Европско првенство(мажи)-Германија 2024 [10-28 јануари]

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување
39 гола :shook:
Автоматски споено мислење:

Какви ги има, ние добри сме. :icon_lol:
Не не сме, да игравме ние вечерва со Хрватите можи и рекорди да се срушеа :)
Франција со пола сила не прегази
 
Аууу шо би рекле хрватите брутално, прв пат послем толку години ракомет,гледам 0 saves од голманите и тоа му се дешава на шпанците и Де варгас :uzi:
 
Screenshot_20240112_220134_Sofascore.jpg

Каква реализација :eek:
 
Мамицата им ја расплакаа, буквално утакмициве од прво коло се, или нерешено, или некој што тепа/губи 10.

Како стојат стварите па и не сме лоши, да изгубевме 8 ќе бевме ако не и најдобри од тие што изгубија вака рамо до рамо со Шпанците, сами сме си криви :LOL:
 
Ресет им направија на Шпанците, какво трескање од земја, ги згазија од прва до последна минута, одамна вака не била понижена некоја репрезентација од таков калибар, баш мерак ми направи Хрватска.

Тоа што го собраа Шоштариќ на Словенија е одличен потег за нив, баш еден таков играч им фалеше, им легна одлично, денеска 8 од 8, рака на срце и останатите немаа промашување, си одржаа еден полесен шутерски тренинг, скоро без грешка цел натпревар, 39 гола.:sekcza:

Ќе видиме какви ќе бидат на наредните натпревари и дали се кадарни за некој сериозен успех, после една ваква претстава ќе се крене голема еуфорија во Хрватска.
 
Каков натпревар изигра вчера Хрватска :cuc:.
Нашиве слободно можат да учат од нивните врсници како Мартиновиќ...
Неверојатна борба на младите играчи, секоја чест.
 
Чисто како прават Хрвативе. Еве за голманот Мандиќ конкретно. Момакот има 22 години, кај нас тоа би било младиот, бла бла, каде со него ќе играш курци палци. Епа Загреб него му даде шанса и тоа каква треба во Лига на шампиони каде топ бранеше, а исто го земаа на ЕП со Ивиќ, и видовме вчера исто како бранеше. Хрватска си доби голманиште со само 22 години. А ние штп праиме? Еве примери на тимови кои играат во Европа. Пелистер никад не би му дал вистинска шанса на некој наш голман да се кали во ЛШ, исто и нашиов селектор. Играше со Алкалоид во Европа, чмаеше на клупа Галевски, за да брани некој странец кој ништо не смени. Му текна на Киро едно сабајле дека така сонувал и му даде шанса на Галевски и видовме што се случи. Не ни доаѓа памет бе.Ако си кажал дека тимот ќе ти биде таков, односно шанса за раст на млади ракометари ондак нека биде така, а не да се заебаваш.Се дур е така ќе си глеаме како Хрватска штанца ракометари и си мења генерации како од шала, а ние не можеме да извадиме еден нормален десен бек, а не па повеќе.
 
Босанциве мислам дека и од Грузија ќе изгубат. Холандија воопшто не е добра, колку што Босна игра катастрофално лошо. :eek:
 
Полска многу лоши, очекував да пружат поголем отпор против Словенија.
 
Норвешка - Фарски каков ракомет :vozbud:
Фарски најпријатно изненадување на првенството, а и бајаги публика има, најбројни се после Германците ако не се лажам
 
Каква утакмица Фарски Норвешка, чисто ракометно уживање. Фарска играт 7 на 6 до усовршење. Нека гладат нашите има шо да научат како се игра борбено.
 
Жално ќе биде ако Фарски острови не извадат барем нерешено на средбата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom