Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Дојди ајде.
Абе не е за дојди работава, ама немој да бидеш глуп во вакви ситуации. Зашо, еве ај објасни зашо Мицко и Тошковски оставки да даваат? Аман 50+ деца ни умреа пред неколку саати ти оставки спомнуваш... Одговорност мора да има, ама полека малце, не може тоа у првите неколку саати од трагедијата да се утврди. Ќе има процес, инспекторите што дале дозвола за работа, сопствениците, градоначалник, директор итн, све тоа ќе се испита. Само не замарај за вакви работи денес коа пола луѓе не знаат кај тераат ради трагедијава. Се надевам нема на форумов луѓе што биле во дискотеката или што имаат роднини што биле таму.

У курац, станувам глеам у еден групен чат 99+ пораки, викам кој кур у 8 сабајле у недела, отварам и што да видам. Тоа е данокот на мизерното наше општество, каде све се гура под тепих и проаѓа на жими мајка. Пред недела дена у фирма доаѓа човекот што ги одржува ПП апаратите т.е. фирмата, пола колеги се смеат, не ни знаат како се употребува ПП апарат, а не сфаќаат дека тоа се прописи кои МОРА да бидат запазени за ете не дај Боже ваков случај. Истото важи и за евакуационите излези и ред други работи.

Греота упм, 51 до сега, а се шпекулира за поголеми бројки, убедливо најголемата трагедија во историјата на Македонија.
 
Овој е сопственик на објектот претпоставувам кочанчани го познаваат:
 

Attachments

  • Screenshot 2025-03-16 100059.png
    Screenshot 2025-03-16 100059.png
    897,2 KB · Прегледи: 326
Излезе нов список доколку има некој кој бара некого.

484192604_28815756998070792_127536375742270590_n.jpg
 
БРАТ МИ ИМА ИЗГОРЕНИЦИ НА ЛИЦЕТО И НА РАКАТА И Е НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА, ВЕЛИ СЕСТРАТА НА ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО ОД „ДНК“ ПО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
 
Овој е сопственик на објектот претпоставувам кочанчани го познаваат:
Не е, не правете претпоставки без веза. Ќе оцрнете некој ни крив ни должен. Вакви слики/вести се шират многу брзо.


Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
 
Не е, не правете претпоставки без веза. Ќе оцрнете некој ни крив ни должен. Вакви слики/вести се шират многу брзо.


Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
тој стои на имотен лист како сопственик на објектот, незнам што тука не ти е јасно. дали он ја држи дискотеката или зема пари од кирија за дискотеката нема разлика, во секој случај крвави пари !!!
 
Во развиена и правна држава секако дека ДНК/Менаџерот исто така треба да бидат опфатени и гонети кривично.

Ако оделе законски требало да го известат сопственикот на клубот дека нема да свират во дискотека полна со малолетници каде плус и се служи сигурно алкохол, нема да свират во дискотека која не исполнува стандарди и има 3 пати повеќе луѓе од тоа што може да прими во нормални услови.

Имам гледано неколку настапи на ДНК на социјалните мрежи и често забележувам дека пиротехниката им е составен дел од настапот. Поправете ме ако грешам. Тука се поставува прашањето дали провериле претходно дали има услови за пиротехника во самата дискотека.
 
Страшна трагедија, Господ сила да им даде на семејствата на настраданите, брзо опоравување на повредените.

Уште колку пати и уште колку деца ќе ни настрадаат додека се свестиме зошто ова ни се случува ?

Корупцијата, бесзаконието ни се удира од глава, нема да биде последно, ќе има 3 дена државна жалост, и се по старо, до следната трагедија.

Дали после Дурмо Турс, автобусите навистина поминуваат технички преглед ?

Дали после монтажна болница во Тетово, навистина објектите имаат технички преглед и прием ?

Дали после Беса Транс, автобусите имаат чекани за стакло ?

Дали после "дискотеката" во Кочани, дискотеките ќе имаат план за евакуација и дали ќе се проверат со какви материјали се обложени ?

Лани бев на една свадба, кровот беше украсен со лесно запалив материјал, а имаше иста пиротехника како во Кочани, прво нешто што гледав беше од кај може да се излезе во случај на пожар.

Треба сами да се заштитиме, не очекувајте дека некој друг ќе мисли за вас, врие мито, корупција и незаконитост.

Не помага пријава во Инспекција, верувајте, веќе јаделе ручек од газдата, нашите животи за еден инспектор вредат колку еден ручек.

Мора промена.
 
Панчо бил во тешко стање, тешки изгореници по вратот и лицето и постојано интубирање.
 
Зашо, еве ај објасни зашо Мицко и Тошковски оставки да даваат?

Оти под ингеренции на МВР е да видат проверат колку луѓе има во објектот а колку е дозволено, дали има малолетници во него и сл. И мене ми е криво што Тошковски се најде во ваква немила ситуација (а е еден од најдобрите министри во оваа влада).
 
Sega slushnav na germansko radio beshe udarna vest. Duri ne mi se veruvase sto slusham.
Kazhaja najmalce 50 pocinati i nad 100 povredeni.

Kakva katastrofa toklu deca bog da gi prosti.
 
Мислите ли бе дека некој ќе ви ги чита реферативе за политичарите? Во ова време? Дајте корисно инфо ако имате за некое дете или нешто слично, доста замаравте и се правевте експерти!!!!
 
Дај банирајте ги овие сите што што мешаат политика на темава ако имате малце совест , да не не труат овде со муабети
@Zlatikevichius
 
тој стои на имотен лист како сопственик на објектот, незнам што тука не ти е јасно. дали он ја држи дискотеката или зема пари од кирија за дискотеката нема разлика, во секој случај крвави пари !!!
Ногу ми е јасно на мене, затоа ти кажувам. Моите најблиски комшии починаа, не твоите. Не мешајте баби и жаби, ако можете споделувајте слики да се најдат децата шо ги тражат.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom