Европско првенство(мажи)-Германија 2024 [10-28 јануари]

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување
Ионака се резилиме на секое првенство вака барем ќе играат против веле сили, ќе соберат некое искуство.
Со оглед на кое ниво ни е спортот општо, па и куп млади се отселија, ова е и супер. Има потенцијал во тие што надоаѓаат и да се надеваме дека и понатаму ќе се развиваат. Во 2010 ние немавме ни кадетска репрезентација пријавено за квалификации на ЕП. Некоја година пред тоа исто. Тоа е тој одраз од тие години што сега се познава. Освен Митревски, ги имаш Талевски, Кузмановски и Велковски од таа една генерација која стигна до 6-то место на СП 2017 и беше на младинското ЕП една година пред тоа (и на кадетското ЕП 2014 - тука не беше Кузмановски). Затоа и Кире играше скоро до 40, Борко, Столе, Гоце и Миркуловски исто така. Постои голема дупка меѓу генерациите. Луѓево се лутат и се палат дека ќе сме губеле со 10-20 разлика. Сите сакаме инстант успех, и јас исто, ама тоа така не доаѓа. Ја повеќе го чекам јуниорското ЕП на кое можеме да отидеме чекор напред и да бидеме меѓу првите 8. А на сениориве може да се надеваме дека ќе играат подобро секој натпревар и дека ќе имаме повеќе среќа во ждребкиве што доаѓаат. Дури и со најсилниот наш состав, со Раул или Лино на клупа, максимум што можеме во групава да земеме се 3 бода. И 4 ете, со тоа што би биле пак трети, со оглед на тоа дека Германија и Франција играат последно коло заедно.
Го гледам хејтов на народот дека играчите се претежно од Алкалоид. Тие може само да се лутат зошто Алкалоид ги купи повеќето, а не зошто од таму доаѓаат. Играчите се тие.
 
Прегореа Швајцарциве. Во првото полувреме дадоа 3 гола за 17 минути, сега гледам имаат 2 дадени за 23 минути второ полувреме. Се надеваа дека ќе ја победат Германија. Добро.
 
Фарски острови одлично им парираат на Словенија, класична скандинавска школа.
Овој Елефсен од Кил е играчиште.
 
„Дај Боже да се деси чудо и да одиграме лудо…“ – напиша некој од навивачите кои не се откажуваат ни од македонската репрезентација, ни од надежта дури и кога групата е пеколна, противниците страшни, а Македонија во дооолга преодна фаза.

СЕДМЕРЕЦ: Дај Боже да се деси чудо и да одиграме лудо! | 24 РАКОМЕТ (24rakomet.mk)

Те цитирале на 24ракомет :D

ееее ама ни ч од чудо:). Швајцарија да ја тепаме на коњ сме.
 
Фарски острови одлично им парираат на Словенија, класична скандинавска школа.
Овој Елефсен од Кил е играчиште.
Сепак Фарските Острови се држава со 68 милони жители и 90 000 професионални ракометари..
 
Да ама нашиве ја немаат таа мотирика и никад не можам да ги замислам вака да движат топка без да ја фрлат у облаци или у рука на противникот.
 
На некоја телевизија наша ќе го давет првенствово,воопшто не сум во тек :(
На радио ќе имаш пренос
Автоматски споено мислење:

Не се секирајте, ќе се разиграа до задњата утакмица.
И поздрави га дејка ти од мене...
 
Популација колку населба Аеродром.
 
Штета за Фарски баш се симпатична екипа, немаат многу измени за жал ама ќе бидат они со тек на време доста добри.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom