Колку примања се потребни во Македонија за да една фамилија има пристоен живот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Од каде сега кладилница во муабетов, не разбирам. Јас фудбал од карате не разликувам, уште кладење ми фали.
Тоа дека си без визија. Да имаше ќе научеше некој занает, кладилница, крипто, плочки лепење.
 
Велиш камуфлажа да им направам? Нема тоа да ми ја рани душата, сакам курчот вистински да ми биде. Вака скроз фејк, уште помизерно ќе се чувствувам. Кај сиромашен, уште фејк. Вака сум барем автентично сиромашен.
Fake it till you make it!
 
Не е ова тема овде, но ме истригерира.

Пред 10-15 години може земале 700-800 евра.
Остај тие приказни, огромен процент од нив не се појавуваат на предавања и ги боли цеф за образованието на младината и својот предмет. Огромен дел од нив лапкаат кеш за "експертизи", "мислења", членуваат во бордови, лапкаат хонорари за тоа што ќе фигурираат во некакви си "студии" на невладини организации, се пикаат во политика и во државна власт и параллно земаат пари од 2 места, сето тоа убаво покриено од политичката партија што ја застапуваат како властодршци. А и секогаш тука е митото, ако не стекаат лова преку горенаведените методи. Плус, бонусче/процент од магистерска/менторство да не заборавиме.
На техничкиве науки професорството им е одмор уствари. Голем дел од нив си тераат сопствен и личен бизнис во приемни термини, кои патем се 3-4 саати неделно.
Саатнината што ја имаат при таа работа, па да не ја зборам искрено. Плус имаат по 3 месеци практично одмор (лето/зима кога нема предавања и меѓу семестри и секако во сесија) Дали 20 саати работат неделно, тестови, консултации, прегледувања, испити све тоа го врши асистент/демонстратор...
Плус, последен пат кога имале некое релевантно и признато истражување или research paper било пред 20 години, кај најголем дел од нив.

Додај на тоа што постојат огромен дел на манијаци и по ново "сексуални предатори" меѓу истите, што е своевиден бонус на сево ова горенаведено...

Не сакам да ја деградирам таа фела, ама воопшто не се за жалење тие ликови и професорувањето им е отскочна даска во животот.

Би рекол дека тие што "кубурат" (како што имплицираш) само со професорската плата се добро малцинство меѓу тие кругови.

Еве јас можам да ти кажам за професори во средно образование од прва рака... Имаа практично одмор истиве од 1.5 година. 2 саати на ден лабаво вклучување на компјутер, млатење празна слама.

Спомнав погоре, времето како битна варијабла во целава приказна практично не се спомнува.
За сега не знам за до 2015 коа бев средно еден од професорите ни кажуваше дека зема професорска плата од 21к. Што значи тогаш касиерка во кам земала 15к. Со две професорски плати во семејство пак домашниот буџет не е ни приближно до 2000к евра.
 
Навистина не сум циничен, реален сум.
Автоматски споено мислење:



Велиш камуфлажа да им направам? Нема тоа да ми ја рани душата, сакам курчот вистински да ми биде. Вака скроз фејк, уште помизерно ќе се чувствувам. Кај сиромашен, уште фејк. Вака сум барем автентично сиромашен.
Пер зошто мора секогаш мене да ме тролаш, буљаш си да знаеш.
 
Тоа дека си без визија. Да имаше ќе научеше некој занает, кладилница, крипто, плочки лепење.

Пробав плочки да лепам, ама многу ми се нежни рацете, како на девојче. Се пресеков два три пати и се откажав. И во крипто се пробав, ама отворив кајгана и научив дека бил бабл, па се уплашив и си ги кеширав 50те евра кој ги вложив. Човек без визија, можев да ги вложам во Doge и сега да купувам во Веро, ама лузер. Од кладење појма немам, плус велат голем порок било кладењето.

Ништо, ќе си седам во администрација како попче и ќе им се радувам на 21 000 денари секој први. Толку се можностите.
 
Ништо, ќе си седам во администрација како попче и ќе им се радувам на 21 000 денари секој први. Толку се можностите.
Абе и за таму си пасивен. Фали визија. Избори се на шалтер нешто да те стават, customer facing, да можеш да вршиш работа на луѓе за надоместок.
 
Жал ми падна. Тажно е да пазаруваш у кам.

Не е толку страшно, нескафето е 70 денари поефтино во кам. Плус има еклери и падобраниња, топ се. Ама чувството на лузерство е неодминливо.
 
Во ред е, некогаш ќе се договориме колку пари се доволни за пристоен живот.

Еве да речиме дека се договоривме за 2000е.
За едно семејство.

Може да поразговараме како ќе дојде обичен човек до тие пари?
Државата создава точно 0 услови за старт ап, нула за преквалификација на кадар, нула за потикнување иновации.

Погоре од последното не се важат тие што беа за тренирање магариња.


И не ги лажете луѓето дека ако имаат визија и храброст ќе успеат сами, пошо во Македонија нема.

Ако немаат подршка од блиски и тоа финансиска тоа соништа, моништа е млатење слама.

Корупција владее кај нас и крај, кој имал среќа се снашол, кој немал и со факултетска диплома работи во фабрика на линија и по маркети сече салами.
 
Абе и за таму си пасивен. Фали визија. Избори се на шалтер нешто да те стават, customer facing, да можеш да вршиш работа на луѓе за надоместок.

Абе на шалтер сум, каде што се издаваат посмртници. Никој не дава мито за тоа, ме гледаат како јас да сум крив што некој им умрел. У курац.
 
Абе на шалтер сум, каде што се издаваат посмртници. Никој не дава мито за тоа, ме гледаат како јас да сум крив што некој им умрел. У курац.
Тоа место плачи за консултантски услуги, во сефот те ставиле.
 
Абе на шалтер сум, каде што се издаваат посмртници. Никој не дава мито за тоа, ме гледаат како јас да сум крив што некој им умрел. У курац.
Ебате среќа, ебате. Ај потсетиме кога ќе дојдат нашите, да те шифтнеме бар на родени. Идеално пасоши, ама да не ти ветувам тоа.
 
  • Хаха
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom