Јас сум релативно нов коа станува збор за Маракана, ама ќе пишам ред - два, три.
Гадфлај Баба, не ти пеел Серпико, да па видиш атмосфера у Маракана (да, и тоа се случи еднаш, Бени му го даде микрофонот на Серпико наш форумски, и тој ја испеа Крени према мени.)
Најлош бенд што свири у Маракана се ВИП (стари досадни кумановци).
Останатите денови има поарни бандови ама по којзнае кое правило минатиот викенд беа и в петок и в сабота (ми олесна коа го дознав ова, инаку немав пари за искачање)
Ентериерот како што иам слушано од стари рокеришта, не е сменет откако е отворено местото.
И кај тоа 45 степени внатре, па Маракана има најбољи клима систе, се отвора сфе што е врата или прозор и фуче промаја од сите страни.
Во Маракана иам наидувано на прави рокеришча (по рокери и од Сусаро, ЉОЉ) ама и на тешки случаи од типот на цурици и сељачишта кои ги одбиле на врата у Колосеум па ај у Маракана, таму не те враќаат на врата.
Ова лето само 2 пати беф у Маракана, првиот пат ми беше тиња, (свиреа ВИП) не помогна ни лепо друштво, ни ништо, а вториот пат беф на Бени, и околу него се измењаа неколку момци на тапани, гитари па и на микрофон, најдобра атмосфера откако идам у Маракана. А и плус имаше многу драги луѓе таму и некои стари забегани рокеришча па и млади мошне интересни ЕМО деца.