РК Алкалоид

  • Креатор на темата Креатор на темата Vardarecc
  • Време на започнување Време на започнување
Каква мувла приказна испаѓа полека овој Алкалоид. Се фураше приказна као за младите, за минутажа, за доброто на репката а на крај се потпишуваат фаци као Никола Марковски а посебно факинг Благојче Трајковски.Ужас.
 
Приказната за младите беше убав маркетинг потег при формирањето на клубот. Праксата покажа дека Благојче Трајковски со трансферов се промовираше во стандарден репрезентативец. Трета опција, но сепак сигурен за ЕП/СП додека е во клубот на прецедникот и селекторот. Чаневски, Ѓорѓески, Кизиќ, Гогов... јбг тоа е тоа.
 
За Никола Маркоски океј, бидејќи уште игра за репрезентацијата и имаше релативно добра сезона. Ама не ги сфаќам со тоа што го донесоа Благојче (ај еден постар во Маркоски, ама па Благојче... ај ако не и Колев нека го земат). Галевски треба да добива шанса, детето засега брани супер. Ако сакаа да земат голман плус, ете имаа преку Ѓорѓевски, можеа да го земат и Ивановски - доколку игра (ако паметот му е во играње).
 
Каква мувла приказна испаѓа полека овој Алкалоид. Се фураше приказна као за младите, за минутажа, за доброто на репката а на крај се потпишуваат фаци као Никола Марковски а посебно факинг Благојче Трајковски.Ужас.
Стручњак, Никола Маркоски моментално е најдобар македонски пикер, а Благојче Трајковски го носат затоа што тројцата голмани што ги има Алкалоид се деца и мора да имаат еден поискусен кој патем речено имаше одлична сезона во еурофарм 2. Поздрави го уште еднаш факинг Санталов.:свиркам:
 
Мора да имаат по некој искусен играч ако сакаат да опстанат во лигата, ништо страшно. Огромна е разликата во квалитет меѓу прва лига и супер лига.

Ништо не прават ако отпаднат сезонава и пак се вратат назад во прва. Кого ќе успеат да привлечат и како ќе ги задржат играчите како Серафимов, Ѓорѓиев, Симоноски, Стојковиќ, Галевски и др. ако за една сезона се вратат едно скалило назад?

Уште па ако имаат амбиции да дојдат до место кое води во Европа, нема друг начин. Ете го и вториот тим на битолчани, ги имаат Трајковски, Џукиќ, Папата... па и Димитриоски и Арсеновски се играчи кои имаат искуство од неколку сезони играње во супер лига како и СЕХА и ЛШ.
 
Последно уредено:
Ме интересира што странци ќе донесат. Верувам дека сакаат да го фураат тој македонски концепт, ама најверојатно барем 2-3 играчи од страна ќе донесат за да се борат за трето место.
 
Види, ако имаш концепт младите да ти бидат основата на тимот и да добиваат максимална минутажа тогаш не гледам зошто Благојче Трајковски да зема минутажа на млад и полетен голман кој ако ја нема во Македонска Лига ондак не знам кај би ја добил. Некако не ми се поклапа тоа. Е сеа ако Благојче и Марковски се статисти ( во што не верувам) ондак ајде ок.Полека од тим кој збореа дека ќе биде база на која ќе им се дава шанса на младите станува тим со амбиции за Европа, а едно со друго не иде. Матна е тука работава, ама ок.
 
Ме интересира што странци ќе донесат. Верувам дека сакаат да го фураат тој македонски концепт, ама најверојатно барем 2-3 играчи од страна ќе донесат за да се борат за трето место.
Не верувам дека ќе донесат странци, но ајде да видиме.

Има до некаде логика да се има 2-3ца поискусни покрај младите, ама тоа е максимум ни еден плус од тоа.

Инаку баш и не се согласувам дека им требаат овие играчи за да опстанат. Ќе опстанеа секако. Ова според мене е обид како со комбинација на млади играчи и по некој репрезентативец да стигнат до трето место.

Алкалоид очекувам да биде од ранг на Пролет, Бутел, Охрид, Пелистер 2 идната сезона. Можеби и Тиквеш.

П. С. Пишав еднаш, мене приказната со Алкалоид ми изгледа на нов обид да се креира Металург формулата.
 
Ќе видиме како ќе го изменаџираат целиот процес. Се надевам дека барем на оние позиции каде што имаат вишок, ќе праќаат играчи на позајмици или ќе ги остават да си го бараат чарето на друго место.

На пивот покрај Маркоски имаат уште три играчи: Симоноски, Ѓеорѓиевски и Стојковиќ. На гол покрај Трајкоски ги имаат: Галевски, Ерманоски и Штаковски. На среден бек ете им доаѓа Митев, а веќе ги имаат Ѓоргиев и Илиески.

Да видиме времето што ќе каже.
 
Ако не земат 2-3 странци, ќе се најдат во плеј аут... Малце ги преценивте како клуб или пак можеби ја подценивте лигата.
Сите екипи се засилуваат интензивно, и Бутел и Охрид, Пелистер 2 веќе треба да доведи 3ца нови играчи плус голман, Тиквеш го зголемува буџетот а има најава и за приватен сопственик и во Радовиш.
Нека не ви ствараат лажна слика резултатите од втората лига.
Може ќе скинат некок бод тек-тук, но без посериозни ангажмани тешко до плејоф а не камоли до 3то место.
 
И јас мислам исто. Не заборавајте дека буквално истиов тим, само без Серафимов, но со Ѓорѓовски, Петковски и Цветановски не успеа да опстане во лигата.
 
Не се согласувам. Прво, сега ќе бидат 2 години поискусни што на таа возраст не е мала работа. Второ, ако споредуваш со Голден Арт КЛ7, со новите засилувања во однос на таа екипа има далеку повеќе плус отколку минус (Серафимов, Н.Маркоски, Трајкоски, Митев, Младеновиќ, може ќе има уште некој).

Нема врска со потценување на лигата, лигата би требало да е доста солидна, си фатија шема клубовите, има паричка, се работи далеку посериозно од на времето. Алкалоид и оваа сезона ако играа суперлига ќе беа по моја проценка меѓу 5то и 8мо место. Идната очекувам да се појаки, со тоа што можно е да има уште 1-2 клуба кои ќе направат чекор напред.
 
Ќе видиме како ќе го изменаџираат целиот процес. Се надевам дека барем на оние позиции каде што имаат вишок, ќе праќаат играчи на позајмици или ќе ги остават да си го бараат чарето на друго место.
Идејата за салата во Автокоманда е да стане нов дом на Алкалоид, за сите нивни екипи за кои досега тренираа и ги играат натпреварите во СЦ „Борис Трајковски“. Се споменува дека Алкалоид покрај тимот во Супер лигата ќе пријави и тим во Прва лига, заедно со тимови во младите категории. Логистички, добивање на салата во голема мера ќе им го олесни функционирањето и тренирањето, што во моментов е и еден од најгорливите проблеми за многу клубови – недостаток на термини за тренирање.

Го коментиравме овој момент пред некој период, и навистина е логичен потег да имаат втор тим на сета таа база од млади играчи кој ги имаат во тимот.
Автоматски споено мислење:

Ако не земат 2-3 странци, ќе се најдат во плеј аут... Малце ги преценивте како клуб или пак можеби ја подценивте лигата.
Сите екипи се засилуваат интензивно, и Бутел и Охрид, Пелистер 2 веќе треба да доведи 3ца нови играчи плус голман, Тиквеш го зголемува буџетот а има најава и за приватен сопственик и во Радовиш.
Нека не ви ствараат лажна слика резултатите од втората лига.
Може ќе скинат некок бод тек-тук, но без посериозни ангажмани тешко до плејоф а не камоли до 3то место.
Со моменталниов ростер кој го има Алкалоид мислам дека е главен кандидат за трето место наредна сезона.
Бутел, Охрид (овие пак скоро цел тим го распуштија) и Пелистер 2 влегуваат ослабени со изменет ростер во нареднава сезона.
Но ќе видиме и допрва како ќе се засилат останативе екипи.
Прва лига не е мерило во секој случај да, ама пак во купот го демолираа Радовиш со некој 19 разлика, и пружија солидна партија со првиот тим на Пелистер кога загубија во Битола со 6 разлика мислам.
Тешко дека ќе можи да скинат бодови од Вардар или Пелистер, најмногу ради тоа што следна сезона, (после поразот на Вардар од Пелситер 2), двеве екипи далеку попажливо и без потценување ќе играат со подобрите екипи од Супер лигава.
 
Последно уредено:
Идејата за салата во Автокоманда е да стане нов дом на Алкалоид, за сите нивни екипи за кои досега тренираа и ги играат натпреварите во СЦ „Борис Трајковски“. Се споменува дека Алкалоид покрај тимот во Супер лигата ќе пријави и тим во Прва лига, заедно со тимови во младите категории. Логистички, добивање на салата во голема мера ќе им го олесни функционирањето и тренирањето, што во моментов е и еден од најгорливите проблеми за многу клубови – недостаток на термини за тренирање.

Го коментиравме овој момент пред некој период, и навистина е логичен потег да имаат втор тим на сета таа база од млади играчи кој ги имаат во тимот.
Автоматски споено мислење:

Со моменталниов ростер кој го има Алкалоид мислам дека е главен кандидат за трето место наредна сезона.
Бутел, Охрид (овие пак скоро цел тим го распуштија) и Пелистер 2 влегуваат ослабени со изменет ростер во нареднава сезона.
Но ќе видиме и допрва како ќе се засилат останативе екипи.
Прва лига не е мерило во секој случај да, ама пак во купот го демолираа Радовиш со некој 19 разлика, и пружија солидна партија со првиот тим на Пелистер кога загубија во Битола со 6 разлика мислам.
Тешко дека ќе можи да скинат бодови од Вардар или Пелистер, најмногу ради тоа што следна сезона, (после поразот на Вардар од Пелситер 2), двеве екипи далеку попажливо и без потценување ќе играат со подобрите екипи од Супер лигава.

Уште еден од негативните ефекти од проширувањето на лигата. Тие млади играчи кои ќе играат во "прва лига" ќе имаат многу послаби противници. Со зголемувањето на суперлигата, првата лига е осакатена....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom