ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Че тибам давајгазо тебе враќај се назад со кој че пијам утре. Старио не пиЈа, кокошо не пиЈа
ova ne postovanje… od 3 sato ti zvonam za v kafana ne krevas i utre so koj ke pies.. so koj sakas sedi v avtobus utre e :D
izvinete ovde so pisam ne mi kreva na telefon
 
Супер бројка со оглед на то шо фалат 30тина души шо беа Полска.
Убав коп:bravobe:
 
И покрај то шо најголемиот дел од јадрото на групата кои ги организираат работите и придонесват за општа мобилизираност меѓу луѓето кога се работи за вакви дербиња беа на гостување во Полска и одлично се претставија таму, останатите шо беа во Битола беа на висината на задачата и организираја топ гостување. Два фул автобуси и неколку коли, околу 100 120 души и супер навивање. Битолската младина во добро издание, дрес кодот максимално запазен и ултрас културата кај помладите на едно повисоко ниво.
Мајмуни добра бројка, но банда без команда, во текот на 90 мин се палеа по 2/3 бакли и некоја димна, наместо да напрат едно добро пиро шоу, песните се тие, и нормално циркузантското понашање. Некои работи не се искоренват.
Во текот на утрешниот ден, подолг извештај за гостувањето во Полска, пречекот од браќата и други работи.
 
Да се напомени и за заедничкото навивање за Македонија, грмеше буквално.
Исто и не можеше да помими ниту без меѓусебни препукавања, ама па и така го личи едно дерби.
Се на се одлична утакмица
 
Најавениот извештај превземен од Фб страната на Чкембари:

Натпреварот во четвртокот помеѓу Киелце и Пелистер, беше одлична можност која и ја искористивме за нова дружба со нашите браќа од Белхатов.

Од средата до петокот, Торфиорже како и секогаш беа повторно наши одлични домаќини. 31 Чкембар во срцето на Полска благодарение на нив се осеќаа како дома. Браќата на самиот натпревар, не подржаа во бројка од 45 луѓе, па во салата на Киелце издоминира зелената боја.

Иако дистанцата помеѓу двата града, Битола и Белхатов е над 1600км, сепак со секоја нова средба, братството се зајакнува. Од Торфиорже добивме и коцка со двата амблеми на групите, која ќе ги краси оградите и Под тумбе кафе и на стадионот на ГКС.

БРАЌА, благодариме на секој момент изминатите три дена и во скоро време ве очекуваме во Битола.
IMG-84d2c27d0631b798c130e9510a604130-V.jpgIMG-c43a3d6a1795684cc925d3ad4e3fbc94-V.jpgIMG-580f3df8e20058d68bb67279da1866c2-V.jpgIMG-0c565db21c5e5355755af9a9c89c397c-V.jpg
 
Четврток 18:45ч.
ПЕЛИСТЕР - Загреб
Деценија и пол Битола чекаше повторно да се приклучи на врвниот ракомет.
2023 година ќе ја памтиме по освојувањето на долгочеканата титула, која за битолчани има посебно значење.
Можевме конечно во оваа година да уживаме во Лигата на Шампиони гледајќи го нашиот локален клуб и државен шампион -ПЕЛИСТЕР!
За жал, можеби од преголема желба, не запишавме ни една победа.
Четврток е последна шанса за ова посебна година за нас, година со жешки изданија во кои буквално ниту една екипа не остана рамнодушна, така ќе биди и овај натпревар.
БИТОЛА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ МОБИЛИЗИРА, ПОВТОРНО ХРАМОТ НА РАКОМЕТОТ ЌЕ ЕРУПТИРА
Победата ни е на дофат, мора да ја зграбиме заедно...
ЧКЕМБАРИ и БИТОЛЧАНИ
ова утакмица е таа шо не треба да ја пропуштите.
Без исклучоци - СИТЕ НА РАКОМЕТ!
Собир на Чкембари, офицерски дом 17:30ч.
ОДИМЕ ЈАКО!!
FB_IMG_1701780569959.jpg
 
Со денешната демонстрација на сила која групата ја прикажа при лош термин и уште полоши резултати, ја затворивме секоја понатамошна дискусија. Светлосни години пред сите други!

Последното гостување полусезонава е веќе зад нас, а пред нас последното коло дома, против екипата на Тиквеш.

За уште една голема победа, за уште едно одлично издание, за нас како група и клубот наш - МОБИЛИЗАЦИЈА!!!FB_IMG_1701874256676.jpg
 
Брза мобилизација која даде добар успех. Преполн автобус, плус неколку коли денес. Искрено, се зачудив од бројката, знаејќи колку ужасен термин е ова, плус ако на тоа ги надодадеш дрвава на терен, кои цела полусезона немаат 5 гола дадено...

Навивање многу солидно, секогаш на вакви натпревари е одлично, бидејќи доаѓаат баш членовите кои се редовни и едуцирани. Затоа и копот беше убаво наместен, коцка, да личи.

По ова денес, којзнае какво ќе беше гостувањето на првиот датум. Мобилизацијата траеше со денови, одлична атмосфера се створи тогаш. Во секој случај, уште една голема победа за групата. На вакви натпревари некако се мери се.
 
Комити Запад | Нови дуксери.
 

Attachments

  • FB_IMG_1701952905763.jpg
    FB_IMG_1701952905763.jpg
    103,4 KB · Прегледи: 57
  • FB_IMG_1701952914281.jpg
    FB_IMG_1701952914281.jpg
    73 KB · Прегледи: 56
  • FB_IMG_1701952917150.jpg
    FB_IMG_1701952917150.jpg
    80,5 KB · Прегледи: 51

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom