Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
тој стои на имотен лист како сопственик на објектот, незнам што тука не ти е јасно. дали он ја држи дискотеката или зема пари од кирија за дискотеката нема разлика, во секој случај крвави пари !!!

Шо ви е бе вам луѓе?
Ако зимал пари од кирија немало разлика.
Ова е како да земеме да го апсиме тој што му ја продал колата на оној што ја уби Фросина на Партизанска. Нели, крвави пари.
У реду е, сите сме потресени од случкава ама намалете со глупостиве.
 
Оти под ингеренции на МВР е да видат проверат колку луѓе има во објектот а колку е дозволено, дали има малолетници во него и сл. И мене ми е криво што Тошковски се најде во ваква немила ситуација (а е еден од најдобрите министри во оваа влада).
А што ако дозволата за дискотеката е дадена во време на СДСМ? Зошто па Тошковски да одговара? Ај нема врска забегуваме од темата која не е ни најмалце позитивна, да не долеваме масло на огнот, ќе испадне бранам политичари а тоа е нешто што најмалце сакам да го правам.
 
Ногу ми е јасно на мене, затоа ти кажувам. Моите најблиски комшии починаа, не твоите. Не мешајте баби и жаби, ако можете споделувајте слики да се најдат децата шо ги тражат.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk
Твои најблиски комшии но наши сограѓани, да ни беше сеедно сега ќе пиевме кафе некаде, наместо да пишувавме на форумов. Кај народот постои акумулиран гнев, ова не е прв пат а најверојатно ни последен пат но мора да се свестиме сите дека може да бидеме следните на листа.
Денеска не починаа деца, почина иднината на државата, затоа боли и мора да се престане да се гледа од денес за утре ... зашто без младината оваа држава нема иднина.
 
Како што разбрав моментално нема потреба болницата во Скопје од крв.

Информации од трансфузиологија
 
Нема поголемо ѓубре од нас бе, и овие новинариве се грабнаа за оставките одма, ебате неписмените. Место да земат да споделуваат информации, списоци кој каде е хоспитализиран, по кој се трага… јака муда ако даде Панче оставка сабајлево, све ќе биде океј и ќе тераме со животиве.
 
А како што се гледа од видеата, плафонот е некаков сунѓер/платно и тие прскалките со искри се преблиску поставени, сѐ што исфрлаат во плафонот завршува. Толку не му текнало на тој лудакот газда/одговорен дека таков материјал во тие услови може лесно да пламне…
 
Последно уредено:
Леле какви мртви новинари имаме еј, дали е реално само еден новинар да праша дали се потребни крвни единици? Пошто многу е битно сега да се знае кој ги дал дозволите, хк пу на цело новинарство.
Не е време за мешање политика ама и овој Тошковски "ве молам оставете да си ја завршиме работата", работата се врши пред да се деси ваков настан, а не потоа со тешки последици. Од тоа највеќе си патиме.
Дно, мизерија.
 
Па тоа го правиш бре умрен, браниш политичари.

каква врска имаат политичарите со ова? Ете пиша и сам дека пиротехниката е на днк. Ако некој е крив, тогаш ваљда е тој што проценил дека тоа може да прска на таа сцена.
 
А што ако дозволата за дискотеката е дадена во време на СДСМ? Зошто па Тошковски да одговара? Ај нема врска забегуваме од темата која не е ни најмалце позитивна, да не долеваме масло на огнот, ќе испадне бранам политичари а тоа е нешто што најмалце сакам да го правам.

Тој што дал дозвола секако има најголема одговорност, ама ако еднаш некој дал не значи дека нема институции што и потоа треба да ја контролираат работата на објектот што добил дозвола за работа. Затоа постои директна, индиректна и морална одговорност ама на крај работата кај нас се завршува со заташкување и никаква одговорност - не ни дојде памет со болницата во Тетово и автобусите на Дурмо.

За болниците во Тетово од човек што работел на нив како инжињер знам со сигурност дека знаеле дека се со фуш материјали направени и еве до ден денес на циганот од Брако ни влакно не му фали оти ги спонзорира и двете партии пред секој избори
 
Abe koj pichku mater im dozvolile pirotehnika vo zatvorena prostorija be?
Pred se krivi se DNK pa i organizatorot.

Kolku treba da si lud da palish ognometi vo zatvoren prostor.
 
сочуство до семејствата на починатите.Стандардите за диско клуб под итно да се изменат.Има диско клубови кои не исполнуваат ниту минимални услови за работа ама работат и мора под итно да се санкционира и унапредат безбедносните мерки за сите нови а и постоечки објекти.За жал има и кафе барови,ресторани кои работат во станбени објекти(зграда)каде законот не дозволува да работат но митото и корупцијата си го прави своето.
 
Нема поголемо ѓубре од нас бе, и овие новинариве се грабнаа за оставките одма, ебате неписмените. Место да земат да споделуваат информации, списоци кој каде е хоспитализиран, по кој се трага… јака муда ако даде Панче оставка сабајлево, све ќе биде океј и ќе тераме со животиве.
Аууууфффф еј, една прееска го прашува Панче што мислел дали од општината Кочани ќе чувствуваат одговорност........ Леле мајкоооо све ова би колел, да ти се насерам во неписмењаците.
 
Списоци од хоспитализирани во Штип има ли? Само од Скопје видов досега.
 
А како што се гледа од видеата, плафонот е некаков сунѓер/платно и тие прскалките со искри се преблиску поставени, се што исфрлаат во плафонот завршува. Толку не му текнало на тој лудакот газда/одговорен дека таков материјал во тие услови може лесно да пламне…

Како што се гледа од видеата пожарот гори некои 30тина секунди а овие уште пеат како ништо да не се случува

Веројатно најголемиот број на жртви се настанати кога цела дискотека ја фатило паника и наеднаш сите се упатиле кон вратите кои како што се гледа не се по никакви стандарди за огромен објект па повеќето погинале во стампедо а тие што преживеале и се онесвестиле се задушиле од пожарот
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom