно свесна за се‘ што се случува со неа и околу неа. И да, го памти сиот свој живот и ги доживува сите настани околу себе на ист начин како и кога била „спакувана„ во телото.
 
Aman @wot druze samo ne me tepaj, ko boga te molim.

Ако некој од нас двајцата се има вистински заканувано со тепање тоа си ти. Мојот пост само разработува пример каде законот што те штити денес од тепање е исполиранс екстензија на книгите што ги исмеваш како ефтина фикција.

Јас не верувам во насилство, мојот Бог промовира љубов и вртење другиот образ. Можеби не си глупав безразлика кое е моето мислење за тебе, но ете како добар самарјанин сакам секогаш да помогнам кога гледам некој морално потфрла.

Ќе ја пренесам твојата молба како и да е до тој што не се спомнува напразно (секоја коинциденција со Волдеморт е случајна), за секој случај.

:backa:
 
Ostaj to, so napraj so ta stranata za donacii, mi sobra nekoj denar ? Kako sum iftiza za pari , te cekam ko kec na desetka :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom