Тоа што го пишав пред некоја недела бидна, Клиперс со овој тим нема што да бара во лигата следна сезона.Одбраната им е 0/10
А што се сменило во Клиперс за да завршат 9-10 место?
Па тимот лани заврши 5-ти, на победа од трето место и имашр најдобра серија во лигата во крајните 20 утакмици.
Од ланска сезона, единствен првотимец кој заминува е Норман Пауел. Си замина и ветеранот Милс, Еубанкс, како и Бен Симонс. Ниту еден од овие немаше некоја значајна улога.
Дојдоа Брук Лопез од Милвоки, Џон Колинс од Јута, Бредли Бил кој е практично помлад од Пауел и на ветерански договор се враќа Крис Пол за да ја заврши кариерата во Клиперс. Враќањето на Пол е одлично за Клиперси на повеќе полиња, особено на поле маркетинг и сентименталност од времето на ЛОБ СИТИ.
Тимот е геријатрија со Пол, Каваи, Харден, Батум и Брук Лопез, ама уште може да се држат. Лани Харден имаше топ сезона и Каваи не беше лош по повредата.
Тука е Зубац кој беше втор на листа по скокови во сезоната.
Клубот ги задржа и Дерик Џонс, Дан, Богдановиќ и Кофи.
Земаа солиден пик со оглед на катастрофалната ситуација во која се наоѓаат во поглед на пиковите, а во летнава лига дефанзивно се истакна и Трентин Флауерс кој ако го задржат и добие минутажа мислам дека ќе биде топ играч.
Клиперс нема први пикови до 2031. Немаат ни голем дел од вторите пикови. Си ебаа мамата со трејдот на Џорџ. Нема поента да танкаат, а помлади играчи не може да привлечат.
Ако ништо друго, со ваков тим со сигурност треба да фатат плејоф.