
141. Stardust - Willie Nelson (1978)
Албумче што многу убаво ми легна. Целиот албум е всушност албум на кавери на познати песни, многу од кои ги знаев и јас. Но во изведба на Вили Нелсон звучат многу пријатно и поинаку. Гласот на типов е прекрасен! Ми се допадна неговата длабочина, чистина и особено неговата боја. Он е кантри пејач, но во албумов не се осеќа многу тоа кантри влијание. Повеќе би рекол дека е поп албум од седумдесетите. Додека го слушав, замислував колку убаво би било да го слушаш сам, на плажа, со коктелче во рацете додека го гледаш залезот на сонцето на хоризонтот (и се надевам ќе имам таква прилика наредната недела). Омилени песни (читај - преработки): Georgia on My Mind, Blue Skies, и особено Unchained Melody. Убаво!
4/5