Инаку, да се надоврзам на претходниот мој пост, и од клубот Шкендија исто така, НИТУ ЕДНАШ немаат излезено јавно со цврст став да осудат било што од ова што се случува години наназад во Тетово, напротив, во единствените соопштенија што ги пуштале се правдале како тоа противниците „провоцирале“ и навивачите заслужено реагирале така

Доволно си кажува тоа за нив како клуб и навивачи. Патем, во Скопје се играло и во Ѓорче и во Маџари, стадиони со трибина многу поблиску до теренот, па не памтам да имало било какви инциденти со противнички играчи, единствениот инцидент што го памтам, а истиот и беше осудуван од многумина наши е оној кога беа нападнати управата на шкендија на Градски, и јас бев против такви глупирања, ама од денешна гледна точка ама ич не ми е жал, они да приредуваат такво домаќинство, а на Градски сите слободно да си се шетаат и радуваат на голови, епа не ја бива ни така.
А, господата од ФФМ, се додека дозволуваат вакви работи да се случуваат, било тоа прва, втора, аматерска или младинска лига, било тоа во Скопје, Тетово, Битола или не знам каде, фудбалот ќе стагнира, а и тие 2 илјади просечни гледачи на А-репрезентација што ги имаат многу им се.