...Некој, кој беше, е и ќе биде патриот во душа, наследник на патритозимот од трето колено, сакал преку ноќ, Скопје од еден град кој повеќе личеше на селска касаба, да го направи метропола како другите метрополи во ЕУ, онака со споменици и објекти како што има во сите метрополи, а поврзано со историското античко минато на Македонија, но и со поблиското патриотско минато, затоа што народ без корени во минато е само тралалајка што прашање на време ќе исчезне.
... тоа што плоштадот со се мостот и циганите од старата автобуска станица било поубаво од сегашниот плоштад, не проблем во вкусот, туку проблем на нечувствување на припадност, непознавање на историјата на македонскиот народ, тоа што некому му пречи новиот објект на Музеј на македонскиот народ, новиот објект на Архелошкото минато, што се наоѓа во центарот, тоа е само непознавање, непризнавање и нечувствување на своите корени, а можеби и не се негови корени, па и таков е и односот и тука ништо не се може.
... да не пишувам дека сум сигурна дека грото уште не биле на гробот на Гоце Делчев ниту знае дека внатре во црковниот двор постои и музеј на војводите и комитите и историјата преку фотографии на Гоце Делчев, а не само гробот.