Secret Movie Santa

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување
Посакувам у некој паралелен универзум да се приклучев на Сикрет Сантава и да ми се паднеше Џонка (сељачки назив според Корвус, сељачкии???) па да му пуштев некоја нигерска комедија од Нигерија со невиден глумачки талент и сценарио на кое и Боливуд љубомори, а камо ли Холивуд.

Џонче, ме пресмеа со твојава рецензија. Дај напрај некој сеоски К-15 шоу, да урламе по дома од смеење, живти се.
Џонка би бил некоја сеоска верзија на Ристо и Блажо? :D
 
Штотуку сфатив дека сега ќе треба да го викаме Филипче. (?) :( Колку тажно! Барам со закон да се забрани промената на никови.
Ја ќе го викам Венко. :pos:
 
Посакувам у некој паралелен универзум да се приклучев на Сикрет Сантава и да ми се паднеше Џонка (сељачки назив според Корвус, сељачкии???) па да му пуштев некоја нигерска комедија од Нигерија со невиден глумачки талент и сценарио на кое и Боливуд љубомори, а камо ли Холивуд.

Џонче, ме пресмеа со твојава рецензија. Дај напрај некој сеоски К-15 шоу, да урламе по дома од смеење, живти се.
џонката :pipi:
 
Штотуку сфатив дека сега ќе треба да го викаме Филипче. (?) :( Колку тажно! Барам со закон да се забрани промената на никови.
Викајте ме Џонтра. Ова секако е за уметничко дојам. Сопствен.
:D
 
Мене ми се падна овој филм:

Благодарност до тој/таа што го предложи овој филм за мене.
Како прво морам да кажам дека не сум го гледал до сега филмов и беше интересен "мал" филм за мене иако трае скоро 2,5h.
Филмот е slow burner,почнува интересно и мистериозно и се запрашуваш што всушност се случува тука а завршува тажно и депримирачко.
Уживав во филмот но малку ме погоди бидејќи сега пред Нова Година ми се случија некои лични и приватни работи што не ги заслужив.
Оценка за филмот 6,5/10 од мене.
 
Мојот дедо мраз ми го предложи Фајкла, демек по ников. Сто пати гледан, уште толку пати дискутиран на нетов и на форумов. Сценариото, приказната, мистеријата, целиот overall филм го знаете сите, па не треба да пишувам некоја рецензија, само би кажал како јас сум го доживеал на различни години.

Го гледав првпат кога бев средно, тогаш ми беше еден од најдобрите филмови, и од аспект на приказна и плот твистот (да, еден пишува позади ников :cautious:) и од аспект на самата филозофија, на разочараност и потреба на некои индивидуи својата фрустрација да ја ослободуваат преку насилство и потреба од кршење и уништување. Подоцна кога заминав на факултет и кога созреав малце како личност, на филмов гледав како плиток, ми сметаше идејата одредени исфрустрирани ликови да кршат и да уништуваат нешто што е направено од способни индивидуи. Тоа го сметам и сега, но повеќе го разбирам нихилизмот што е водечка филозофија на филмов, дека во животот нема да ти испаднат работите така како што посакуваш без разлика колку и да се однесуваш и постапуваш правилно, играјќи по општествените правила и норми. Enough со филозофирање.

Друго би додал дека доколку филмов не сте го гледале пред 2011, нема шанси да ви допадне после толку спамање, форсирање и спојлерисување. Бесполезно е воопшто да се гледа, нема шанси да се доживее правилно, како да почнеш да ја гледаш Game of Thrones сега за првпат. За другите што го гледале пред филмов да стане ултра популарен импресиите се големи и дека е еден од најдобрите филмови.
Јас спаѓам во вторите. 10/10

За кајгана форум, Тајлер Ниче.
 
Кркав анимиран филм јас..
Не се жалам де :D

Го добив анимираниот филм Klaus од 2019.
Филм со божиќна тематика..

Имено, се работи за мамлаз, син на влијателен човек, испратен да биде поштар во некое забегано и далечно село. Во селото беснее неред и пакост на секоја страна. Луѓето поделени на два клана, поштарот на средина. (Ако се прави вистинска адаптација на филмов, може да биде сместен у некое село у Дебар). Почнува со работа таму, запознава стар белобрад човек..итн итн.

Да не откривам многу и да не напишам некој спојлер ке застанам тука.
Филмов е ремек дело од гледна точка на анимација. Уживав додека го гледав. Малку хумор, позитивни и негативни случувања како во секој анимиран филм, тажен крај..

Убаво ми дојде да го изгледам баш во овој период. Благодарност до Дедо(?) Мраз(мислам дека знам кој си). :love:

4,5/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom