Забрана на пластични кеси, од 1 декември биоразградливи кеси по цена од 15 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
И ќе треба тие парите од кесите газдите управителите на фирмата продавница да ги уплаќа на сметка во фонд за животна средина?

 
Ова е само нов данок, ништо друго. Проблемите со загадување на водите, воздухот и почвите останува, а тие се најголеми проблеми за нас. Ние сме многу мали загадувачи со пластика.
 
15ден ке оделе у тој некој фонд а трошокот за кесите кој ке го надомести?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Сега сите фирми на храна ќе почнат во маркетиве да праваат акции купи три производи добиј торба.

Не дека и предходно немало такви акции ама сега мислам ќе биде како никогаш до сега.
 
Сега сите фирми на храна ќе почнат во маркетиве да праваат акции купи три производи добиј торба.

Не дека и предходно немало такви акции ама сега мислам ќе биде како никогаш до сега.
Има народ Торби, ама друго е работата, Ѓубре со што ќе фрлаш ???
Веќе ретко кој користи оние ОГРОМНИ канти соголеми црни кеси па на 3 дена губре да се фрла, туку мали кантички и мали кеси и често се фрла...
А она имам видено носи канта , во неа нема кесе туку ЈА ТРЕСЕ во КОНТЕЈНЕР директно :facepalm:, ѓубре лета на сите страни, замисли па Летно време му се усмрдува на балкон кантата со ѓубре.... а има и што ги тресат платнените вреќи од прастарите правосмукалки :facepalm:
 
А што ќе прават малите бизниси/дуќанчиња? Пример кога и да одам во бурекџилница бурекот ми го ставаат во (неразградлива) ќеса.
 
А што ќе прават малите бизниси/дуќанчиња? Пример кога и да одам во бурекџилница бурекот ми го ставаат во (неразградлива) ќеса.
Добро тоа е од сега, порано ти витка во хартија и ајт чао, па ти снаоѓај се ;) Ај од Житолукс беше попосен, ама од Ванила еден мрсен бурек, пола и хартијата ја изедеш додека јадеш:pos: а другата половинка си ја носиш во рака до првата корпа!
 
Овие се мајстори да ти го искомпликуваат животот :ROFLMAO:
 
Во некој од Тинекс маркетиве во Скопје Vegeta Podravka ќе ставаат машина за кеси што кога ќе ставиш кеса ќе добиеш торба.
 
Она што најмногу иритира (ебаго иритирало, куро ме боли) е ставот на Македоништинава по темиве поврзани со работи како загадување.
Комплетна неписменост на темата. Демек хехе. Сега че кажам нешто глупо и курназ че се прам.
Станав сабајлево -15 степени, не постои глобално затоплување - твит на саканиот Трамп.
Исто ко да сум рекол - станав сабајлево, на банка имам милиони, не постои сиромаштија.

Продолжете така бачина. Солидни 30 години на грешната страна од Историјата. Far cry сте од Југословенските Македонци што го пошумија Мариово и сега кога одиш таму се чувствуваш како да си во самиот Рај на земјата - воздухот мириса на јадрански Бор.
Во иднина Хрватска и Словенија ќе бидат уште подалеку од нас, со нивните ставови и возрасен пристап на оваа тема. Вас пак ќе ви е крива некоја треата злобна голема сила. Гарант.

Да, се што е ново и секој обид за промена се исмева овде. Затоа и 30 години ништо не е сменето.
 
Текст од Фокус.мк
Јас сум за целосно да се укине онаа одвратна пластична или биоразградлива кеса по маркетиве, бутици и друг вид продавници. Да мора да си нудат хартиени/картонски кеси плус да си продаваат оние шиените торби па ќе купиш такви и ќе си ги користиш повеќе пати додека не ти се оштети.
1638225835355.png
...иди во купатило и види колку пластика имаш и тоа од таа дебела пластика од амбалажа за течен прашок за перење, омекшивач, санитарни средства, колку пластични шишиња од минерална вода, па дошло зорт од загадување од некое тенко најлонско ќесе?
 
Последно уредено:
Поредниот малоумен потег на власта, move along, какви морони тоа страшно нешто.
 
Генијален начин како да се брцне во мојот и твојот џеб.

Океј, еве ќе нема „најлончиња“. Поточно ќе ги плаќаме 15 денари „еколошка такса“ дур државата увезува ОДПАД за ГОРЕЊЕ.

Следно, тотална забрана на пластични флаши?
Значи пијалок строго во Стакло.
Пластични садови и пакувања - НЕ. Строго метал.

Да си ја зачуваме животната средина.


п.с Предлог закон, 20 денари неповратен данок на секој купен пијалок во пластична флаша! Нормално директ во буџет на Република Нашата Земја.

Абе и коливе многу загадуваат, дај да го зголемиме дано...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom