Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас ја гледам. За жал ланската не ми е гледана за да споредам, само 2 сезони не ми се гледани од вкупно 6, втората и ланската (петтата), односно гледани ми се со Немања Павлов, Влада, Андреј (и Тони) и оваа сега. Таа сезоната со Немања имаше опасни сплетки, најдобриот натпреварувач според мене (Оги) одма го избација, најдалеку догураа тие што највеќе манипулираа и ги мамеа луѓето како да гласаат, такво нешто немам ни приближно видено другиве сезони до тој степен, се е онака смут, и тоа буцки што има се од водителите, за да не е досадно. Ова со Михаела е преглупо, може да си догура до финале вака повредена, нит смеат да ја гласаат нит ништо, а ништо не се покажала во игрите во кампот, најдобро според мене е да се игра како да е баш преживување, кој не може да издржи се враќа дома, кој се повреди исто се враќа, кој не може болката од повредата да ја издржи или му се комплицира раната исто се враќа, среќа или несреќа тоа е тоа, посурово треба да е малку, да не е само диета шоу и реклама на натпреварувачите. Игрите се ретардирани, понеделикот баш синиве ги прегазија црвените цела игра, на крај ништо не можеа да погодат 6:2 заврши за црвените, со гаѓање на крај се сите, кај се старите игри борење во кал, кошарка во вода, влечење јаже. Од натпреварувачите од женскиве никој не заслужува да победи, евентуално Наташа, од машките Лука, Лазар и Марко, од сините Давид, Денис и Амер се океј, ама не мислам дека имаат доволно во нив за победа. Пресмешен е Давид со изјавите, најјак е убедливо од сите, вика “Драга има голема дуууша“, “Ех што ќе беше да бевме избањати“, “Сега Драга ми падна на третото место, пошто кога победија направи така фаца со забите“Не ми е толку пеивлечна оваа сезона од предходната. Колку можам гледам.
Како што пишав и предходно игрите доста исти. Интересни се учесниците ама нема некој од кај србиве да се издвои, хрвативе некако како тим се подобри иако вчерашната епизода во играта одлични беа србиве.
Некој ја гледа друг сезонава?
Ги има некаде епизодите онлајн да се гледаат? Не можам во живо.
Пишано е веќе овде за страната.Некој знае страна за отпосле гледање епизоди кај што ги прикачуваат?
Ова беше можеби и најинтересен, многу повеќе ми се допадна од 4тиот кога беа Накова и Жаре. Е сега за услови и самиот Тони има изјавено дека очекувал многу посурови, дека не го осетиле тој глад од првата и втората сезона. Интересно како полигоните беа пократки, а игрите поинтересни, се беше импровизирано во тие изданија (1-4) ама беше поубав вајб од сегашниве монотони полигони. Овој сега што се емитува се издвојува по непочитување, не памтам да имало други години за време на емитувањето вакви навреди ко смрди ко од континјер/бездомник, не ми се обраќај итн, не знам дали продукција ги буцка драма да прават или стварно се толку терсен карактери дел од учесниците.
Затоа и баталив да го гледам оваа сезона. Предходната ајде нешто поразлично па гледав ама оваа сезона игрите исти стил. Највеќе има она гаѓање во нешто.Ова беше можеби и најинтересен, многу повеќе ми се допадна од 4тиот кога беа Накова и Жаре. Е сега за услови и самиот Тони има изјавено дека очекувал многу посурови, дека не го осетиле тој глад од првата и втората сезона. Интересно како полигоните беа пократки, а игрите поинтересни, се беше импровизирано во тие изданија (1-4) ама беше поубав вајб од сегашниве монотони полигони. Овој сега што се емитува се издвојува по непочитување, не памтам да имало други години за време на емитувањето вакви навреди ко смрди ко од континјер/бездомник, не ми се обраќај итн, не знам дали продукција ги буцка драма да прават или стварно се толку терсен карактери дел од учесниците.
Ма моментално е накдобро ништо да не се гледа од реални шоуа.Само Задруга каков Сурвајвер какви бакрачи.