- Член од
- 22 јули 2007
- Мислења
- 438
- Поени од реакции
- 1
И со тоа им се дава права на малцинставата??? како што е потпишано во меѓународните конвенции (бугарија е потписник) јасно и гласно НЕ тоа е кршење на меѓународни правни норми кои се санкционираат од страна на Судот за човекови права во Стразбур.
Има една нејаснотија зошто Судот во Софија дава сосема трети причини за нерегистрирањето на ОМО Илинден? односно зошто не го наведува членот од уставот кој забранува да се формираат партии со етинчки предзнак. Можеби за тоа што ОМО ИЛИНДЕН не е еднонационална партија... Можеби ги исполнува сите услови ама едноставно несмее да се регистрира од причини што македонското малцинство би имало сопствена партија....искрено тој дел од уставот вас ве враќа во времето на нашите "глупи" предци еднонационалистички денеска е време на ГЛОБАЛИЗАЦИЈА светот нема време да се замара кои на кои народ припаѓа од причина што светот го почитува она правило СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ЈА ИЗРАЗИ СВОЈАТА НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ ама вие не вие уште сте тие кои живеат во погрешно време и мислат дека така далеку ќе стигнат. Нема брат далеку да стигните имате казни од Стразбур парламентот на европа донесе заклучок со критики кон бугарија и истиот го доставо до европската комисија ќе ви следат и од нив казни мошне скоро.
ВМРО-БНД e партија формирана за да ги амортизира промакедонските појави во бугарското општество и е формирана со изразито етнички признак - бугарскиот. Партија со програма во која се потенцира дека се грижи за бугарскиот идентите во Бугарија и надвор од неа. За таа партија не е направена проверка на потписите, не е повикан ни еден нејзин член во полиција за да се направи интервју со истиот, не е забрането ни едно јавно собирање. Поради својaтa пробугарска ориентација, истите се влезни во системот и ги користат парите на буџетските корисници за промовирање на свои проекти, свои програми.
Дел од привилегијата што таа партија ги добива од Бугарија е и безправното узурпирање на имотите на македонските организации од минатото и незаконското стопанисуње со истите.
Сите тие привилегии ги имаат само затоа што се декларираат како Бугари од Македонија а не како Македонци од Бугарија.