Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Можда не е време со оглед на околностите ама има муабет дека и Панчо како дел од организацијата на ДНК бил во листата
на обвинети. Има вистина во ова?
И да е точна за жал сигурно може да биде поголема оти изгорени дишни патишта и органи од топлиот воздух се тешка дијагноза.Ja ne veruvam deka ima 59 pocinati, brojkata e sigurno mnogu pogolema.
Го гледам Мицковски, Тошковски или како им се викаат останатите...сега почнуваат проверки, ригорозни казни, надгледи-прегледи, нема да има милост, нема да се гледа кој на колку висока позиција е....наеднаш добиваш дојам бреее државава како функционира.
И ме потсети на моја прва работа во Македонија, во завод за здравствена заштита, кога не викна на купче поставениот и ни урла,толку гласно чак луѓе од улица што поминуваа се вртеа и гледаа кон зградата. Ни вика ќе видите од утре, нема да се трпи оваа неорганизација и недисциплина...а Рамче до мене ми шепка, абе ќе видиш, од утре бетер ќе биде.
Истово ќе биде и сега со ситуацијава, за две недели се ќе се заборави и пак по старо и дабетер.
90% од клубовите се вакви. Пола и повеќе се дупки подруми со скали.И да е точна за жал сигурно може да биде поголема оти изгорени дишни патишта и органи од топлиот воздух се тешка дијагноза.
Уште не ми е верно како е можно да објектот има функција на дискотека, како сопствениците со здрав памет мислеле дека тоа што го имаат е сугурно за посетителите и околината. Како е можно на онолкав простор да има два ПП апарати кои не се ни за таа намена а за без вода и за затворени излези да не правиме ни збор.
Еве, тоа е тоа што го зборам за лажните информации. Гледај каква ситуација, оваа не знае главата кај и е и дали мажот е жив, тие го бараат да го апсат. Во меѓувреме низ медиуми се вртеше инфото дека Андреј е на домашно лекување, ликчиња како Рон и Војаџер ги обвинија ДНК за настанот и така натака, у превод МИЗЕРИЈА. Не дај Боже некој да е во нејзина кожа периодов...