Квалитетот на горивата во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Кој е задолжен да го контролира квалитетот на горивата кај нас? Исто така, има некој информација од каде Макпетрол ги зима еуро горивата?
 
За квалитетот на горивата во РМ можам да кажам само едно нешто КАТАСТРОФА
 
Квалитетот на горивата особено дизелот е нула. Абе одам од Грција ставам евро дизел, колата едноставно не е истата. Оди каде каде повеќе, помалку троши и ги нема оние “облаците“ позади кога ке цедиш брзина. Од Макпетрол стави евро дизел (ѓоа поскапо е поквалитетно и сл.) што вели автомат на бензинската : “Горива со висок квалитет“ кој го плаќаш 30% повеќе од Грција и одма оџакот на РЕК се активира. Да не споменувам дека горивата се богати со сулфур (состојка која речиси треба да ја нема во дизелот), а и поради тоа сите производители на автомобили (вклучувајки ја Volkswagen-Audi групацијата) не даваат гаранција на пумпата за висок притисок која поради нашиот “квалитетен“ дизел не оди повеќе од 100.000 км (има случаеви кога откажала на 50.000 км), а нова да се замени кошта некои 3.000 евра (што се разбира оди на џебот на сопственикот)!
 
Во Македонија, во последно гледам LUK OIL само нудат посалам 98 октански бензин. Макпетрол кога како. Последниот пат кога турив беше добар. Лук Оил скоро секогаш имаат добар бензин!
 
Хм... Па не ми паднало на памет да пробам дизел од Лук Оил. Некако отпатна ми е таа бензинска пошо е на излез, но ке одам намерно да видам каков дизел имаат. Ако е добар само од таму ке ставам.
 
И јас имам начуено дека во лук оил бензинот е далеку поквалитетен....
ми се фалат на помала потрошња :)
 
На Лук оил, 98-ицата дефинитивно е подобра од горивото со ист број на Макпетрол... "кликање" на моторот само по угорница, додека 95 и 98 на Макпетрол со секое стискање на гас, се слушаат лончиња.

Некој од Машински факултет да објасни во каква состојба е опремата за тестирање на горива... дали може прецизно да се измери отанажа и сулфур?
 
да брат потрошувачката е помала,ама колата не влече трома е.може не се приметува на поголемите кубикажи ама на овие нашиве конзерви вклучувајки ја и мојата(матиз:vozbud:)се осека.Кога ке ставам на Макпетрол колата поубаво влече ама си лапка и 1литро поише.Затоа по пензионерски на Лук оил:vozbud:
 
Абе на лук оил горивата се со реалните октани ако пишува дека е 98 тој е 98 а не на макпетрол ако пишува 95 тој е 89-90 (ми го имаат кажано вработени).Имам ставено и од двете бензински ама не знам не осетив некоја забележителна разлика.
 
На Лук оил, 98-ицата дефинитивно е подобра од горивото со ист број на Макпетрол... "кликање" на моторот само по угорница, додека 95 и 98 на Макпетрол со секое стискање на гас, се слушаат лончиња.

Некој од Машински факултет да објасни во каква состојба е опремата за тестирање на горива... дали може прецизно да се измери отанажа и сулфур?

Јас сум на машински студенат ама незнам точно во каква состојба е опремата за тестирање ... ако ти треба нешто побарај го професорот Миле Димитриоски и види што ќе направиш
 
Горивото е катасрофа вода ставаат во него
 
Од лукоил имаат многу добри бензини, од искуства. И дизел и бензин. Макпетрол немаат врска.
 
Катастрофа. Порано знам татко ми мораше да го чисти цел резервоар бидејки во нафтата имаше вода. Ја заеба цела кола.:toe::toe:
 
И јас имам слушано од многумина дека на Лук Оил се почисти горивата. За дизелот поконкретно имам разбрано, а за бензините не сум се заинтересирал...
И стварно има голема разлика кога турам од таму дизел отколку на Макпетрол.
 
Прочитајте ја оваа постара вест и се ќе ви биде јасно?!
Квалитет никаков тоа е докажано,само прашање е кој има подобри деривати од Окта и од Лукоил?
Во моментот мислам дека Лукоил е во мала предност,ако не друго главните резервоари сеуште не им се полни со вода бидејќи се релативна нова компанија!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom