Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Се тоа ок, кој не сака не мора. Арно ама имаат потпишано договори со пенали, па сега откако нема правни пречки за формирање на Суперлига каење после ебење нема да помине.
 
Чим ПСЖ и сити не сакаат тоа значи дека супер лигата е добра ствар.

Поише му верувам на Перез што го почна проектот него на Саудиска Арабија.
 
Се тоа ок, кој не сака не мора. Арно ама имаат потпишано договори со пенали, па сега откако нема правни пречки за формирање на Суперлига каење после ебење нема да помине.
Јас сум за Супер Лига, уште повеќе во оригиналниот формат. Ама се додека државите со нивните влади се зад УЕФА, џабе е се што потпишале.
 
Јас сум за Супер Лига, уште повеќе во оригиналниот формат.
Ќе сакаш да појасниш зошто? Објаснување од типот дека ќе гледаме повеќе квалитетни утакмици не се прифаќа.
 
Еве ги овие што сакаат да го уништат фудбалот, се нудат да го популаризираат фудбалот, чија популарност е во опаѓање, на своја сметка.
 
20 години Перез трошеше колку сака никој не им беше блиску трошеше со помош и од држава и што не. Сега гледа дека неможе да се носи и ќе праел СЛ лол. Реал и Барселона се бетер од Арапиве да им дадеш 2 милјарди ќе ги спичкаат за 2 години ќе почнат по 300 милиони за плата да даваат на Мбапе и ко само за да бидат најаки.
 
Ќе сакаш да појасниш зошто? Објаснување од типот дека ќе гледаме повеќе квалитетни утакмици не се прифаќа.
Затоа што во сегашниот формат на УЕФА Македонија, Косово и Молдавија може да ги надгласаат Англија и Шпанија. И тоа креира медиокритетски натпреварувања во кои се додаваат екипи за да има повеќе од Источна Европа, и се измислуваат Лиги на Нации за да може ретардирани да се пласираат на Евро.
 
Какви медиокретски натпреварувања бе? Па си функционира системот, по 4 тима директ у ЛШ имаат најјакиве лиги, тие од Косово и Молдавија почнуваат од 1 коло претквалификации и треба да тепаат 2349 екипи за да се докопаат до групна фаза во ЛШ. Со ова Супер Лигава тимовите што ќе учествуваат во неа ќе ги боли стапот за домашните првенства и кое место ќе завршат таму, секако ќе си бидат пласирани во Супер Лигата и ќе лапаат огромен дел од колачот.
 
Не, сменет е форматот и ќе има испаѓање од наптреварувањето. Освен ПЛ фанови кои си имаат своја суперлига, и некои квази традиционалисти кои дркаат на традиции, романтики и стариот фудбал кој нема веќе никаква допирна точка со модерниот фудбал, не можам да разберам како може да има некој против оваа СЛ со новиов формат.
 
Ќе има испаѓање ама не како што моментално има туку само два тима од стар лигата ќе испаднат во голд лигата, два тима од голд лигата во блу лигата и десет тима од блу лигата ќе испаднат и нивните места ќе бидат надополнети со тимови кои ќе се квалификуваат преку домашните првенства. Ова значи дека за да гледаме некој дуел како Реал - Копенхаген на пример Копенхаген ќе треба прво да се квалификува во блу лигата, па да бидат еден од двата најдобри тима во блу лигата со што би се квалификувале во голд лигата и потоа и таму да бидат најдобри за да стигнат до стар лигата каде што би играле против најдобрите тимови. Не знам како ова би било добро за помалите клубови и за тимовите што не се од топ 5 лигите. Едино ако им се гарантира некој огромен финансиски буст.
 
Излегоа и Интер, Рома, Сосиедад, Севиља, Дортмунд, ПСЖ, Монако и Феенорд со известување дека ја одбиваат идејата за Супер Лига.

Ако земеме и дека другите англиски екипи ќе одбијат, реално уште Милан и Јувентус фалат од поголемоте клубови да се изјаснат.
 
Истиот хајп како и во 2021, кој траеше точно 2 дена, па штама 2 години, и сега пак. Сите англиски и германски клубови под дифолт се аут од ова сега за сега, како стојат работите, што секако е огромен минус, ПСЖ и Монако исто ја одбија оваа идеја преку официјални соопштенија, од Италија сега за сега официјално само Интер сеа пред неколку минути извадија соопштение дека исто, одбиваат, очекувам тоа и Милан во текот на денот да го напраи, Наполи се За, ама Наполи е пола тим пола ништо.

Све тоа убаво изгледа ама сега за сега тешко изводливо е, не може да очекувате дека туку така УЕФА ќе седи со скрстени раце, свесни сте и сами кои ќе бидат нивните загуби ако ги изгубат најголемите клубови и тоа натпреварување по квалитет падне на второ или трето место, зборам за ЛШ, за ЛЕ да не правам муабет. Имаат гарант 100 џокери во рукав, нарочито што сите национални првенства се под нивна закрила, што би значело дека претпоставувам еве, има простор и некоја регулатива која нив би им овозможила целосна суспензија за тие тимови да се натпреваруваат во своите лиги, одлука која самата лига би ја донела. Веќе имаше такви најави во 2021 ако памтите така да сигурен сум дека и овој пат истата закана ќе постои.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom