@Aceso Преферирањето на факултет над занаетот нема идеолошки предзнак, и за време кралска Југославија факултетот бил извонредно ценет само бил недостапен за многу луѓе. За време СФРЈ (“комунизмот“ како што го нарекуваат многумина општественото уредување тогаш, иако погрешно) високото образование е бесплатно за сите и многу подостапно од пред војната, долго време Југославија кубурела со високостручен кадар па се носеле мерки за мотивирање на младите матуранти да продолжат со студии, посебно инжињери и доктори, со бесплатно домување за време на школувањето, школувањето е бесплатно а после завршениот факултет инжињерот/докторот/дипл кадар добива и бесплатен стан. Вработувањето се подразбира. Носени од тоа искуство, ќе ги чуеш постарите како препорачуваат факултет на средношколците, немајќи ни најблаг поим за моменталната инфлација на високото школство... сѐ додека не им се случи во фамилија, умен дечко/умна девојка у роднини одбраниле магистратура и седат дома, без работа.
Не ја отворив темата за да анализирам патеки на успешни луѓе, повторно, тие се малцинство, што е и нормално. Не мора да биде “или стратосферски успех или бездомник“, би морало да има некоја златна средина во која мнозинството би се нашло. Младата машка популација е посебно погодена, се носат закони со кои отворено се дискриминира машкиот труд освен ако е мануелен. Ако не се веќе донесени, се на пат, знаејќи како моменталнава северџанска кнежевска елита вредно препишува закони од колективниот запад без обѕир дали тоа е во полза на поданиците пардон, населението со кое владеат.
@МОЦАРТ Планот ти е одличен, веројатно веќе изодена патека од неколкумина, меѓутоа за таква патека на самообразување е потребна челична самодисциплина, која полуматурантите и матурантите ретко ја имаат, што е нормално. Што ги прави тие луѓе кои ќе успејат преку курсеви онлајн да изградат портфолио на проекти малцинство. Не ја отворив темата за малцинство случаеви, туку за мнозинство.
Ги спомна Сеавус и некои други успешни македонски ИТ фирми. Вработувањето по стручност и искуство голема е веројатноста да отстапи место на вработување по родов и национален клуч дури и во приватните фирми. Комплет штикли и кристална круничка ќе имаат предност при вработување наместо јасно демонстриран талент и страст за работа ако кандидатот е маж, и тоа од македонска националност.