Свадба прашања

  • Креатор на темата Креатор на темата trit
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 февруари 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,
Ја отварам темава за да си добиеме одговори во врска со се што не интересира околу свадбата финансии,обврски…

и да го поставам моето прашање годинава ќе правиме свадба и крштевка покрај парите што ќе им ги дадеме во плик на кумовите,старосватот девер…требало да им спремам и бочва па би сакала да ми дадете идеја што да им купам како бочва
Ми треба за кум,кума,кумче
Старосват,старосватица и 2 девојки
Девер
 
Единствено во Македонија во 21 век се размислува за спремање бовчи + пари во плик :свиркам:

Фино лепо ќе си се договориш со кумови/девери/старосватици. Нити тие вас, нити вие нив и ете ти мирна глава. Свадба/крштевка е свечен чин во кој треба да уживаш со своите најблиски. А не да си тупиш мозок дали да им купам апарат за кафе/фритеза/правосмукалка или глупости од типот облеки.

Баталете тие бабини деветини, требало ова, требало она.
 
Здраво,
Ја отварам темава за да си добиеме одговори во врска со се што не интересира околу свадбата финансии,обврски…

и да го поставам моето прашање годинава ќе правиме свадба и крштевка покрај парите што ќе им ги дадеме во плик на кумовите,старосватот девер…требало да им спремам и бочва па би сакала да ми дадете идеја што да им купам како бочва
Ми треба за кум,кума,кумче
Старосват,старосватица и 2 девојки
Девер

Абе каква боЧВа, не ни помислувај бочва да им даваш :D
БоВЧа е тоа што ти треба. Ако беше сакаш, нешто помало гледај, накит, саат... помина времето кога се правеле големи бовчи со 300 ствари текстили а у...
 
Види имам јас една мака на темава ако е ок имам ваучер за Везилка/Дениција со важност до крај на 2023 ако некој е заинтересиран да ме побара
 
Јас на свадба сум бил само два пати во животов. Не ни знам што е тоа бочва. Стомна онаква од керамика, за вода што ја правеле порано? :D
 
Јас на свадба сум бил само два пати во животов. Не ни знам што е тоа бочва. Стомна онаква од керамика, за вода што ја правеле порано? :D
Најверојатно ќе ме бришат пак ама ај.
Бочва е ова, најчесто за вино се користи
820f5461-ed85-46d8-a62b-7d89cbc2f256.jpg

Обично за мираз порано се давале, не знаев дека уште постои тоа.

А тоа за вода шо збориш ти, е ќуп. Е и тие мираз ги давале исто.
 
Дарување бовчи од страна на невестата на младоженецот и на неговата фамилија, на кумот, старосватот и целото нивно потомство, значи и на ако имаат брат, сестра, деца, татко, мајка...ихааааа...порано се правеле и по повеќе од 20ина бовчи...прост и глупав адет, трошкови невидени а за содржината на поранешните бовчи(сега барем помали и покултурни ги прават) да не прајме моабет..хаххааа..кога ке ми текне што се не ставаа во нив, од гаки, маици, прслуци, чорапи, па дури и до чадор мал на расклапање :pos::pos:

Можеби овој обичај ќе потрае уште десетици години, но сепак, се е ствар на договор, на финансии и од културата на самите младоженци. Пари наместо бовча ми е исто глупаво, исто е трошок непотребен...ете, ај да речем да се даруваат со по некое парфемче, новчаник убав кожен, квалитетна бањарка....а што знам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom