Онлајн ценовници на маркетите

  • Креатор на темата Креатор на темата ARCHER
  • Време на започнување Време на започнување
Па тоа и ќе биде некогаш ама додека се среди треба време. Законов го пуштија без никаква припрема.

Треба фирма услуга веб сајт на кој секој маркет би се регистрирал и со свој профил би имал пристап до додавање производи и цени на некаков поедноставен начин а ние народов да имаме пристап до тие цени со сите информации потребни, да може да споредуваме цени, да може да си правиш листа на купување и опција по градови да може да се гледаат цените.

Не може тоа никогаш да биде.

Подлежиш на огромна закана за напади. Ненормално голем сигурносен систем ќе ти треба за такво нешто. Кој ќе ти гарантира дека нема некој да го пробие и да ти ја ебе цела база? Доволно е само да може да ја избрише.

Замисли тој "X" веб да има пристап до сите сервери и бази на сите маркети, продажни салони, аптеки? Тоа не смее да се случи.

Таква платформа во Македонија нема никогаш да има. Можеби ќе има некоја каде со iframe ќе се превземуваат но директно некој веб да биде врзан системски со сите, нема шанси.
 
Ова е најголемата глупост што може една влада да воведе а притоа да изгледа дека е некаква мерка за „подобро на народот“.

1) Прво, нема унифицирање на начинот на објавување на цени. Што значи тоа?
Тоа значи дека секој си нашол свој човек или своја фирма за креирање на систем за објавување на цени. Од тука, излегуваат 3 начини, сите различни и сите комплицирани на свој начин:

1) Објавување на цени од лагер листа​
2) Објавување на системски цени (со промоции, акции, достапност итн итн итн​
3) Објавување на пдф/ексел листи - РАЧНО, секој ден за сите маркети (како Кам и Кипер, кретенизам на ниво. Ќе им рикнат вработените за кратко)​

2) Второ, бидејќи збориме за маркети, сите маркети објавуваат ваква листа но ниту една не е синхронизирана внатрешно. Што значи тоа?
Тоа значи дека ти како поединец ако сакаш да споредиш цени, треба да влезеш во сите можни маркети (фирми), па потоа да отвориш маркет по маркет и да споредиш цена. Тоа да го прави некој е научна фантастика.
Кам, Стокомак, Зур, Дим, Рептил, Кипер, Китго итн итн итн имаат по 40/50/60 маркети. За сите посебен линк/страна/копче/ценовник. Што би рекол Заев, мало сутра.

Иди па спореди ги.

3) Трето, ова е толку глупо што ќе рикне за 3 месеци. Јас сум „компјутерско дете“. Работа ми е на компјутер, по цел ден губам на него. Бидејќи ги тестирав овие сите опции што ги објавиле маркетиве, можам искрено да кажам дека полудев и изгасив се. Напорно, дебилно, просто, споро и кретенско. Ова пензионер не ти го прави. Ниту ќе се снајде, ниту ќе има живци.

Ова ви го кажувам од гледна точка каде сум директно инволвиран во самава мерка. И не гледам никаква придобивка/приденес/подобрување за обична раја. Чиста глупост од влада со цел да добие плус поени кај народ.
Како се направени техничките решенија на маркетите и законската обврска за објавување се комплетно различни работи. Крајно несоодветно е да се критикува мерката и можноста за увид во цените, заради тоа што маркетите ги извеле решенијата технички слабо. Впрочем, има време, ќе се развива, ќе станува подобро. Многу сте станале свилени... или ти - снегулки по модерно! И најнакрај - бујрум развиј добро решение, понуди, подобри...!
 
Дали во некоја држава има вакво законско решение? Немам читано мислења и истражувања на темата, чисто ме интересира дали е успешно решение некаде, или чисто кај нас им текна недоветно решение само за владата да си ги испере рацете од вината за несопирлива инфлација и неспособноста да имплементираат успешни решенија и мерки?
 
Ама каква врска има мерката со тоа како ги направиле маркетите решенијата!? Аман!
 
Не може тоа никогаш да биде.

Подлежиш на огромна закана за напади. Ненормално голем сигурносен систем ќе ти треба за такво нешто. Кој ќе ти гарантира дека нема некој да го пробие и да ти ја ебе цела база? Доволно е само да може да ја избрише.

Замисли тој "X" веб да има пристап до сите сервери и бази на сите маркети, продажни салони, аптеки? Тоа не смее да се случи.

Таква платформа во Македонија нема никогаш да има. Можеби ќе има некоја каде со iframe ќе се превземуваат но директно некој веб да биде врзан системски со сите, нема шанси.
Има веќе нешто слично
Mkt.mk

Само што пак со оваа услуга ќе мора да имаат свој веб сајт кој го нуди оваа услуга. Со ова пак луѓево ќе треба да лутаат по веб сајтови.
 
Ама каква врска има мерката со тоа како ги направиле маркетите решенијата!? Аман!
Нема врска како е имплементирана или замислена мерката. Нема никаква поента, ниту ќе реши нешто, направена е чисто да се рече дека нешто се прави, а не се прави ништо.

Кога беа во опозиција беа изричито против замрзнување на цени или маржи, сега како влада воведоа такви мерки, и тоа половични, недветни исто како и оваа. Без никаква поента или резултат за крајните цени. Моливи и пенкала намалувуаа бе во октомври и тие мерки заедно со есенските замрзнати цени имаа 0,005% намалување на трошоците.
 
Мислам дека никој не сфаќа која беше поентата на муабетот, ама нема врска.
Автоматски споено мислење:

Како се направени техничките решенија на маркетите и законската обврска за објавување се комплетно различни работи. Крајно несоодветно е да се критикува мерката и можноста за увид во цените, заради тоа што маркетите ги извеле решенијата технички слабо. Впрочем, има време, ќе се развива, ќе станува подобро. Многу сте станале свилени... или ти - снегулки по модерно! И најнакрај - бујрум развиј добро решение, понуди, подобри...!

Друже, тотално небитна ствар напиша.

Баш тоа ми е поентата, поради не истакнати јасни правила, сите објавуваат како стигнале - односно најбрзо и најефтино.

Инфобиро бара 3к еур за имплементација, нормално дека ќе си најдеш начин да направиш да не плаќаш за нешто кое е 2 клика од нивна страна, кога кај нив ти е цела база.

Работам во таа брашна и тесно сум поврзан со ова, мое мислење е дека за 3 месеци рика. Со самото тоа што мене ми е тешко и напорно да споредам 2 мочани цени и тоа само во 1 маркет (бизнис) со 2 локации, не па 10+ маркети со 500 локации.

И не сум свилен, едноставно ти кажувам каша попара е со самиот закон и самиве објави на ценовници се ужасни.

Отвори те молам Кипер, Зегин и Кам. Да сакавме такви табели, сите на економски ќе одевме.
 
Последно уредено:
Ова е најголемата глупост што може една влада да воведе а притоа да изгледа дека е некаква мерка за „подобро на народот“.

1) Прво, нема унифицирање на начинот на објавување на цени. Што значи тоа?
Тоа значи дека секој си нашол свој човек или своја фирма за креирање на систем за објавување на цени. Од тука, излегуваат 3 начини, сите различни и сите комплицирани на свој начин:

1) Објавување на цени од лагер листа​
2) Објавување на системски цени (со промоции, акции, достапност итн итн итн​
3) Објавување на пдф/ексел листи - РАЧНО, секој ден за сите маркети (како Кам и Кипер, кретенизам на ниво. Ќе им рикнат вработените за кратко)​

2) Второ, бидејќи збориме за маркети, сите маркети објавуваат ваква листа но ниту една не е синхронизирана внатрешно. Што значи тоа?
Тоа значи дека ти како поединец ако сакаш да споредиш цени, треба да влезеш во сите можни маркети (фирми), па потоа да отвориш маркет по маркет и да споредиш цена. Тоа да го прави некој е научна фантастика.
Кам, Стокомак, Зур, Дим, Рептил, Кипер, Китго итн итн итн имаат по 40/50/60 маркети. За сите посебен линк/страна/копче/ценовник. Што би рекол Заев, мало сутра.

Иди па спореди ги.

3) Трето, ова е толку глупо што ќе рикне за 3 месеци. Јас сум „компјутерско дете“. Работа ми е на компјутер, по цел ден губам на него. Бидејќи ги тестирав овие сите опции што ги објавиле маркетиве, можам искрено да кажам дека полудев и изгасив се. Напорно, дебилно, просто, споро и кретенско. Ова пензионер не ти го прави. Ниту ќе се снајде, ниту ќе има живци.

Ова ви го кажувам од гледна точка каде сум директно инволвиран во самава мерка. И не гледам никаква придобивка/приденес/подобрување за обична раја. Чиста глупост од влада со цел да добие плус поени кај народ.
Ти си партиски бот бато.

1745331686337.png

Незнам како сакате ова да го спинувате како лоша работа. Ако неможеш да се снајдеш твој проблем.
 
2) Второ, бидејќи збориме за маркети, сите маркети објавуваат ваква листа но ниту една не е синхронизирана внатрешно. Што значи тоа?
Тоа значи дека ти како поединец ако сакаш да споредиш цени, треба да влезеш во сите можни маркети (фирми), па потоа да отвориш маркет по маркет и да споредиш цена. Тоа да го прави некој е научна фантастика.
Кам, Стокомак, Зур, Дим, Рептил, Кипер, Китго итн итн итн имаат по 40/50/60 маркети. За сите посебен линк/страна/копче/ценовник. Што би рекол Заев, мало сутра.

Иди па спореди ги.
Прашање на време е кога ќе се појават агрегатори од типот на phones.mk, само наместо за мобилни телефони и таблети, да бидат за производи во маркети.

Наместо купувачите да талкаат од маркет до маркет да барајќи поефтини цени, ќе можат од дома/мобилен да направат споредба и да имаат увид каде најефтино ќе ги кошта кошничката со производи кои сакаат да ги купат.
 
Па тоа е ceni.mk, evtino.mk, апликациите Proceni, Dzabe mk само што скоро сите имаат цени највеќе извадени од акција и летоци и ретко каде може да најдеш и за сите производи редовна цена.

Ајде ќе видиме каков ќе биде сајтот cenoteka.mk кој го припремаат да го пуштат за некој 7 дена.

Не дека ова многу и ќе смени затоа што горе доле пак ќе потрошиш од прилика 1000 денари или 500 денари и да купиш 3-4 производи ама е добра да знаеш кој се цените и дури од дома да се припремиш колку ќе потрошиш во едно пазарување.
 
Последно уредено:
Ти си партиски бот бато.

Прегледај го приврзокот 449439

Незнам како сакате ова да го спинувате како лоша работа. Ако неможеш да се снајдеш твој проблем.
Еее така! Снегулки!
Автоматски споено мислење:

Нема врска како е имплементирана или замислена мерката. Нема никаква поента, ниту ќе реши нешто, направена е чисто да се рече дека нешто се прави, а не се прави ништо.

Кога беа во опозиција беа изричито против замрзнување на цени или маржи, сега како влада воведоа такви мерки, и тоа половични, недветни исто како и оваа. Без никаква поента или резултат за крајните цени. Моливи и пенкала намалувуаа бе во октомври и тие мерки заедно со есенските замрзнати цени имаа 0,005% намалување на трошоците.
Со ова сè ми е јасно што ти е поентата на коментирањето. А тоа е најмалку ценовниците на маркетите....
Автоматски споено мислење:

Мислам дека никој не сфаќа која беше поентата на муабетот, ама нема врска.
Автоматски споено мислење:

Друже, тотално небитна ствар напиша.

Баш тоа ми е поентата, поради не истакнати јасни правила, сите објавуваат како стигнале - односно најбрзо и најефтино.

Инфобиро бара 3к еур за имплементација, нормално дека ќе си најдеш начин да направиш да не плаќаш за нешто кое е 2 клика од нивна страна, кога кај нив ти е цела база.

Работам во таа брашна и тесно сум поврзан со ова, мое мислење е дека за 3 месеци рика. Со самото тоа што мене ми е тешко и напорно да споредам 2 мочани цени и тоа само во 1 маркет (бизнис) со 2 локации, не па 10+ маркети со 500 локации.

И не сум свилен, едноставно ти кажувам каша попара е со самиот закон и самиве објави на ценовници се ужасни.

Отвори те молам Кипер, Зегин и Кам. Да сакавме такви табели, сите на економски ќе одевме.
Пиши им дека им е тапа и дека треба да го подобрат. Штом си во таа бранша, понуди одлично решение кое нема да одолеат да го имплементираат. Done deal! ;)
 
Ти си партиски бот бато.

Колку си ти смотан значи. Баш си досетко.

Не сум партиски бот, туку ти не читаш што се дискутира. Ми праќаш скриншот од агрегатор кој скрејпа цени. Па нормално дека ќе излезат вакви решенија теле едно. И јас имам свој локално дома.

Ај сеа врати се и прочитај пак што имам напишано.

Иди влези на Кам на ценовникот и баратај по тоа листите. Маркет по маркет, цена по цена, локација по локација. Читај прво што се дискутира, после прави се паметен.

А ова е многу лесно да ги блокираат (ако сакаат). Со една скрипта се решава и никој нема да може да ти превземе податоци. Ќе ги блокираш реквестите што ги праќаат и ценимк/џабемк
Пиши им дека им е тапа и дека треба да го подобрат. Штом си во таа бранша, понуди одлично решение кое нема да одолеат да го имплементираат. Done deal! ;)

И ти си доста смотан. Никој не збореше до сега за трети страни кои ќе ги превземат податоците и ќе ги споделуваат на нивни веб. Цела дискусија се водеше за маркетите и аптеките. Бар јас тоа ги пишував.

Ама тоа е, само се пишува не се чита. Колку да се јаде гомна само.

kam.jpg
 
Колку си ти смотан значи. Баш си досетко.

Не сум партиски бот, туку ти не читаш што се дискутира. Ми праќаш скриншот од агрегатор кој скрејпа цени. Па нормално дека ќе излезат вакви решенија теле едно. И јас имам свој локално дома.

Ај сеа врати се и прочитај пак што имам напишано.

Иди влези на Кам на ценовникот и баратај по тоа листите. Маркет по маркет, цена по цена, локација по локација. Читај прво што се дискутира, после прави се паметен.

А ова е многу лесно да ги блокираат (ако сакаат). Со една скрипта се решава и никој нема да може да ти превземе податоци. Ќе ги блокираш реквестите што ги праќаат и ценимк/џабемк

И ти си доста смотан. Никој не збореше до сега за трети страни кои ќе ги превземат податоците и ќе ги споделуваат на нивни веб. Цела дискусија се водеше за маркетите и аптеките. Бар јас тоа ги пишував.

Ама тоа е, само се пишува не се чита. Колку да се јаде гомна само.

Прегледај го приврзокот 449445

Дај испрограмирај ти нешто ако не ти чини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom