12 милиони денари за бесплатни таблети фолна киселина и јод за трудниците

znaci pak nemozes da sudis...nivno pravo e so ke pravat so parite i kako sakaat da ziveat....
Јас не судам,јас кажувам на форумов мое мислење и на таквите квази мајки им го кажувам во фаца,доколку дојдам до контакт.
 
Мислиш ќе купуваат здрава храна ?Не,ќе зимаат цигари и облека од тие пари.

Јас ти зборувам од искуство, не е дека овие препарати кај одредени трудници не се потребни, но на сите да им се даваат е тотално бесмислено.

Од она што знам голем број на трудници кои наместо да имаат здрава нитриционстичка исхрана, се колкале со витамини и овие фолни киселни, сега како последица имаат деца со астма, алергии, слаб имунитет итн.

Дури и знам за случаии кои за првата бременост се глупирале со земање на секакви перпрачани медицински пепарати, па за втората не му ни паднало на памет да купуваат такво нешто. И можите да погодите дека вторите деца биле со многу помалце здравствени проблеми.

Кои фолни киселини, кои витамини земале нашите баби? Едната моја баба имала 8 деца, другата 6.
 
Ало,на секој витамин ти пишува ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА ! види на опаковката што пишува,се чита пред да се голтне нешто.

ако немаш избалансирана исхрана,ЏАБЕ ти се сите витамини на светот !

Не може да пушиш,пиеш,јадеш џанк фуд,не внесуваш ни В од витамини од природни извори,а да очекуваш бебето да ти е здраво.
 
На прв поглед личи добро, зошто сепак ова на некој начин е помош и грижа за трудниците.
Но од друга страна, кога ќе ми текне дека лековите во дневните болници ги даваат со поминат рок или воведуваат некои недоиспитани лекови, веднаш ми доаѓа некоја одбивност за сето ова. Кој знае, можеби и нема тоа така добро да делува врз здравјето на мајката и бебето.
:confused:
 
Што ако го оштети плодот?
 
Една од малкуте работи кои ги направиле како што треба. Јодот е неопходен, а не го внесуваме доволно. Кај трудници потребата за јод и фолна киселина е зголемена. Ова е една од ретките работи од кои со правилна употреба може да има позитивен ефект. Таблетите не се ефтини. Едно пакување чини околу 350 денари. Со тоа што ќе ги добиваат бесплатно идните мајки ќе ги козумираат и ќе ги намалат ризиците за своето потомство.

Поради специфичниот начин на исхрана повремено ги конзумирам таблетиве и погрешно е мислењето дека се наменети само за бремени жени.

Може да мрчам за многу глупости што ги прават, но ова е за поздравување, доколку се спроведе како што треба.
 
кој е одговорен и едвај го чека бебето ќе ги пие и со плаќање и бесплатно... фолна се пие во првите три месеци едно паковање незнам дали имаше 20 или 30 таблети не се недостижни. Можеа да направат кој не може да си ги дозволи да ги побара. Јас на пример не би ги чекала од патронажната сестра.
Кој не е одговорен (а ги има) нема да ги пие ни бесплатни

Ги измазија пензионериве и еве сега мислиме и на помладите...
учете факултет прајте деца пијте фолна јадете здрава храна слушајте византиска музика и ако ви е криво што некогаш сте гласале за нас дојдете во штаб бесплатни психолошки совети

И ако налетате на секси психијатар од спротивниот пол викајте усааа како Вил Смит...
 
Кои фолни киселини, кои витамини земале нашите баби? Едната моја баба имала 8 деца, другата 6.
Машала, цело племе.
Туку, баба ти имала среќа. Јас знам еден куп баби кои од 6-7 деца, по 3-4 им умирале од обична настинка или грип. Не дај боже слепо црево да го стегнело некого. Ќе го намачкаат со ракија, гледаш по 2-3 дена умрел.

Што ако го оштети плодот?
Ништо, ќе си насадат друг, здрав плод.
 
Машала, цело племе.
Туку, баба ти имала среќа. Јас знам еден куп баби кои од 6-7 деца, по 3-4 им умирале од обична настинка или грип. Не дај боже слепо црево да го стегнело некого. Ќе го намачкаат со ракија, гледаш по 2-3 дена умрел.
Ништо, ќе си насадат друг, здрав плод.

Умирале, немало помош за тоа. Но, фактот дека раѓале здрави прави деца, без додатоци во исхраната, е неоспорен.
Тоа што му умирале повозрасни, е друга работа.
 
Умирале, немало помош за тоа. Но, фактот дека раѓале здрави прави деца, без додатоци во исхраната, е неоспорен.
Тоа што му умирале повозрасни, е друга работа.
Ти знаеш за 6те што преживеале, ама не знаеш дека сите наши прабаби биле повеќе од 6 пати бремени во животот.
 
Ова ќе биде уште една од 'брилијантните реформи' во здравството...Можеби добра е замислата ама некако во пракса нема да штима ова...За време на бременост ниту еден матичен гинеколог не препишува како посебни таблети фолна и посебно јод..Најчесто се препишуваат препарати кадешто фолната на пример си иде во комбинација со останатите витамини од Б група, посебно со Б-12, потоа истиот препарат содржи и железо, витамин Ц, магнезиум, цинк, селен итн...(фолна, Б-12, железо, витамин Ц според мене е нераскинлива комбинација)...Е сега ако министерот решил да биде дарежлив нека одобри некој таков балансиран ОТЦ препарат да дава, а ако стриктно мисли фолна тогаш нека биде некој квалитетен како Форвита Феме на пример, но и тоа потешко, затоа што како и секој друг тендер така и овој ќе биде наместен и ќе го добие некоја нивна фармацевтска куќа(а секоја трудница и понатаму ќе си го слуша матичниот гинеколог, што ќе и препише - тоа ќе си набави)...
Јас лично за време на бременост никогаш не би се напила суплемент што ќе ми го донесе патронажна сестра бесплатно и ако треба ќе скратам од други трошкови ама тие 9 месеци би ги пиела најдобрите, најпроверените суплементи, па и најскапи да се...
А, за здрава исхрана нека се фокусираат на тие понеписмените, а посебно тие што пијат и пушат во бременост...Нема потреба да ги просветлуваат идните мајки кои се совесни...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom