Светско првенство(мажи)-Полска и Шведска 2023

  • Креатор на темата Креатор на темата shweps
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот светски шампион?


  • Вкупно гласачи
    88
Јас мислам ке изненадиме вечерва,комплетни сме...само да не судат французинките,и данските садисти.

Добар виц. Ама ајде, изглеа те лупнала еуфорија.
 
За вечер само посакувам да излеземе со променет пристап кон натпреварот за разлика од претходната генерација.
Згадено ми е веќе од тој пристап,од играње во стилот "15 минути ќе пробаме да парираме,ако не ќе се штедиме за наредните натпревари".
Уствари реалноста беше дека се предававме уште пред да почне натпреварот.

За вечер сакам само да одиграме брзо и модерно како што игравме на припремите,со јака одбрана да ги искасапиме Норвежаниве,барем да покажеме желба за победа.
Имаме многу млади ракометари во составот,ако ништо друго може да трчаме и да се надигруваме.
Според мене е побитно да им се всади таков менталитет на играчиве и во иднина да одат на победа на секој натпревар,отколку да се помине во втора фаза.
На долги стази тоа сигурно ќе даде резултат.
 
За вечер само посакувам да излеземе со променет пристап кон натпреварот за разлика од претходната генерација.
Згадено ми е веќе од тој пристап,од играње во стилот "15 минути ќе пробаме да парираме,ако не ќе се штедиме за наредните натпревари".
Уствари реалноста беше дека се предававме уште пред да почне натпреварот.
Исто! Го читав Магдинчев денес и покрај тоа што човекот е стручњак, на крај кога рече да се чуваме за Холандија и Аргентина нејќев да дочитам... Побогу, не се 40 годишни, па да не можат да издржат неколку натпревари (плус за разлика од минатото меѓу нив сега има и ден пауза, порано знаеја и по три утакмици да се играат во три дена). Башка имавме среќа да бидеме во оној дел со Германија/Норвешка, а не со Франција/Шпанија или Египет/Данска/Хрватска. :toe: Еднаш имавме аутсајдер како Иран во група, или Чиле/Катар 2013-та, па така едвај со 2-4 разлика тепавме на тие утакмици. Групата наша е подобра од онаа од ЕП или од онаа од прошлото СП.
 
Ако се случи да изгубиме бар да биде некоја мала разлика а во друг случај посакувам исто таква победа за нас со драма до самиот крај на натпреварот.
 
Добро бе негде има официјална страна за следење стрелци, статистики итн?
 
Јак ритам удрија Холанѓаниве, ама полека Аргентина се врати у натпреварот. Ќе биде тешко со двете.
 
Добро бе негде има официјална страна за следење стрелци, статистики итн?

Мн лоша статистика и 70% од времето е падната преоптоварена, стандард за секое Светско, за разлика од Европско каде имаат прецизни статистики.

@Riki94

Android:

 
Последно уредено:
Исто! Го читав Магдинчев денес и покрај тоа што човекот е стручњак, на крај кога рече да се чуваме за Холандија и Аргентина нејќев да дочитам... Побогу, не се 40 годишни, па да не можат да издржат неколку натпревари (плус за разлика од минатото меѓу нив сега има и ден пауза, порано знаеја и по три утакмици да се играат во три дена).

Нема поголема глупост од тоа со "штедењето". Тоа само кај нашите "експерти" поминува. Се знае како се игра на првенство. Се игра меч по меч и се игра на победа на сите. Кога ќе "запали" тогаш. Тоа не значи да се игра со 7 души. Ракомет секако не се игра така денес и ротација мора да има.
 
Аргентина игра како против Романија, катастрофално лошо! Холандија ништо посебно не е подобра, колку што Аргентина има лош напад.
 
Не би требало да имаме проблеми против Аргентина.
 
Како можи на официјалната страна на СП да нема за тимови со играчи, статистики претходни и сега од СП???
Инаку овие Аргентина многу отепани бе? Да не испадни групава полесна него што очекувавме. Иако, знаејќи ги нашите, можат и скапо да продадат кожа денеска и после да извадат Х со Аргентина :ROFLMAO: .
 
Aj ako moze link za natprevarot denes za tie sto se Nadvor od Mkd, na Koja programa ke prenesuvaat Kaj Nas? Mtv3?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom