Орбитрек?

  • Креатор на темата Креатор на темата DINA2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 септември 2007
Мислења
1
Поени од реакции
0
Помош!
Сакам да купам орбитрек од топ шоп, но не сум сигурна за квалитетот на производите од топ шоп. Дали некој има искуство со оваа справа?
Ако знаете ве молам предложете ми орбитрек од некоја друга фирма и каде може да се најде.
Исто и во орка продаваат слична справа од кинеска фирма body sculpture. Дали некој ја пробал таа справа?
Помош!
 
Братучед ми, најдобрата другарка и мојата фризерка имаат орбитрек, кај братучед ми редовно возам и супер е... Не им се заебал до сеа, а и кај што идев на фитнес имаше орбитрек и тој типот не се жалеше од него, дури он го препорача на братучед ми, така да...добар е!:smir:
 
Да бе,мене Чак Норис ми го препорача...уште малце ќе го заменам...па пазите се...се зафркавам малце...сум вежбал...и добро е...повеќе е за женски...за добри г'зиња...:helou:
 
Баш е добро, имам вежбано на него и со редовна употреба се постигнуваат резултати, а и не е толку тешко.
 
Баш би сакала да имам орбитрек ...:pipi:
 
орбитрекот е најдобра од тие справи што се продаваат за домашен фитнес. иначе има сега некој нов сајт, го рекламираа на телевизија, нешто беше како бидифит.ком, имаат некоја справа како орбитрек доста ефтино ја продаваат.
 
Jaс лично имам гледано како другарка на брачедами за 3 месеци се стопи. Многу јака работа, само ова ке ви го речам. Во лидл- грција орбитрекот е некои 100 евра. И само да дојде стипендијата одма ке земам :)
 
Јас земав еклиптикал бајк од бидифит, за 9000-дарки. Многу јака справа нема шо. Иста е како оргиналниот орбитрек ама е поевтина.И да, бидифит е уствари топшоп. А инаку се измачив додека ја монтирав. 70 дела со се штрафови :uvo:
Повеќе, наредната недела , сега немам време да се качам .
 
Еј супер е.

Додуша малце знај да здосади ако вежбаш сконцентрирано, ама ако гледаш телевизија или слушаш музика или нешто, интересен е.
А и викаат дека била најефективна справа од тие за кардиоваскуларните вежби.
 
Имам орбитрек и да, делува. Пред некоја година го земавме за татко ми. Решен беше човекот да ослаби и успеа, и тоа мноогу. Од време на време си вежбав и да, забавно е и делува. Само, постигнав што сакав и одамна се немам "качено" на него. Зафрлен е на страна.
За мене лично ми беа поџабе фрлени пари пошто истото можев да си го постигнам и со стомачни, трчање, фитнес...ама за некој(особено постарите) може е ова поубаво:toe:
 
Па да ако на гладен стомак вежбаш одсабајле може да ослабеш,од еден саат се губи некаде 600 до 800килокалории.Тоа ти се два оброка.И јас вежбам во теретана добра аеробична вежба е се потиш ко луд.
 
и што бидна си купи? Супер е, не ме разочарал до сега со некој квар а го имам пола година и се вежба стално на него , привремено служи за јакни и капи:pos2:
 
Од кај сакаш купи, справа си е справа, сеедно дали се вика Orbitrek, или не знам како. На Топ Шоп обично не се квалитетни производите, ама справа си е справа. А ако мислиш дека е подобра од другите - се лажеш. На Топ Шоп претеруваат со фалењето, како на сите реклами, нормално. Купи си од каде сакаш, каде ќе најдеш најповолна.
 
Орбитрек справата е една од најдобрите справи за кардио вежби и со редовна употреба се постигнуваат супер резултати. Многу е подобра во однос на лента, точак или степер, бидејќи движењата се одвиваат физиолошки и не ги оптеретува зглобовите, не само тоа туку се вежба и горниот дел на телото што не е присутно кај другите кардио справи.
 
а да прашам нешто,има ли разлика од орбитрек или орбитрак? :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom