Долго време читав низ форумов за каде што како за купување крипто. Бидејќи немав акаунт на кајгана, направив сеа, само за да споделам инфо. Пробував на повеќе сајтови и апликации. Првично купив нешто на cex.io, прочитав некој ги имаше пишано, и бидејќи беше наједноставно земав таму и дел префрлив на binance. Зимаат добар процент од cex.io а и цените се полоши него на други, што ме натера да чепкам варијанти. Случајно на binance, бидејќи неможе со наша картица, открив дека при опцијата купување fiat со евра постои опција за купување со advcash. Отворив акаунт на advcash, тестирав со 15еу и има провизија мислам 3% на дополнување на сметката. Advcash бараат слика од картицата, а воедно и ти да се сликаш во портрет со неа. На binance пишуваше лимит минимум 15eu за купување и се обидов да земам ZIL. При купување на binance ја селектирав опцијата fiat со advcash, по што ми појави дека минимална трансакција треба да е 50еу. Дополнив уште 35еу и успешно купив за 50че. Трансакција на парите од advcash на binance беше без провизија. За withdraw уште не сум пробал, ама и таму повторно пишува дека нема провизија од binance на advcash. А од advcash на картица мислам дека е 3.5%. Ако откријам уште нешто ќе споделам.