- Член од
- 26 септември 2011
- Мислења
- 539
- Поени од реакции
- 2.371
12 години од масакрот кај Карпалак !!!

Кај месноста Карпалак на автопатот Тетово - Скопје на 8 август 2001 година во заседа животот го загубија 10-те прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија за време на конфликтот.
Утре, на годишнината, како што е најавено, делегации ќе ја посетат месноста Карпалак. Во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп ќе се одржи панихида во спомен на загинатите бранители.
Централното чествување за 10-те прилепски бранители ќе биде утре напладне, во центарот на градот, пред споменикот во нивна чест. Утре ќе биде откриен и споменикот „Прилепски бранители“ кој се извишува среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ кај Основниот суд. Модерно стилизираниот паметник ја симболизира вечноста на спомените и делата на сите прилепски херои.
На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.

http://www.youtube.com/watch?v=mttAzJ-FDXM&sns=fb
НАПРАВЕНО ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ РЕЗЕРВИСТИ НА А.Р.М. КАЈ КАРПАЛАК !
НЕКОЈ ГИ ЗАБОРАВА ! НО НИЕ НЕ !
ВЕЧНА ИМ СЛАВА !!!
П.С ПОСЛЕДНА СЛИКА ОД ПРЕД ЗАГИНУВАЊЕТО КАЈ КАРПАЛАК НА НАШИТЕ БРАЌА ПРИЛЕПЧАНИ ВЕЧНА ИМ СЛАВА ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР ХЕРОИ МАКЕДОНСКИ