Па тоа и ќе биде некогаш ама додека се среди треба време. Законов го пуштија без никаква припрема.
Треба фирма услуга веб сајт на кој секој маркет би се регистрирал и со свој профил би имал пристап до додавање производи и цени на некаков поедноставен начин а ние народов да имаме пристап до тие цени со сите информации потребни, да може да споредуваме цени, да може да си правиш листа на купување и опција по градови да може да се гледаат цените.
Не може тоа никогаш да биде.
Подлежиш на огромна закана за напади. Ненормално голем сигурносен систем ќе ти треба за такво нешто. Кој ќе ти гарантира дека нема некој да го пробие и да ти ја ебе цела база? Доволно е само да може да ја избрише.
Замисли тој "X" веб да има пристап до сите сервери и бази на сите маркети, продажни салони, аптеки? Тоа не смее да се случи.
Таква платформа во Македонија нема никогаш да има. Можеби ќе има некоја каде со iframe ќе се превземуваат но директно некој веб да биде врзан системски со сите, нема шанси.