Абе нешто владава како да ми се расфрла во последно време со многу пари те музеј со восочни фигури ќе отвораше,ќе градеше 50 катници,врати предвреме долг од 300 милиони евра(дури ни најбогатите не го прават тоа) па нови инструменти во здравството,па поефтинување на лекови,па инвестира во Бунрџик,па 40 милиони евра за купување амбасади по светот па ќе градеше 100 тина нови училишта(иако едвај најде 20тина илјади за санација на урнатини),па некои нови театри со стар лик имаше во план,па ќе се граделе спортски сали и по некој базен и најново од се е тоа дека ќе трошела по 100тина милиони евра годишно за зголемување на платите за гломазната администрација и пензионерите иако препораките на ЕУ беа да се намали најмалку за 50% истата таа администрација.Денес не сум прочитал по информативниве гласила можеби на повидок е нова инвестиција во Врховниот суд на Македонија од 100 милиони евра за да не носи повеќе катастрофални одлуки за раскинување меѓународни договори како оној со ОКТА.