12 години од масакрот кај Карпалак

  • Креатор на темата Креатор на темата Igor Wolf
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
12 години од масакрот кај Карпалак !!!

Прегледај го приврзокот 69679


Кај месноста Карпалак на автопатот Тетово - Скопје на 8 август 2001 година во заседа животот го загубија 10-те прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија за време на конфликтот.

Утре, на годишнината, како што е најавено, делегации ќе ја посетат месноста Карпалак. Во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп ќе се одржи панихида во спомен на загинатите бранители.

Централното чествување за 10-те прилепски бранители ќе биде утре напладне, во центарот на градот, пред споменикот во нивна чест. Утре ќе биде откриен и споменикот „Прилепски бранители“ кој се извишува среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Основниот суд. Модерно стилизираниот паметник ја симболизира вечноста на спомените и делата на сите прилепски херои.

На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.


Прегледај го приврзокот 69678


http://www.youtube.com/watch?v=mttAzJ-FDXM&sns=fb


НАПРАВЕНО ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ РЕЗЕРВИСТИ НА А.Р.М. КАЈ КАРПАЛАК !
НЕКОЈ ГИ ЗАБОРАВА ! НО НИЕ НЕ !
ВЕЧНА ИМ СЛАВА !!!



П.С ПОСЛЕДНА СЛИКА ОД ПРЕД ЗАГИНУВАЊЕТО КАЈ КАРПАЛАК НА НАШИТЕ БРАЌА ПРИЛЕПЧАНИ ВЕЧНА ИМ СЛАВА ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР ХЕРОИ МАКЕДОНСКИ

Прегледај го приврзокот 69680


Вечна Слава!

Инаку сликата не е од нив туку е од влегувањето на АРМ во Тетово, уште на почетокот на конфликтот.
 
За жал Македонија како нација имињата на песните на Аца Лукас, Цеца и Карлеуша ги знае на памет, а за имињата на борците кои животот го дале за Македонија во конфликтот во 2001 немаат појма. Ама до некаде и не се они криви бидејќи место да се пуштат турски серии и да се објавува по веб сајтовите кој од гранд ѕвездите има поголеми цицки би можел некој да објави нешто подетално за борците, бидејќи сугрен сум ако малку се пробуричка би можело да се најде нешто чисто да не се заборави нивниот лик и дел. Нека им е вечна слава :cuc:
 
Ајдее и денес ќе глумат владините делегации, ќе посетуваат споменици и сл... заседа заседа заседа/ Според одвивањето на настаните во државата за кои тие загинаа, сигурно почиваат во мир. Кога тогаш, ќе се дознае кој ги намести, кој ги сервираше на тацна пред терористите кои ладнокрвно си ја завршија работата.
 
Го изгубија животот наместени и предадени од самата армија. Вечна им слава, не верувам дека некој нашол мир.

До оние на фотељи, да даде Бог истото да си го дочекате за своите најблиски.
 
За жал Македонија како нација имињата на песните на Аца Лукас, Цеца и Карлеуша ги знае на памет, а за имињата на борците кои животот го дале за Македонија во конфликтот во 2001 немаат појма. Ама до некаде и не се они криви бидејќи место да се пуштат турски серии и да се објавува по веб сајтовите кој од гранд ѕвездите има поголеми цицки би можел некој да објави нешто подетално за борците, бидејќи сугрен сум ако малку се пробуричка би можело да се најде нешто чисто да не се заборави нивниот лик и дел. Нека им е вечна слава :cuc:

Зашто народот да се замара со овие тажни настани од не така далечното минато кога полесно е да му се сервира на народот кичерај од типот на Аца Лукас, Цеца, Карлеуша, Дубиоза Колектив, Полумента, Сека и.т.н.
Зашто народот да се замара со вистинските и реални секојдневни животни проблеми кога полесно е да му се пласираат глупости од типот на ефтини Турски и Индиски хард-кор кичерајски серии без никаква содржина и без никаква реална вредност !
Убаво викаат некои луѓе комитите загинаа во Илинденскиот период, партизаните загинаа во периодот на НОБ, а последните вистински патриоти загинаа во 2001 ...
Нека почиваат во мир овие наши браќа но за жал во секоја војна секогаш гинат недолжни луѓе, оние кои ги сервираат тие војни остануваат секогаш недопрени, а сите војни се производ на политичарите и народот гине за нивните интереси !
 
Вечна им слава ,тоа се нашите херои а не оние продадени ситни души кои седат во парламентот и кои ги амнестираа нивните убијци
 
1009803_199859553512534_1776538194_n.png


:(
 
Чудни креатури
Во Тетово, на православните гробишта, под силно полициско обезбедување со оклопни транспортери, хермелини, во четвртокот беше погребан сообраќајниот полицаец Цоки Стојановски од Тетово, татко на две малолетни ќеркички кој беше подмолно убиен од албанските терористи на патот Тетово - Брвеница. Православните гробишта во Тетово каде беше погребан Стојановски се наоѓаат веднаш до населбата Дреновец 1, која е под контрола на припадниците на т.н. ОНА. Врз луѓето од погребалното претпријатие, додека го копале гробното место, терористите пукале врз нив, но никој не бил повреден.
 
Вечна им слава!
Патем, не треба да заборавиме и на една голема неправда која им се прави на муслиманите во Прилеп, а тоа е недозволувањето да се обнови запалената џамија во центарот на градот, иако таму нема воопшто Албанци, нивните џамии се по прилепските села. Македонија во 2001 не ја бранеа и не гинеа за неа само православни и етнички Македонци, туку и Роми, Турци, Торбеши и Бошњаци. Веби Рушитоски и Ердован Шабаноски се најдобар пример за тоа дека Македонија во 2001 ја нападна една етничка, а не верска заедница.
Нека почиваат во мир!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom