Портрети (ваши дела)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dark Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што помина модата на фотграфирање ромчиња. :)

Друго, што знам што да ти искоментирам. Арна фотографија.
 
Затоа што помина модата на фотграфирање ромчиња. :)

Друго, што знам што да ти искоментирам. Арна фотографија.

Знам дека е тотално аут да се фотографираат ромчиња, а и патетично делува по малку али ова девојче ми беше многу слатко...Требаше да ја ставам оригиналната фотка - има поморанџеста коса како морков, целата бушава и нечешлана и ми беше многу смешна и интересна... :)
 
Браво Блонди... најкарактеристичниот дел од изгледот на ова девојче си го избришала конвертијарајќи ја фотографијата со сепиа филтер...

Немој да бегаш од боите. Секогаш фотографирај во боја а подоцна во фотошоп види како фотографијата изгледа подобро, во боја или црно-бела.

Јас лично, црно бели ги правам фотографиите само ако го утнам колор балансот, или ако боите на фотографијата се нехармонично распоредени, па да ублажам ситуација.
 
Знам дека е тотално аут да се фотографираат ромчиња, а и патетично делува по малку али ова девојче ми беше многу слатко...Требаше да ја ставам оригиналната фотка - има поморанџеста коса како морков, целата бушава и нечешлана и ми беше многу смешна и интересна... :)

Со оглед на тоа што сеуште вежбаш, не се многу замарај дали е аут да сликаш ова или е ин да сликаш тоа, сликај се што ти се допаѓа, се што те привлекува, не ја следи многу многу “модата“ на сликањето. Јас лично сликам се, ич не ми чуе дали е во мода или не. Се што мене ми се допаѓа го сликам. Ти предлагам и ти да правиш така, ако ништо друго барем додека не се усовршиш.

Ќе се согласам со Тончи, избегнувај да ги ефектизираш сликите премногу, ефектот не ја прави сликата добра, туку ги прави способностите за ефектизирање слика добри. Има одредени фотографии кои ги сликаме со цел да бидат во одреден стил (стари оштетени, блек енд вајт, сепија) ама сепак, тоа е со точно таа цел. Не предпочитам лупање рандом ефекти на фотографија.

Јас лично сум заљубен во црно бела фотографија, или пак vintage. Но, кога сликам не сликам слика со тоа да после пробам и да видам дали е добра со ефект или без, туку сликам слика што знам дека ќе биде црно бела, па избегнувам премногу контрасти или ситни стварчиња шо ќе изгледаат грдо, или пак сликам vintage, па дозволувам горење до одреден степен, или пак силни контрасти.

Напишав лектира цела во постов, ама поентата ми беше, направи си инстант концепт пред да ја шкрапеш сликата, на почеток е тешко, пошо нема да знаеш шо како, со малку пракса, ќе видиш дека е многу корисно, неможеш секогаш концепт да правиш, пошо некои слики едноставно испаѓаат добро по чиста случајност, но сепак, добро е да размислиш секунда две пред сликата, а и пред да ја фотошопизираш. :)

Ај баш закачи ја оргиналната, ако ја чуваш, ако не ја чуваш, и за тоа би те искарал, никогаш, ама никогаш не го едитувај оргиналот, направи си копија, па прави шо сакаш на копијата. Затоа шо после тоа, ако не си задоволна со резултатот, оргиналот е сеуште тука. :) Се иам заебано на почеток со неколку фотографии така, ти кажувам од лично искуство. :)
 
Првата и третата вршат работа, малку зголеми контраст, подсреди levels, и малку ама ептен малку saturation, или vibrance
 
Детево се вика Александар Златевски и е син на мојот братучед...Што викате за портретов? Muchacho.jpg
 
не сум некој баш за да кажувам за портрети ама мене лично ова ич не ми се свиѓа,многу е темно и ептен во кадар само главата на детето ја има.
 
Темно е многу, и нема простор за фотографијата да дише. Вакви фотографии само у лична карта и слично.
Поубаво ќе било апаратот да ти бил во лендскајп ориентација, па да има простор од едната страна, да видиме со што е опкружено ова дете.
Оваа фотографија кажува премалку.
 
Ај еве едно ново портретче,пресно..па шо викате/мислите/велите за портрет-ов ? Чини/нечини ова она.. :)
img5669edited.jpg
 
Еве и од мене еден нов портрет...Оваа мала убавица се вика Михаела и има 5 ипол години(на братучетка ми дете)

Mihaela.jpg
 
Еве и од мене еден нов портрет...Оваа мала убавица се вика Михаела и има 5 ипол години(на братучетка ми дете)

Прегледај го приврзокот 34309

Увек те критикувам, не ми се лути, само сакам боље слики да правиш. :)

ја гледаш таа грда сенка шо се појавува од косата на ѕидот? Можеш да ја избегнеш со тоа што ќе го поместиш моделот, во случајов братучедка ти, поназад, подалеку од ѕидот, за да дозволиш сенките да омекнат малку и да излезат од фокус, такада малите остри сенкички нема да се познаваат толку многу.

И уште нешто, за мое око поубаво е да не е ликот централно поставен, мрдни го малку лево или десно во сликата.

:)
--- надополнето: Sep 25, 2011 9:04 PM ---
half_self_portrait_by_donjas-d4awtx5.jpg


еден пола авто портрет :)

Helios 44m - @ 2.4 f, 400 iso, 1/30 sec
 
Еве нешто од мене.Давајте критики.

Кога јас би ја играл сценава, би се поместил со апаратот малку подесно, за да фатам повеќе од ликот на девојката, или пак ако сакаш помалку од чадорот повеќе од плажата, тогаш девојката би требало малку повеќе да биде свртена накај тебе. Можда и поблиску за нијанса, троа посветло :)
--- надополнето: Sep 26, 2011 2:06 PM ---
Ај еве едно ново портретче,пресно..па шо викате/мислите/велите за портрет-ов ? Чини/нечини ова она.. :)
img5669edited.jpg

Две ситни замерки, малку си требал да ја затвориш блендата, за да биде муцката малку повеќе во фокус. И можда си требал да поработиш на catch light во очите. Вака црни се губат покрај темните веѓи и сенките :)

оверол, фина фотка :)
 
Што милсите за овие? На сликите е исттот девојче - Михаела Јовевска :)behind the trees.jpgHer eyes....jpgThat look.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom