Можеш, моментот е да не дојде НИ ДО ПРАШАЊЕ дали ти тие патики од 100 евра ќе можеш да си ги приуштиш.
Мислам дека е крајно време да се престане со бумерскиот менталитет: "Абе он аздисал патики од 100 евра ќе купува еее... Имаш гром патичиња во Ваикики и на пазарче за 1500 денари, има да ги убиеш од носење хехехе."
Кој сака да носи патики од 20-30 евра, слободно, широко му поље. Јас за пристоен живот сметам дека една индивидуа треба и мора да има да си дозволи квалитетни обувки и квалитетна облека.
На крај на денот лични преференции се во прашање, мене ми е битно патиката да е удобна, стабилна и убава на изглед, на кого не му е битно негов проблем. Дури и да ги исфрлиме ставките од погоре за удобност, стабилност и убавина, што ако на пример сакам да носам ИСКЛУЧИВО Најк? Или хоби ми е трчање/пешачење? Не можеш да се бавиш со ова хоби ако не вложиш во добра патика, ако грешам исправи ме.
Така да ќе мора да се разграничат некои работи, патики од 300 евра и iPhone 15 Pro Max се луксуз, а патики од 100 евра ТРЕБА да бидат нешто најнормално.
Зависи каде планираат да шетаат госпоѓата и господинот. Ако под странство подразбираме 3 пати годишно одење во Барселона, луксуз е. Или ако младиот пар сака да шета нонстоп Париз, Лондон и Амстердам, дефинитивно ќе мораат да се спуштат на земја.
Ама "скокање" до Белград, Софија, Солун барем еднаш годишно треба да е нормала.
Треба да сфати населението во Нордистан, а истотака и некои од коментаторите на темава дека многу работи кои се сметаат за луксуз, воопшто не се луксуз, само ние сме премногу јадни... =(