Фан Клуб: Њукасл Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Јас навивам за Њукасл од 1996, од Европското во Англија, на мои 12 години. На тоа првенство ме импресионираше Ширер, па откако Њукасл потпиша со него, почнав да чепкам и да читам нешто за нив и оттогаш сум луд по нив. Они се моја прва љубов во фудбалот! Се уште жалам за пропуштената шанса за титула со Киген и прокоцканите поени и се уште ја паметам победата од 5:0 над Манчестер Ј. и им ја споменувам на брат ми и на татко ми (кои се изгорени по Мan Utd и иако оттогаш ние имаме кркано гадни утакмици со нив), сепак, тој 20-ти октомври 1996 сеуште ми ја грее душава. Пикок, Жинола, Фердинанд, Ширер и лобот на Албер. Уффффф, каков натпревар!!!
Инаку, Њукасл ги имам гледано во живо во Белград, мислам некаде 98/99 беше, Њукасл изгуби и беше елиминиран од Партизан. :(
Сега за фан клубот, и јас ја прочитав тогаш статијата во весник, се распрашав околу тоа и ми дадоа број од, мислам дека Мартин се викаше дечкото. Го барав неколку пати, сакав да се зачленам, но, ништо не испадна од тоа. Па сега сакам, некој ако знае некого поврзан со нив да ми каже како да стапам во контакт, па да се собираме некаде, заедно да гледаме натпревари итн.
Поздрав до сите навивачи на најдобриот клуб во Англија со најдобрите навивачи, ЊУКАСЛ ЈУНАЈТЕД!!!!
 
РЕСПЕКТ...Ценам вакви навивачи кои цел живот навиваат за еден тим независно дали е прв или последен...
Според имињата кога не би ја следел лигата би рекол дека Њукасл е помеѓу 5-8 место но последниве сезони некако се губи.Како да е проколнат тој тим.Оваа година добро стартуваа со победа и реми на Олд Трафорд па помислив конечно ќе си го најдат местото ама ништо.А тоа да Њукасал и Ливерпул ги имат најдобрите и најверните навивачи во Англија.
 
И јас се понадевав годинава дека ќе биде нешто. Богат газда, Киген за тренер, но, како и по кој знае кој пат промашени трансфери, освен можеби Гутиерез. Убаво тргна годинава, не сме земале бод на Олд Трафорд, Бог знае од кога, ама, после тоа.... јас мислам дека не требаше Вајс да го донесат, тој ги направи сите сплеткарии, се скара и со Киген и ги промаши сите трансфери. Не можам да сватам уште, како тим со еден од најголемите стадиони, со армија навивачи, полн со пари, да се бори за опстанок. Но, за тоа е само управата крива, што носеше разно-разни тренери и реализараше катастрофални трансфери.
И уште една година ќе си пројде, само не дај Боже да испаднеме, па да се надеваме дека летоска нешто ќе се смени, ќе дојде еден асален тренер и ќе тргнат работите!!!
 
Newcastle - Hull 0:1

И оваа сезона нема трофеј и нема излез во Европа!!!:vozbud::vozbud::vozbud:

Оффффффффффффффф, маки!!
 
Добро пак не победија??? Леле :tapp: Чао ФА Куп а ни во лигата не им оди баш сјајно. :( :angry3:
 
Манчестер Сити 2 - 1 Њукасл
...:tapp:

Следен меч во недела на домашен терен против САНДЕРЛЕНД!!! Најголемите ривали во Премиер Лигата се среќаваат повторно...
Има да ги смачкаме...:zlo:ОО ќе има плачки!
 
Наредната победува Њукасл 100% одлична шанса да се извади малку на табелата
 
Сега со новото засилување ќе победувате повеќе сигурен сум во тоа.Кевин Нолан е одличен фудбалер таков му требасе на Њукасал
 
Утре ако не победи Њукасл црно му се пишува редно е да тепа мислам и да излезе од дното
 
јас мислам дека утре Њукасл ке тепа 100% !!!:wink:
 
Играва е беда и очај! :vozbud::vozbud:
Со ваква игра тешко ќе останеме во Премиер лига! Веќе почнувам да се плашам!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom