Подемот на вештачката интелигенција

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
"Вештачката интелигенција" е новиот хајп за да имаат оправдување големите фирми да бркаат луѓе од работа.

Вештачката интелигенција не е ништо ново и еден дигитрон е доказ дека била целото време присутна околу нас.

Кога ќе почнат авионите да летаат без пилоти (иако денес летаат со 3-4 back up одделни компјутери и независни софтвери еден од друг), тогаш зборете дека ќе ги замени луѓето.
Дигитронот нема В од Вештачка интелигенција. Обичен получип од макс 1 МВ капацитет кој е доволен за најобичните аритметички операциии.
 
Последно уредено:
мене ми е забавно, обично го прашувам ботот некои многу контроверзни прашања и сакам да му ги читам одговорите и да пробам да го натерам да размислува. Но некако братот е превише цензуриран.
 
мене ми е забавно, обично го прашувам ботот некои многу контроверзни прашања и сакам да му ги читам одговорите и да пробам да го натерам да размислува. Но некако братот е превише цензуриран.
Ne te mrzi da go gubis vremeto da se zanimavas so nekoj AI chat BOT? Kako ti e toa zabavno zivti se, ja nit sum pobaral nekakov odgovor od takvo nesto nit ke pobaram, za kur mi e. Ke pisam na Google i ke najdam se sto mi treba.
 
Дигитронот нема В од Вештачка интелигенција. Обичен получип од макс 1 МВ капацитет кој е доволен за најобичните аритметички операциии.
Тој получип од макс 1 МБ е исто толку продуктивен колку и еден мега чип со 54455654 GB капацитет.

Се мери продуктивноста на крај а не тоа кој колку мега или гигабајти има!

И една видео игра бара многу гигабајти рам, но нејзината продуктивност е нула!
 
Нема врска продуктивноста, поентата е дека има 0 НУЛА знаци на Вештачка Интелигенција.
 
Ne te mrzi da go gubis vremeto da se zanimavas so nekoj AI chat BOT? Kako ti e toa zabavno zivti se, ja nit sum pobaral nekakov odgovor od takvo nesto nit ke pobaram, za kur mi e. Ke pisam na Google i ke najdam se sto mi treba.

Не би рекол дека има одговори за некои работи на Гугл. Дипсик конкретно наоѓа ствари што ретко негде ги има. А и презентацијата е битна. Аи ботот све структурира и е многу поинтуитивен. Конкретно кинескиов, многу пати ми се нашол да решам некој проблем со компјутерот или слично.
 
Ne te mrzi da go gubis vremeto da se zanimavas so nekoj AI chat BOT? Kako ti e toa zabavno zivti se, ja nit sum pobaral nekakov odgovor od takvo nesto nit ke pobaram, za kur mi e. Ke pisam na Google i ke najdam se sto mi treba.
И самиот Google ти го сортира и одговара прашањето врз база на АИ пребарување и процесирање.
 
Нема врска продуктивноста, поентата е дека има 0 НУЛА знаци на Вештачка Интелигенција.
Ако ти можеш за 1 секунда да ми кажеш колку е 432457 поделено со 554 и тоа за тебе е нула вештачка интелигенција. Тогаш дискусијата завршува тука!
 
Ако ти можеш за 1 секунда да ми кажеш колку е 432457 поделено со 554 и тоа за тебе е нула вештачка интелигенција. Тогаш дискусијата завршува тука!
Врска нема тоа со ВИ, и дигитроните имааа и имаат лимит во цифри до каде да одат со пресметките. А ако ти мислиш дека дигитрон од 1950тите има моќ за АИ и користи АИ, истотака дискусијата завршува тука!!!
Тоа е чип со интерна меморија. Пред се.
Автоматски споено мислење:

П.С
IMG_2417.jpeg
И тогаш ли имало ВИ?

П.п.с
Калкулаторот е продукт пред компјутерот.
 
Последно уредено:
Ако ти можеш за 1 секунда да ми кажеш колку е 432457 поделено со 554 и тоа за тебе е нула вештачка интелигенција. Тогаш дискусијата завршува тука!
Кадаиф, бркај во црева, спасувај луѓе и не смарај. Два на два на трета ќе те збуни без чат гепете ебате.
 
"Вештачката интелигенција" е новиот хајп за да имаат оправдување големите фирми да бркаат луѓе од работа. Вештачката интелигенција не е ништо ново.

Чив е хајпот? Кој хајпа, со која причина? Кој и што се очекува на крајот од хајпот? Како го сфаќаш ти хајп, бидејќи хајп нема по дефулт негативен контекст. Малце конфузно звучиш, можеби тренд е поточен збор за твојот пост.

Ако е само изговор АИ тогаш кажи ми ја вистинската причината за бркање? Како тоа сите големи компании во ист момент имаат потреба од бркање луѓе ако не е технолошкиот вишок причината? Не можеш да кажеш дека АИ е изговор за падење а да не дадеш причина зошто има воопшто потреба од масовно падење. Работам во корпорација и можам да ти кажам дека годинава ги кошта само до сега двоцифрена бројка милиони во евра за да исплатат луѓе кои до некни ги хедхантаа да си одат нудејќи атрактивни severance packages дури многу над законски предвиденото. Бркање така или онака кошта, но зошто? Како ќе ги оправдаат овие трошоци пред инвеститороте бидејќи некои исплати се толку високи што може да ги држат тие луѓе на платен список три години без ништо да им работат. Изговор во АИ до сега јас гледам само во бркање сите над 50 години за да не ги тужат за старосна дискриминација.

Проектите околу генеративен и агентик АИ на кои работам се со underlying goal of reducing head count нажалост и можам да ти кажам дека не мора да чекаме АИ сам да лета авионите за луѓе да бидат заменети во многу секојдневни позиции, не само IT code monkeys туку многу сапорт и операциони функции, административни функци, прокура, data science, репортинг и сѐ околу финансиските системи позиции, сметководство, плаќања итн. се импактнати.

Во најмала рака е смешно да кажеш дека АИ не заменува луѓе. Многу работи стануваат поефикасни со АИ, не е дека АИ заменува некој 1:1 туку опаѓа работа во тимови која претходно барала повеќе вработени и повеќе време. Корпорациите сега истураат милиони, не се сега во ќар со падење. Ги слушам плановите.

Не дека нема smoke screen, многу голем дел од АИ е џанк. Некои работи да се завршат фаќаат подолго со понедостојни резултати од порано но како паѓаат одлуки од високо на хиреархијата така се повеќе и повеќе губаат смисла подолу. Бев по воркшопи и панели па имав шанса да зборам за АИ со CEO и менаџмент тимови на доста големи корпорации некои и германски како Körber, Volvo, the big four KPMG, Accenture и за мене највпечатливата IDEMIA која се бави со јавна сигурност, системите за платежни картички, пасошите, биометрија па се навлезе во високите ризици кои АИ ги носи во таа сфера за кои ете можеби не си свесен но наредуваат да се толку многу инвестира. Иако трендот го сетираат големите како Мета но другите адекватно следат. Не може таква трансформативна сила да биде “само хајп”.

Не е се така и апокалиптично, многу работни позиции во светот ќе умрат но на сметка на тоа ќе се отворат други. Светот е само приморан да се преквалификува што е фер.

IMG_1780.jpeg

IMG_1781.jpeg
 
Чив е хајпот? Кој хајпа, со која причина? Кој и што се очекува на крајот од хајпот? Како го сфаќаш ти хајп, бидејќи хајп нема по дефулт негативен контекст. Малце конфузно звучиш, можеби тренд е поточен збор за твојот пост.
Ти веруваш дека хајп нема негативен контекст пошто си насанкан на хајпот, што е и неговата основна цел (самиот збор значи преувеличено). За некои работи едноставно нема потреба од хајп. Други кои не можат да поминат, мораат да се хајпат за да загризаат рибите.
1745865889445.jpg
Сега заебанцијата е што дојде време кога во последните 15 години иновации нема!

Производството е 98% во Кина. Фирмите дури и да се иновативни и да избацат нов иновативен производ ќе бидат веднаш копирани од местото каде се произведуваат а со тоа нема да можат да ги повратат милијардите кои ги вложиле за да дојдат до иновацијата.

Така да единствено нешто што остана е хајпот како "основна иновација" или продавање на празна слама.

Кој авион ќе лета без пилот? Поавтоматизирано нешто од авиоиндустријата нема, но тоа не значи дека не може да се случи краток спој, лабав штраф, оси да свијат гнездо во сензорите за висина, брзина, компјутерот да закочи, да влези авионот во бура и листата продолжува и продолжува што еден чат бот колку и да е современ нема да ги распознае пошто работи по алгоритам. Сега не е ова шах и алгоритмите да се јасни и прецизни туку релативна материја! Во крајна сметка да и да набапкаат еден милион сензори тој чат бот ќе биде безкорисен и неисплатлив.

Сега доаѓаме до тоа зошто хајп.
Па и самиот си одговори подолу во постот! За да бидат задоволни инвеститорите! Што може да им понуди нив фирмата или конзорциумот освен хајп кој тие мораат да го загризат!

На оригиналниот Роналдо не му требаше ни хајп ни медал од лига на шампиони за да биде неговото име од стравопочит. Денешниве генерации го знаат Кристиано кој со хајп и неколку платени фејсбукџи од "Велес" успеа да ги насанка арапите да мислат дека со пенали се станува најдобар фудбалер.

Во тој економски форум каде презентираат ексел табели се слуша дека ќе се инвестираат трилиони долари во АI кои всушност се пари од буџет и надворешен долг. Да да баш во еден алгоритам кој личи повеќе на браузер.
Автоматски споено мислење:

Бев по воркшопи и панели па имав шанса да зборам за АИ со CEO и менаџмент тимови на доста големи корпорации некои и германски како Körber, Volvo, the big four KPMG, Accenture и за мене највпечатливата IDEMIA која се бави со јавна сигурност, системите за платежни картички, пасошите, биометрија па се навлезе во високите ризици кои АИ ги носи во таа сфера за кои ете можеби не си свесен но наредуваат да се толку многу инвестира.
Толку години поминаа во напредување на технологија и софтвер а крадењето на автомобили со тие софтвери и цедењето на кредитни картички онлајн стана за професионалните араамии полесно од кога и да било.

Секојдневно има примери на германската телевизија како на некој му исчезнале 50 000 евра од сметка. Оди на марктчек и гледај!
 
Последно уредено:
Screenshot_20250422-191940_Facebook.jpg
Ако видиме кој стои зад агендата со вештачката интелигенција ќе заклучиме дека нема надеж за човештвото, за неколку децении ќе стигнат до златната милјарда а и под милјарда население.
 
Прегледај го приврзокот 449988
Ако видиме кој стои зад агендата со вештачката интелигенција ќе заклучиме дека нема надеж за човештвото, за неколку децении ќе стигнат до златната милјарда а и под милјарда население.
Веќе оценувањето е преку AI за училиштата во САД а кај нас во лабораторија веќе се користи AI за детекција и селекција на канцерогени клетки. За тоа AI може да помогне, ама за генерална едукација и предавање или доктор давање дијагноза не.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom