- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.472
- Поени од реакции
- 5.916
Страшна трагедија, Господ сила да им даде на семејствата на настраданите, брзо опоравување на повредените.
Уште колку пати и уште колку деца ќе ни настрадаат додека се свестиме зошто ова ни се случува ?
Корупцијата, бесзаконието ни се удира од глава, нема да биде последно, ќе има 3 дена државна жалост, и се по старо, до следната трагедија.
Дали после Дурмо Турс, автобусите навистина поминуваат технички преглед ?
Дали после монтажна болница во Тетово, навистина објектите имаат технички преглед и прием ?
Дали после Беса Транс, автобусите имаат чекани за стакло ?
Дали после "дискотеката" во Кочани, дискотеките ќе имаат план за евакуација и дали ќе се проверат со какви материјали се обложени ?
Лани бев на една свадба, кровот беше украсен со лесно запалив материјал, а имаше иста пиротехника како во Кочани, прво нешто што гледав беше од кај може да се излезе во случај на пожар.
Треба сами да се заштитиме, не очекувајте дека некој друг ќе мисли за вас, врие мито, корупција и незаконитост.
Не помага пријава во Инспекција, верувајте, веќе јаделе ручек од газдата, нашите животи за еден инспектор вредат колку еден ручек.
Мора промена.