Поделба на имот стекнат со 100% самостојни средства - по развод?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mechence
  • Време на започнување Време на започнување
Бреј како се поклопува случкава.
Пари дадени од родителите на младожењата се користат за купување стан. Станот се пишува на име на младожењата.
Пука бракот, и жената бара поделба на станот. Судот не го интересира дека тој стан е "поклон" од родителите на мажот, туку дека е стекнат во време на брак. И станот се "подели" на двајцата. Знам дека го продадоа, и поделија парите.

Така да, консултирај се со адвокат. Прашај дали ќе влијае доказот дека си имал физичка оштета, и добиените пари си ги пренасочил во стан.

Нажалост, не функционира тоа така. Младожењата не ја кажува целосно приказната. Секој стан се купува со префрлање пари од сметка на купувач, на сметка на продавач. Значи има потекло на пари и мора да ги имаш на сметка. Од каде прв пат се појавиле тие пари. Ако родителите му ги дале парите, морало да биде од нивна сметка на сметка на синот, што лесно се докажува и потоа се користи да се докаже дека е подарок. Ако му дале кеш, ке имал проблем при внесување на кешот во банка, зошто ке му бараат потекло на парите моментално.

Пишував тука на форум дека имав огромен проблем, мои лично стекнати пари, кои 2012-та ги извадив од банка, и ги чував до 2020-та во сеф, да ги вратам назад во банка на сметка, како би уплатил стан. Морав да носам договори за работа, уплати од плати, стар извештај од сметка.

Тато ми даде пари за стан МОЖЕБИ ке профункционира до некоја сума под 10,000Е, но не и со сегашниве цени на станови и со еден куп документација која се потпишува кога внесуваш готовина во банка. Полесниот начин е родителите да го имаат купено станот, и потоа да го препишат на синот, небитно дали е во брак или не, ваков поклон не се дели. Ова со префрлање пари е само додатна компликација.
 
@vidooq се работи за стан купен пред 15/20год, кога се даваа пари на рака, кога се правеа трампања, дубари итн.
Ако мислиш дека те лажам, ќе те седнам со мажот. Му се распадна 20годишен брак, се подели станот, итн.
Јебига, кога други јајца ќе ти се вмешаат во фамилија, ексик и стан и се.
 
@vidooq се работи за стан купен пред 15/20год, кога се даваа пари на рака, кога се правеа трампања, дубари итн.
Ако мислиш дека те лажам, ќе те седнам со мажот. Му се распадна 20годишен брак, се подели станот, итн.
Јебига, кога други јајца ќе ти се вмешаат во фамилија, ексик и стан и се.

Мислев дека е свежа ситуација, не пишуваше за кој временски период се работи. Греота за семејството и децата, со развод никој не добива.
 
Се додека не се донесе закон за предбрачен договор спонзорушите ќе прават што сакаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom