12 причини да бидеш верник...

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ако може некој да тврди дека сме настанале од мајмуни, од праисториска супа каде веројатноста на созадавање на наједноставните протеини математички се мери со бројки кои достигаат размер од 1: 1 со 158 нули.. Ако некој може да тврдат дека се светлоносци на борбата на човештото против црквата,светлите атеисти тогаш треба да се погледне и другата страна..дали навистина Бог е кртеатор на овој свет и дали трба да веруваш во тоа....еве 12 докази не дека ги нема повеќе ама..вака изгледа поинтересно....
1. Според законите на веројатноста, можноста еден човек да исполнува повеќе од 300 месијански пророштва е астрономска (буквално, трилион на трилион)
2. Исусовото постоење, времето во кое живеел, Неговите чуда, многуте следбеници кои умирале заради Неговото Име, сето ова е документирано од неколку рани историчари како Корнелие, Такит, Јозеф, Сутонис, Пилни Помладиот, Вавилонскиот Талмуд и други.
3. Ниту еден археолошки пронајдок не е контрадикторен на автентичноста на историските податоци во Новиот Завет
4. ... светската историја потврдува дека Исус живеел на земјата и дека бил прославуван како Бог.
5. . “Дали овие луѓе кои помогнале да се трансформира моралната структура на општеството, се лажливци или растроени лудаци? Потешко е да се верува во овие алтернативи отколку вофактот за воскресението, а не постојат ни трошка докази за тоа.” П.Е. Литл
6. “Христијаните кои ги познавате, слават човек до денес--- истакнатата личност која ги воведе во новите ритуали, и беше распната за сметка на тоа...” Лусијан, грчки сатиричар од вториот век
7. “Светските религии не содржат нешто што е добро и вистинито, а не може да се најде во Христијанството...Исламот има деведесет и девет имиња за Бог, но ниту едно од нив не е Татко. Хиндуизмот може да нуди немоќ за простување и кршење на цврстото сфаќање на кармата. Махариш не може да дојде и да живее во неговите ученици.” - М. Грин
8. “Ги познавам луѓето; и ви велам дека Исус не е обичен човек.” - Наполеон Бонапарта
9. На неколку гробници кои датираат од 40-50 год. од нашата ера, има запишано молитиви до Исус како Бог.
10. Раната црква никогаш не би пораснала толку, доколку била заснована на лага. Таа би исчезнала, но тоа никогаш не се случи.
11. “Ниеден сериозен научник не се осмелил да изнесе став за не-историчноста на Исус.” - О. Бетс
12. И Исус и Јахве се нарекувани; совршен, вечен, Создател, сезнаечки, непроменлив, сеприсутен, постои над времето, Суверен, живот, вистина, праведен, Светлина, откупител, младоженец, камен, верен, добар, покажува милост, љубов, судија, познавач на човечкото срце, оној кој воскреснува, Моќен Бог, “Јас Сум”, Алфа и Омега, пастир, спасител, Крал, оној кој простува гревови, Господ. Можеме да се молиме и на Бог и на Исус, еднакви се во постоење, дела, авторитет, и чест, славени од луѓето и од ангелите. И двајцата се наречени Бог.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mia
Ако може некој да тврди дека сме настанале од мајмуни, од праисториска супа каде веројатноста на созадавање на наједноставните протеини математички се мери со бројки кои достигаат размер од 1: 1 со 158 нули..

Прво не сме настанале директно од мајмуните, туку имаме заеднички предок, две гранки од исто стебло.
Второ кога сме веќе кај математиката односно теоријата на веројатноста, таа ги пресметува шансите да еден настан се случи, но во слушај да настанот се случил или не тогаш неговото остварување(неостварување) е 100%. И самите пресметки на такви сложени настани се мачка во вреќа затоа што не се познати (засега) сите битни фактори кои би влијаеле на настанот.Кога сме кај таквите шпекулации секој во своите пресметки ги вметнува факторите кои нему му одговараат со цел да добие за него поволен резултат.
Трето одамна веќе по вештачки пат се синтетизираат органски материи а од неодамна и протеини па и живи ткива (јес да се аморфна маса но тоа е само почеток)
Значи човекот се повеке и повеќе ги презема под свое тајните на "креаторот".
 
За верниците, не сме настанале ниту од мајмун ниту од едно ниту од две стебла. Јасно е како е создаден родот човечки: од НЕПОСРЕДНА Божја интервенција, преку земање земја (т.е. материја од која е создадено човековото тело) и истовремено вдахнување дух животен во тоа тело. Така човекот станал ЖИВА ДУША. Пред да биде создаден човекот Адам, се што било создадено, создано е од Божја заповед (Бог заповеда-настанот се случува!) каде СИТЕ творенија се изведени од НЕБИТИЕ (од непостоење, од ништо, EX NIHILO) во БИТИЕ, во постоење.
А тоа што човекот себеси се поставува во улога на “креатор“, тоа се само еден од показателите за тоа до каде отишло богоотпадништвото, дека науката навлегува во “црвено“ и дека ги живееме претпоследните времиња, пред доаѓањето на антихристот.
 
Човекот не се поставува во улога на креатор, тој е креатор односно се на оваа планета си прилагодува на своите потреби, додуша некогаш дебело греши но тоа е тоа не сме совршени.

Според тебе, бар таков впечаток добивам според тоа што го пишуваш, најдобро за човекот би било да си останел на она ниво од пред 2000 години (таму негде на блискиот исток бидејки надвор од него Балканот, Апенинскиот полуостров, Египет си имале многу поразвиено општество. Не ме терај да го цитирам АБЦ ..евреите се криви за се...)
 
Човекот (како биолошки род) е СЛОВЕСНО битите, што значи дека има УМ, РАЗУМ, за разлика од животните и растенијата. Тоа значи дека разумот му е даден за негова корист, а не штета. Дури и во Рајските услови на битисување, Адам и Ева требало да УЧАТ, да ги примаат Божјите знаења и на тој начин ДУХОВНО да растат па во еден момент од тоа растење, да пораснат ДОВОЛНО за да можат да го примат и знаењето за доброто и злото. Како некој би го примил тоа знаење без ум и разум?
Значи, не е проблемот во тоа што некој сака да знае, туку во прифаќањето на погрешни знаења.
Историските настани покажуваат дека човекот не останал на едно место, туку истражувал и осознавал, но во ОВОЈ свет тоа осознавање бара и труд и време, но и многу попатни грешки, додека осознавањето на Божјите вистини НЕ БАРА напор, туку отвореност на УМОТ кон нив. Божјите вистини ги добиваме бесплатно, а не преку нови географски или вселенски откритија. Дури и таквите откритија само ја потврдуваат неограничената Божја способност за СОЗДАВАЊЕ. Значи, проблемот е во ПОГРЕШНАТА насока во која се одвиваат истражувањата а не во самата намера нешто да се осознае.
 
А кој го има монополот да одлучува која насока е исправна. Секое истражување кое придонесува за подигање на квалитетот на животот е исправно.
 
Прво не сме настанале директно од мајмуните, туку имаме заеднички предок, две гранки од исто стебло.
Второ кога сме веќе кај математиката односно теоријата на веројатноста, таа ги пресметува шансите да еден настан се случи, но во слушај да настанот се случил или не тогаш неговото остварување(неостварување) е 100%. И самите пресметки на такви сложени настани се мачка во вреќа затоа што не се познати (засега) сите битни фактори кои би влијаеле на настанот.Кога сме кај таквите шпекулации секој во своите пресметки ги вметнува факторите кои нему му одговараат со цел да добие за него поволен резултат.
Трето одамна веќе по вештачки пат се синтетизираат органски материи а од неодамна и протеини па и живи ткива (јес да се аморфна маса но тоа е само почеток)
Значи човекот се повеке и повеќе ги презема под свое тајните на "креаторот".
Настрана од 12-те причини што ги наведов..ти се фати за "предговорот"...ама ајде и тоа да го објаснам..према теоријата на еволуцијата животот настанал со создавање на аминокиселините кои по игра на случајот се поредиле во ланец од приближно 100-тина аминокиселини..создавајки наједноставен протеин...
Во таков распоред само една единствена опција дава живот..за сите други одговорот е не...
Е, а шансата така да се распоредат аминокиселините е 1:1 со 158 нули..е сега спрема астрофизичарите секој настан со веројатност помала од 110 нули е еднаков на нула... барем во нашиот универзум..така да еволуцијата е мртва...да не зборам за други факти...
Работата беше да се дискутираат 12-те причини...чисто да биде интересно...
 
Ти пак се фати за веројатноста како генерална појдовна точка, е па ајде врати се едно 5-6 илјади години назад и пресметај ја веројатноста да на одреден датум и место се родиш баш ти.
А се фатив за неа бидејки сите заклучоци во твојот пост си ги извлекол баш од неа.
 
Заклучоците во мојот пост се извлечени од постоењето на Господ..и целата тема се однесува за него, не за еволуцијата...јас ја дадов како избор кон кој некои присегаат...исто како и сите други алтернативни опции....
 
Или сум јас слеп или глупав или неписмен па не знам што прочитав.
Ја реши ли задачата?
 
Или сум јас слеп или глупав или неписмен па не знам што прочитав.
Ја реши ли задачата?
Нема потреба да одговарам(не сакам да се замерувам со никој)..ако сакаш да постираш повели...
 
Има бесконечно причини за да бидеш верник... Но дали ке ја одбереш вистинската вера тоа е прашање.
 
Има бесконечно причини за да бидеш верник... Но дали ке ја одбереш вистинската вера тоа е прашање.

А која според тебе е вистинската? Дали воопшто постои вистинска верба? Што се подразбира под вистинска верба?
 
Читам, и просто се чудам колку необразован народ има на светов (без навреда)!

Half knowledge is worse than ignorance

Самиот си пишал, а и вие другите ,побарајте ја вистината, не се задоволувајте со тоа што ве учи црквата (која, патем е алатка за поробување на човекот), побарајте сами логични докази, а не писмени работи напишани од кој знае кој! Си ги познавал ли ти О. Бетс, М. Грин, П.Е. Литл, Корнелие, Такит, Јозеф, Сутонис, Пилни Помладиот, Вавилонскиот Талмуд и други, па да знаеш што луѓе биле???
Можеби биле романописци, од каде да знаеш? И тоа што го напишале НЕ ЗНАЧИ дека е точно!

http://www.truthbeknown.com/sunsofgod.htm

И ове луѓе напишале книги за бог, и треба ли да верувам во нешто само поради тоа што е запишано???

п.с.
Ниедна од твоите 12 (зошто 12, поради бројот на апостоли?) причини не
е доволно уверлива за некој човек да биде верник! Не си понудил ниеден математички или материјален доказ дека постои бог, и дека тој од небото (патем од која планета? Марс? Венера?) нас не гледа!

Читам, и просто се чудам колку необразован народ има на светов (без навреда)!
Самиот си пишал, а и вие другите ,побарајте ја вистината, не се задоволувајте со тоа што ве учи црквата (која, патем е алатка за поробување на човекот), побарајте сами логични докази, а не писмени работи напишани од кој знае кој! Си ги познавал ли ти О. Бетс, М. Грин, П.Е. Литл, Корнелие, Такит, Јозеф, Сутонис, Пилни Помладиот, Вавилонскиот Талмуд и други, па да знаеш што луѓе биле???
Можеби биле романописци, од каде да знаеш? И тоа што го напишале НЕ ЗНАЧИ дека е точно!
Повеќето од тие што си ги наброја се докажани историчари..или за тебе важи само ако некој си го запознал лично...Не напишале книги за Бог, туку со своите историски записи докажале дека во тоа време постоел Исус,живеел и воскреснал...Прво прочитај барем еден од нив после коментирај....Инаку ова Такит би требало да е Тацит ...веројатно е моја грешка....
И ове луѓе напишале книги за бог, и треба ли да верувам во нешто само поради тоа што е запишано???
Не веруваш во нешто само ако е запишано...па тогаш зошто постојат книгите..ти си доволен...кој фактор е еден Наполеон да каже било што...
Ниедна од твоите 12 (зошто 12, поради бројот на апостоли?), причини не е доволно уверлива за некој човек да биде верник! Не си понудил ниеден математички или материјален доказ дека постои бог, и дека тој од небото (патем од која планета? Марс? Венера?) нас не гледа
Дванаесете точки немат врска со апостолите постојат милион причини за тоа, ама ете така избрав...Првата точка е математичка...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom