ЧКЕМБАРИ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ КАЈ ВЕЈЦЕ!
Денес се навршуваат 24 години од масакрот кај с. Вејце.
Чкембари положија цвеќе и оддадоа почит пред спомен плочата во Вејце.
Наш завет е да ги чуваме од заборавот и да го пренесуваме нивното големо дело на секој човек.
Денешниот ден е посебен за сите Битолчани и Македонци. На наша огромна чест бевме почастени со присуството на Сашо Гилевски Качо командантот на битолскиот вод кој прв пристигна на масакрот за припомош кон своите колеги. Сашо без ниедно размислување позитивно одговори на нашиот повик, иако свесен за траорот кој му е предизвикан и длабоко врежан во меморијата, сликовито ни го објасна целиот случај. Присутен беше и синот на херојот Кире Костадиновски, нашиот другар од трибина Кристијан.
МАКЕДОНИЈА секогаш раѓала храбри синови со кои можиме да бидиме горди пред светот.
На 28.04.2001 год. во заседа и во грозоморен чин се убиени:
-МАРЈАН БОЖИНОВСКИ
-ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ
-КИРЕ КОСТАДИНОВСКИ
-БОШКО НАЈДОВСКИ
-РОБЕРТ ПЕТКОВСКИ
-БОБАН ТРАЈКОВСКИ
-ИГОР КОСТЕСКИ
-МИЛЕ ЈАНЕВСКИ
Ви ветуваме дека одбележувањето на годишнината од херојскиот подвиг ќе стани дел од традицијата и еден потсетник дека ние памтиме и нема никогаш да го заборавиме кукавичкиот потег на оние кои немаа храброст за поинаква борба.
ВЕЧНА ВИ СЛАВА!
Екипа на Чкембари исто така положија цвеќе и во Битола, на спомениот на загинатите бранители во с.Вејце.
ВЕЧНА ВИ СЛАВА!





За гостувањето во Охрид во купот,Автокоманда и Јане Сандански во ракометот очекувам другите да стават слики и извештај за мене ова беше најважно шо се направи за прв пат после сите овие години браво за потегот на младата генерација за овај голем потег и животна желба на нас постарите генерации има иднина НГ Чкембари !