ЕУРО 2020 - Група Д (Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата?

  • Вкупно гласачи
    46
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
хахахахаха тој првиот, сака да глуми фраер демек најнервозен од сите ќе ја шутира масата - ја промаши, измести се во него, се обрука и со наведната глава си се врати назад :pos:
 
Модриќ е генерациски талент, ретко излегуваат такви играчи. Симпатични ми се хрвативе, се надевам дека ќе излезе некој друг со барем пола талент од Лука ама неговото заминување ќе биде голем удар, како и да рачунаш.
Имаше и некој лик од Ренџерс за Хрватска, и еден од Шкотска баш на Хемпден Парк :)
Секако, Модриќ се раѓа еднаш во генерација, но муабетот ми беше дека во случајнот на Хрватска каде што Динамо е производен погон на играчи не можеш тек така да отпишеш рандом играчи од Динамо.

Инаку тоа беше Баришиќ, левиот бек што го замени Гвардиол. Шкотите колку играчи имаа од Селтик и Ренџерс во оваа екипа? :cautious: Некако малку ми се чинат.
 
Braveheart срце лавје, велики курчеви у буљу лоше су за твоје здравље!
 
Секако, Модриќ се раѓа еднаш во генерација, но муабетот ми беше дека во случајнот на Хрватска каде што Динамо е производен погон на играчи не можеш тек така да отпишеш рандом играчи од Динамо.

Инаку тоа беше Баришиќ, левиот бек што го замени Гвардиол. Шкотите колку играчи имаа од Селтик и Ренџерс во оваа екипа? :cautious: Некако малку ми се чинат.

МекГрегор што го даде голот е од Селтик, се мотаа некои ликови од Мадервел и Хиберниан, настрана пола репка игра во Чемпионшип. Форест не влезе во игра воопшто, селекторот на Шкотска се обрука тактички, ни на полувреме не им одговараше 1-1.
Од Ренџерс освен Дајкс нема друг.
Грифитс беше изоставен од Селтик на сметка на дрвото неделкано Дајкс кој не се состави со топка.
Што е тој Гваридол, хрват или натурализован?
 
Gvardiol е старо Хрватско презиме, а Јошко уште постаро име, така да 100% е Хрват. Инаку имаше еден Бразилец кој играше за Хрватска едно време.
 
МекГрегор што го даде голот е од Селтик, се мотаа некои ликови од Мадервел и Хиберниан, настрана пола репка игра во Чемпионшип. Форест не влезе во игра воопшто, селекторот на Шкотска се обрука тактички, ни на полувреме не им одговараше 1-1.
Од Ренџерс освен Дајкс нема друг.
Грифитс беше изоставен од Селтик на сметка на дрвото неделкано Дајкс кој не се состави со топка.
Што е тој Гваридол, хрват или натурализован?
Хрват е. https://en.wikipedia.org/wiki/Joško_Gvardiol
Јошко роден во Загреб, но со потекло од Далмација (што и се гледа по физиономијата).

Има доста такви италијански/латинизирани презимиња по Хрватска, само меѓу фудбалерите бивши и сегашни на памет ми паѓаат одма Росо, Сантини, Соса, Гвардиол.
 
Секако, Модриќ се раѓа еднаш во генерација, но муабетот ми беше дека во случајнот на Хрватска каде што Динамо е производен погон на играчи не можеш тек така да отпишеш рандом играчи од Динамо.

И Хајдук не е толку лош во вадење на фудбалери, како што делува поради лошите резултати и турбуленциите што се случуваа таму.

И сега во оваа репрезентација ги имаат Влашиќ, Пашалиќ, Брадариќ, Перишиќ.

Моментално нивниот јуниорски тим изгледа има и поталентирани фудбалери од тој на Динамо. А и некако се забораваат промашувањата што излегоа од Динамо како Халиловиќ, Чориќ...

Не мислам дека Хајдук ќе го преземе приматот од Динамо во создавање на фудбалери, но има деца и во Хајдук, но клубот не знае доволно да ги исфрли во прв план.
 
Апсолутно, но тие прерано заминуваат и веќе додека стигнат во репрезентација се неколку години играчи на други клубови.

Хајдук моментално е првак во сите младински категории, а јас би подвлекол едно име на кое што треба да се пази во наредните години таму - Стипе Биук. 2002 годиште (26ти декември, скоро па 03то), оваа сезона му беше прва сениорска и во 9 натпревари даде 3 гола и 3 ассистенции. Имаше деби настап за Хрватска у-21 со Шпанија во 1/4 финале на ЕП и одма избори пенал за продолжетоци.

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom