Забрана на пластични кеси, од 1 декември биоразградливи кеси по цена од 15 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум за целосно да се укине онаа одвратна пластична или биоразградлива кеса по маркетиве, бутици и друг вид продавници.
Тоа е само низ земјите на ЕУ... Кај нас уште се користат со двојна намена првата намена е кога пазариш па на каса ќе ти ја понудат (единствената пластична опција) кесата а втората намена е кесата со која си ги донел твоите производи потоа се користи за во канта за фрлање отпадоци. Бааѓи штедливо си тераме :pos:
 
...ова не е ,,изум,, на владата, таа нема капацитет да носи поважни мерки во аерозагадување, а не пак ова.
... први ги спроведуваме дебилниве насоки од ЕУ, ем не сме во ЕУ, ем не не' есапат ни 2%, а први им се удвараме со вакви промени кои важат за ЕУ, не за нас, исто како што го има секаде ЕУ знамето до државното знаме, а не сме во ЕУ :toe:
 
Последно уредено:
Генијален начин како да се брцне во мојот и твојот џеб.

Океј, еве ќе нема „најлончиња“. Поточно ќе ги плаќаме 15 денари „еколошка такса“ дур државата увезува ОДПАД за ГОРЕЊЕ.

Следно, тотална забрана на пластични флаши?
Значи пијалок строго во Стакло.
Пластични садови и пакувања - НЕ. Строго метал.

Да си ја зачуваме животната средина.


п.с Предлог закон, 20 денари неповратен данок на секој купен пијалок во пластична флаша! Нормално директ во буџет на Република Нашата Земја.

Абе и коливе многу загадуваат, дај да го зголемиме дано...

Горење медицински отпад од Италија е наша децениска традиција со која треба да се гордееме.
 
Горење медицински отпад од Италија е наша децениска традиција со која треба да се гордееме.
И ти си прав тука...

Ај може за едно 30 години, после 30 „Успешни“ „еколошки“ проекти може ќе им текне да ги исчистат и депониите и да вложат во рециклирање. Па може и ќе се исчистат и реките. Може и околу квалитеот на воздухот ќе поработат.
Ама чекај, прво да соберат доволно финансии од Еколошкава такса и следните што ќе следат. :)
 
Само вака ќе влеземе во европска унија и никако другче.
ЕУ забранува и обилни порции по кафани, ресторани...дури и обилни салати...се знае едно парче мевце малку салата и толку, обавезно инокс садови и никако скара на дрво или јаглен, ова кај нас сеуште некако не се почитува, ама кај да е ќе почнат,
 
Постојано со торба си одам на пазарување и ова воопшто ништо не ми менува. Па барем да се некои квалитетни кеси овие што ги повлекуваат да ти биде криво. Заменуваат едно гомно со друго, па уште 15 денари ќе биле новите еколошки. Треба да си ненормален таква кеса да платиш 15 денари. Ако им е толку за екологија, постојат многу други мерки кои би придонеле ако се превземат од другите развиени земји.
 
Зошто мислам дека некоја ваква мерка пробаа да воведат пред некоја година па за промена неславно заврши?
 
90 проценти од отпадот се наоѓа по улициве на мртвава држава тие ќе сменеле нешто со оваа глупост. Од грешка во грешка влегува владава и мислам дека само тонеме од нивната неспособност. Океј е да исклучиш пластични кеси кога веч другите работи ти се средени. Океј е да има еколошка свест која реално ја нема 90 проценти од народов, кај мене в маало уште ѓубето го фрлаат од прозор ама битно 15 денари кеса.
 
Не ми е јасно зошто сите го критикувате поскапувањето на пластичниве кеси. Мислам дека исто така е промашена дебатата што е подобро: пластична или хартиена. Штосот е во тоа кесите да се користат што е можно повеќе пати. Користењето на хартиени кеси нема да го намали загадувањето и трошењето на енергија ако секој ден купувате нова кеса. Некој и спомна дека енергетски гледано произвотството на хартија има поголеми побарувања а со тоа и е понеисплатливо од пластиката. Пластиката од друга страна скоро и да не се разградува а и потешко се рециклира.
Со ваки мерки или ќе се научиме да си носиме платнени торби (има и мрежести вреќулиња за зеленчукот и овојето) или една иста кеса ќе користиме дури не се распадне или ќе плаќаме за луксузот кои ни ние, а ни планетева неможеме да си го дозволиме веќе.
Се сложувам, има многу други побитни работи кои треба да се решат. Сепак.. свеста за одржливо живеење нема да ни никне дури и ако се решат тие проблеми.

Следно, тотална забрана на пластични флаши?
Значи пијалок строго во Стакло.
Пластични садови и пакувања - НЕ. Строго метал.

Постојат ресторани и кафетерии кои ги охрабруваат муштериите доколку сакаат да си си земат пијалок со себе да си донесат своја чаша (керамичка, стаклена, пластична, на расклопување), или да си позајмиш од кафичот. Кога ќе ја вратиш чашата ти ги враќаат и паричките што си им ги оставил како депозит.
 
Последно уредено:
Законов е „ние сме поголеми католици од Папата“ или пак „видела жабата каде што го коваат коњот и таа се напрчила“
Првично Законот ќе важи само за една половина од Македонија, а онаа другата половина од Македонија, каде што владеат посебни Закони, таму ќе важи омилената фраза на еден наш премиер - „мало сутра“.
Ние се решивме, уште кесите останаа:свиркам:

Во министерството за животна средина (под палката на шипацот од ДУИ) ќе биде отворена посебна сметка каде што ќе се слевале средствата. За што ќе се користат тие собрани средства? Кој ќе ги контролира тие средства? Како ја оформија таа фамозна цена од 15 денари по кеса?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom