Криптовалути - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Долго време читав низ форумов за каде што како за купување крипто. Бидејќи немав акаунт на кајгана, направив сеа, само за да споделам инфо. Пробував на повеќе сајтови и апликации. Првично купив нешто на cex.io, прочитав некој ги имаше пишано, и бидејќи беше наједноставно земав таму и дел префрлив на binance. Зимаат добар процент од cex.io а и цените се полоши него на други, што ме натера да чепкам варијанти. Случајно на binance, бидејќи неможе со наша картица, открив дека при опцијата купување fiat со евра постои опција за купување со advcash. Отворив акаунт на advcash, тестирав со 15еу и има провизија мислам 3% на дополнување на сметката. Advcash бараат слика од картицата, а воедно и ти да се сликаш во портрет со неа. На binance пишуваше лимит минимум 15eu за купување и се обидов да земам ZIL. При купување на binance ја селектирав опцијата fiat со advcash, по што ми појави дека минимална трансакција треба да е 50еу. Дополнив уште 35еу и успешно купив за 50че. Трансакција на парите од advcash на binance беше без провизија. За withdraw уште не сум пробал, ама и таму повторно пишува дека нема провизија од binance на advcash. А од advcash на картица мислам дека е 3.5%. Ако откријам уште нешто ќе споделам.
 
@DakiVaki колкави се провизиите на cex.io и кои верификации ги бараат? Значи на binance сѐ на сѐ 3% провизии испаѓaат преку advcash?
 
@Limbo јас го користев овој месец да продадам bitcoin на cex.io и провизиите се 1% за продажба на bitcoin во евра. За повлекување на средствата на дебитна е 5 Евра фиксни плус 2.5% од сумата.

Не сум пробувал за депозит ама како што гледам е 3% провизија за депозит
 
што викате доџи коин ќе го биде? да купам неколку па здравје за 10 години кога ќе биде 10.000 долари да го шитнам
 
што викате доџи коин ќе го биде? да купам неколку па здравје за 10 години кога ќе биде 10.000 долари да го шитнам

Тоа ти е коин баш како за тебе.
 
Провизиите мислам дека се 3% за депозит на cex.io. Приметив и на цената на валутите удираат сатарот. Цената на binance ми изгледа повеќе реал тајм него на cex.iо. Cex.io имаат лесен и едноставен интерфејс за купување и продавање и без многу информации, ама изгледа намерно за да немаш доволно инфо за цената. Исто и останатиот дел не ми се свиѓа. Ова се однесува за апликацијата, сајтот не сум го гледал.
При купување на одредена валута укуцај 2000$ и ќе видиш колку ќе добиеш од таа валута, да речеме 4000 ХХХ. Идеш на прозорчето да продаваш и внесуваш 4000 ХХХ и добиваш 1700$. За да направам разлика се обидов во исто време да купам и да продадам по што пресметав разлика од 14.5% во цената. Така да...поради тоа почнав да барав други варијанти и случајно го видов тоа погоре што го пишав за binance. Kako што пишав 3% е за депозит на advcash си ги префрлаш на binance нема провизија и при купување или продавање имаш 0.1% на сумата што сакаш да ја купиш. За 100 евра пример, на advcash плаќаш 3еу провизија. купуваш ХХХ крипто за 100 еу, добиваш 99.9. при продавање истата провизија од 0.1%. Кога ќе решиш да вадиш на картица правиш withdraw од binance на advcash без провизија а од advcash на картица плаќаш 3.5%. Повлекувањето на картица уште не ми е тестирано.
 
Јас не знам зошто комплицирате со тоа купувањето. Во секој момент можеш да најдеш некој што продава крипто за кеш. Јас нудам крипто за кеш без провизија по цената на coinmarketcap на денот на купувањето.
 
Од каде да купам BTC и да го префрлам на Binance , а да нема голема провизија?
 
Што мислите за инвестирање во BTT? Додека е со мала цена?
Друга работа..зашто сите го тупат на интернет за тоа да не се чуваат крипто на exchange страни како cex.io или bianance туку на Wallet како exodus?
 
Отвораш акаунт на Binance. Го верифицираш акаунтот. Наоѓаш некој кој сака да размени биткоин за кеш. Му даваш кеш, тој ти пушта биткоин на твојот акаунт на Binance. Сега таму имаш средства и бираш што сакаш да правиш со нив. Можеш да седиш во биткоин, можеш да купиш било кој алт со биткоинот кој го имаш на акаунтот. Чекаш да порасне вредноста на тоа што си го купил. Го разменуваш во долари.

Малдиви или Кариби.

Има нешто нејасно?
Може да ми кажеш дали купуваш со МК лична карта оти мене ова ми го пишува на Coinbase: bitcoin is not tradable in your region.
 
Може да ми кажеш дали купуваш со МК лична карта оти мене ова ми го пишува на Coinbase: bitcoin is not tradable in your region.
Јас купувам со ит лична карта
Не видов дека мирко или славко зборат за coinbase
 
Функционира ли ова со мајнингот уште, и за 1 киловат/час колку може да се извади?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom