ЕУРО 2020 - Нокаут фаза

Кои репрезентации ќе стигнат до финалето на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Групната фаза на ЕУРО 2020 беше комплетирана синоќа, во најефикасниот, а многу веројатно и најинтересниот ден на Европското Првенство до сега. За повеќето репрезентации само обична групна фаза, за нас со посебно значење бидејќи ја имавме честа да ја гледаме Македонија за прв пат на едно големо фудбалско натпреварување.

За жал нашите репрезентативци ги загубија сите три натпревари од групата Ц и со тоа го завршија деби настапот на Македонија на ЕП. И додека дел од симпатизерите се горди на момците и борбеноста што ја покажаа, а друг дел малку разочарани, свесни дека можеше и требаше повеќе, фудбалот продолжува и допрва доаѓа "она вистинското".

Нокаут фазата на ЕУРО 2020 стартува во сабота, а подолу ги имате ждребот и деновите кога ќе се играат сите натпревари до крајот на ова ЕП.

Capture.PNG

Нокаут фазата ќе ја отворат Велс и Данска во 18:00 (на 26.06), репрезентации кои се обезбедија пласман како второпласирани од нивните групи. Велшаните, кои беа полуфиналисти на претходното ЕП настапуваат со нивниот класичен фудбал на досегашниот дел од турнирот - цврста одбрана и контра напади. Целта за Бејл и дружината е остварена, но со оглед на ждрепката, шансите да го повторат успехот од ЕУРО 2016 веќе изгледаат реални. Данска од друга страна, отвори со 2 порази после стресот што го доживеа целата репрезентација на мечот против Финска, кога нивниот најдобар играч и капитен - Кристијан Ериксен колабираше на теренот. Сепак, Ериксен е добро, а неговите соиграчи во 1/8 финале, после убедливата победа над Русија од 4-1 во последниот меч од групната фаза.

Победникот на овој меч во 1/4 финалето ќе оди на Холандија или Чешка. Холандија е една од трите репрезентации со максимален учинок на ова ЕП и најверојатно тимот кој на хартија има најлесен пат до полу-финале. Во напад одлични (а со 8 гола и најефикасни), во одбрана солидни - ваков е впечатокот од нивниот досегашен настап, но останува фактот дека "Лалињата" досега не се сретнаа со репрезентација која е доволно квалитетна да им направи посериозни проблеми. Чесите, од друга страна, се пласираа како трети од групата Д со 4 освоени поени (победа против Шкотска и реми со Хрватска). Имаат убави сеќавања од нивниот претходен дуел со Холандија на Европските првенства, кога генерацијата на Недвед, Барош, Росицки, Шмицер и Колер надополни негатива од 2-0 на ЕУРО 2004 за пласман во полу-финале.

Вториот полуфиналист во долниот дел од ждребот ќе се бара меѓу репрезентациите на Шведска, Украина, Англија и Германија. Швеѓаните играат одлично Европско Првенство досега. Храбриот перформанс во првото коло им донесе реми без голови против Шпанија, во второто коло рутински ја совладаа Словачка, а голот на Клаесон во 94та минута од мечот против Полска во третото коло им обезбеди прво место во групата Е и дуел со Украина во осмина-финалето. Украинците го фатија оној последен воз за нокаут фазата. Тие обезбедија пласман како четвртата најдобра од шестте третопласирани репрезентации, а за тоа беше доволна минималната победа против нашата репрезентација.

Дербито во осминафиналната фаза ќе биде дуелот на Вембли меѓу Англија и Германија. Репрезентацијата на Англија беше победник во групата Д со 7 освоени поени. Тимот на Саутгејт е еден од двата тима кои сеуште немаат примено гол на натпреварувањето, но со само 2 постигнати гола, "Гордиот Албион" е најнеефиксниот тим кој обезбеди пласман во нокаут фазата на ЕУРО 2020. Германците, исто така не оставија некој позначаен впечаток на турнирот до сега. Тие беа и на раб на елиминација, но голот на Леон Горецка во 84та минута во последното коло против Унгарија им го букираше билетот за Вембли на трикратните Европски шампиони. Ждребот наговестува дека овој натпревар може да биде "дуел за финале", а историски гледано Англија никогаш не ја елиминирала Германија од Европските натпреварувања.

Во горниот дел од ждребот Италија ќе отвори против Австрија на 26ти Јуни во 21:00. Италијаните, иако можеби имаа прилично лесна група, покажаа најстабилен и најорганизиран фудбал во групната фаза на ова ЕП. Тие се без пораз 30 меча, а немаат примено гол на последните 11 (нормално, вклучувајќи ги трите натпревари од групата А). Фантастична статистика, која може да им даде дополнителна самодоверба за завршниот дел од натпреварувањето. Австрија, обезбеди дуел со Италија после две рутински победи над Македонија и Украина во групата Ц. Тие се во оваа фаза од натпреварувањето за прв пат во нивната историја, а секоја наредна победа ќе биде само плус на целта која веќе си ја остварија.

Една од овие две репрезентации во 1/4 финале оди на Белгија или Португалија. Белгијците рутински ја издоминираа групата Б со 9 освоени поени и 7 постигнати голови. Но oстанува впечатокот дека досега не беа вистински тестирани. Лукаку и Де Брујне се во одлична форма, и ако блесне Хазард во претстојниот дел од турнирот "Црвените Ѓаволи" многу лесно може да се наметнат како фаворити за освојување на ЕУРО 2020. Бранителот на титулата, Португалија ја преживеа групата на смртта, а на нивните мечеви видовме најмногу погоди (7 постигнати и 6 примени гола). Сепак, како што стојат работите - ја чека пекол и во нокаут фазата од натпреварувањето. Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди и на ова ЕП, но за Португалците да го повторат успехот од 2016та, на Роналдо дефинитивно ќе му треба помош и од Диого Жота и Бруно Фернандеш, кои досега не се на висината на задачата.

Светскиот шампион Франција помина во 1/8 финалето како победник на групата Ф со 5 поени на нивното салдо. Французите во напад се стандардно добри, но покажаа несигурност во дефанзивата, што наговестува дека се и тоа како ранливи на ова ЕП. Сепак, остануваат како главни фаворити за титулата, а во следно коло се среќаваат со Швајцарија - меч кој треба лесно да го добијат. Швајцарците обезбедија пласман преку групата А, каде освоија 4 поени. Победа против Турција и реми против Велс беше доволно за тимот на Владимир Петковиќ да ја оствари својата примарна цел на ЕУРО 2020.

Во последниот осмина-финален дуел Хрватска и Шпанија ќе "ги вркстат копјата" во Копенхаген. Хрватите почнаа споро, со еден поен во првите 2 кола, но кога мораше да победат ја издоминираа Шкотска на нивни терен и сосема заслужено се најдоа во нокаут фазата на турнирот. Јасно е дека оваа репрезентација го достигна својот врв на СП 2018, но играат против една бледа Шпанија, која исто така е далеку од својата препознатлива форма. Шпанците завршија втори во групата Е и прилично се измачија во првите 2 кола кога постигнаа едвај еден погодок и ремизираа со Шведска и Полска. Сепак, на последниот натпревар покажаа дека можеби конечно ги надмнаа проблемите со реализацијата торпедирајќи ја Словачка со 5-0. Вреди да се напомене дека 2 од овие 5 гола беа дело на играчи на репрезентацијата на Словачка, а дали и колку може да се земе како репер за квалитетот на Шпанија тој натпревар, ќе видиме на 28ми Јуни во 18:00 часот.


Која репрезентација досега ве импресионираше вас најмногу? Кои се ваши фаворити за титулата и кои две екипи ќе стигнат до финалето на ЕУРО 2020? (гласајте на акетата)
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
1/4 финале
Италија - Белгија
Франција - Шпанија
Шведска - Англија
Холандија - Данска

1/2 финале
Италија - Франција
Англија - Холандија

И на крај во финале Англичаните губат од Италија сред Лондон :kafence:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
C'mon LAAADDDSSS!!!! C'mon!!!!!!!!!!
У реду је, смањи доживљај. :D

И ја сум за Англичаниве, али ко год да играат на првенство, ништо не прават. Квалификации ќе изиграат топ и на првенството ќе се мачат да постигнат гол. :(
 

Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.145
У реду је, смањи доживљај. :D

И ја сум за Англичаниве, али ко год да играат на првенство, ништо не прават. Квалификации ќе изиграат топ и на првенството ќе се мачат да постигнат гол. :(

... и за Украина навијам плус.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
^да се надоврзам на муабетов :D

 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.240
Поени од реакции
22.435

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Франција-Холандија финале.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Колку и да сакам Холандија да дотера до финале од поголемиве фаворити, сметам дека ептен spicy би било Франција - Англија финале да се деси. Може не од играчки, ама од културолошки аспект најјако би било.

А иначе сакам Холандија - Хрватска :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Италија, Франција, Холандија и Шведска според мене скоро сигурни 1/4 финалисти.

Белгија и Шпанија исто мислам ќе ги добијат Португалија и Хрватска иако на прв поглед изгледаат како дерби мечеви.

Велс - Данска може се' да биде, нема да е чудно да решаваат на пенали.

Англија - Германија сигурно најголемо дерби. Ако одам со проценти би рекол 60 - 40 за Англија. Обично Германците им се најтежок ривал ама сега се за нијанса поквалитетни плус играат на домашен терен.

А ако Англија продолжи може и до финале. Затоа во анкетата прогнозирав финале Франција - Англија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom