Тоа е смешно во државата, таквите закони кои не се допрецизирани штетат на секој кој сака да работи чесно и исправно, а од дтуга страна и те како одговара на оние кои сакаат да перат пари.
Нашиот устав е правен по пример на Америка и Англија, и сега имаме повеќе закони од нив, а ни еден функционален, секој си го применува и сфаќа на свој начин(демократија што да правиш)
Така и ова со Самс, си го дал клубот на некој инвеститор, без никави гранции дека ова нежа да се случи, а и да се случи поради некој околности тука треба да летаат кривични... Ама кај нас ќе фрлиш нешто ситно у партијата која е на власт, и се ти е решено, ушти и ќе ти дадат земјишта, поволности, шеми, "луѓе од доверба" да го тераш бизнисот како што треба.
Затоа е и научна фантастика дека некој стварно ќе инвестира и работи транспарентно, одговорно и со почит кон клубот и навивачите, тоа би било изводливо и тоа само ако можеби навивачите имаат акции во клубот, што е бајка.
Во ваква земја да навиваш за клуб е вистински предизвик, и треба си стварно огромен фанатик да не попуштиш под сите срања кои се дешават во и околу клубот, и под сите притисоци, омаловажувања од општеството за терминот навивач, од државата од управата итн..
Значи ја на сите навивачи у државата би им дал орден за храброст и истрајност..
Ај барем се надеваме декаа ќе дојде ден кога работите би биле подобри.