Најтешка работа во домаќинството

  • Креатор на темата Креатор на темата Бејко
  • Време на започнување Време на започнување

Најтешка работа во домаќинството

  • перење

    Гласови: 5 3,9%
  • спростирање алишта

    Гласови: 5 3,9%
  • пеглање

    Гласови: 10 7,8%
  • готвење

    Гласови: 8 6,2%
  • миење садови

    Гласови: 17 13,2%
  • работа со правошмукалка

    Гласови: 11 8,5%
  • бришење прозорци

    Гласови: 8 6,2%
  • бришење прашина

    Гласови: 8 6,2%
  • чистење на загорени површини

    Гласови: 12 9,3%
  • чистење на WC

    Гласови: 45 34,9%

  • Вкупно гласачи
    129
Абе не се толку тешки ове домашниве обврски,ама се многу досадни...Секој ден исто пак исто....
 
Јас од сите овие домашни обрвски ги извршувам бришење прашина на бирото.
 
коа ќе ме фати мрза се ми е најтешко, дури тешко ми е од кревет да станам. Иначе се одлучив за пеглање зошто кичмава ми откажува коа им се клањам на алиштана.
 
Ми беше најтешко кога требаше да ја џогирам собата, тури вода во кофата па детергент, па пластични нараквици па се тоа да убаво да се промучка и утри му една тура со детергент и на крај со чиста крпа да се светни.

Сега си купив еден на батерии, секој цент вреди големо олеснување ни вода ни ништо и тоа озон фри.

Кој ја видов темава сега треба да чистам полици имам прашина еден тон зад телевизор
 
гласав за готвење пошо ја на пример коа си праам нешо ептен мие фрка пази да не изгори пази ова пази она.. некао мука ми е али можам да гарантирам дека ГЕНЕРАЛКА е дефинитивно најтешка работа за една домаќинка на пример... леле мајка ми коа ке земе генералка да праи смрт ми е.. тоа прашина чистење секаде правосмукалка секаде завеси перење уз спут ручек праи тањири мие лелееееее СМРТ !!!
 
Одиме по ред :

Перење - Не е воопшто тешко зашто машината пере, а оние работи кои не се за во машина се малце, за на рака да се исперат.
Спростирање алишта - Ниту пак ова е тешко, повеќе е заморувачко и досадно да се дружиш со штипките.
Пеглање - Зависно ако некој пегла се, од гаќи до завеси, тогаш е стварно напорно.
Готвење - Воопшто не ми е тешко, напротив задоволство ми претставува, а и добар афродизијак е :icon_lol:
Миење садови - Ова и го избрав на анкетата, не дека е навистина тешко, туку е заморувачко, затоа што го практикувам секој ден минимум два пати и рацете ми се сушат :icon_evil
Работа со правосмукалка - Воопшто не е тешко, 10 до 15 минути два пати неделно е сосем доволно.
Бришење прозори - Да напорно е, ама не се бришат секој втор ден, така да се поднесува.
Бришење прашина - Ниту пак ова, доволни се 15тина минути секој втор ден.
Чистење на загорени површини - Убиство, затоа и гледам да не загорат :)
Чистење на WC - Не е толку тешко, колку што е одвратен мирисот на јаките абразивни средства кои фино ја завршуваат работата место мене, а и џогерот воопшто не е тежок за работа :)
 
Пошто од малечок сум излезен на страна ради школото па и сега најмачно ми е да спростирам алишта да се сушат па да ги собирам па да мислам да не ги дувне ветар :vozbud:уфффф тоа ми е најтешко , пеглање се навикнав све друго работат машините :pos2:
 
Уфф...сега пред малку ги исперав и ги спрострив на терасата да се сушат алиштата, дефинитивно нај измачувачки ( посебно кога пералната ви е дефект не ги мења самата финкциите):tapp:
 
На мене ништо не ми е тешко. (оти не работам)
 
Уфф..мене ми е се тешко..нема најтешко :pos2:
сега мајка ми се оперираше...абе се правам..и и се чудам како постигнувала:raz:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom